Касандра (општина)

Општина Касандра
Δήμος Κασσάνδρας

Карта на општина Валта (Касандра)
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Халкидик
Гео. област: Халкидик
Население: 15.181 (2021)
Седиште: Валта
Нас. места: 36
Пошт. бр.: 630 77
Пов. бр.: 2399
Портал: kassandra.gr

Касандра (грчки: Δήμος Κασσάνδρας, Димос Касандрас) — општина во Халкидичкиот округ, Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е Валта (Касандрија). Сместена е на истоимениот полуостров, наречен и Палене.

Треба да се напомене дека постојат повеќе села што традиционално се сметаат за касандриски бидејќи принадлежеле на Касандриската епархија, но денес важат за солунски, бидејќи се значително поблиску до Солун, отколку до полуостровот. Најголемиот дел од местата во општината не се села во традиционална смисла, туку туристички места создадени во XX век.

Населени места

Карта со населени места на Општина Касандра

Карта на Општина Аристотел

Општината е создадена на 1 јануари 2011 г. со обединување на општините Касандра и Палини по законот „Каликратис“.[1]

Општинска единица Касандра

Византиската кула кај Метох Свети Павле.

Општинската единица Касандра ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Валта
  • град Валта (Κασσάνδρεια, Касандрија)
  • село Елани (Ελάνη) новос. турист.
  • село Сани (Σανή) новос. турист.
  • село Сивири (Σίβηρη) новос. турист.
  • затвор „Ксенофонт“ (Φυλακές Ξενοφώντος)
  • Општински оддел Атито
  • Општински оддел Каландра
  • село Каландра (Καλάνδρα)
  • село Буламација (Μπουλαμάτσια) новос. турист.
  • село Посиди (Ποσείδι) новос. турист.
Поранешната општина Касандра на картата на некогашниот округ Халкидик.
Етнографскиот музеј во Атито
  • Општински оддел Метох Свети Павле
  • село Метох Свети Павле (Νέα Φώκαια, Неја Фокеја) новосоздадено
  • село Пиргос Сани (Πύργος Σανή) новос. турист.
  • Каракалски затвор (Φυλακές Καρακάλλου)
  • Касандриски затвор (Φυλακές Κασσάνδρας)
  • Општински оддел Руски Метох
  • село Руски Метох (Καλλιθέα, Калитеја) новосоздадено
  • село Солина (Σωλήνα) новос. турист.
  • Општински оддел Касандрино
  • село Касандрино (Κασσανδρηνό)
  • село Калуцикос (Καλούτσικος) новос. турист.
  • село Касандрински Колиби (Μόλες Καλύβες, Молес Каливес) новос. турист.
  • Општински оддел Пазаракија
  • село Пазаракија (Κρυοπηγή, Криопиги)
  • село Евдос (Εύδος) новос. турист.
  • хотел Касандра Палас (Κασσάνδρα Παλλάς) новос. турист.
  • село Левки Перистера (Λευκή Περιστέρα) новос. турист.
  • Општински оддел Фурка
  • село Фурка (Φούρκα)
  • село Фуркански Пристан (Σκάλα Φούρκας, Скала Фуркас) новос. турист.

Општинска единица Палини

Поранешната општина Палини на картата на некогашниот округ Халкидик.

Општинската единица Палини со седиште во Ханиоти ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ханиоти
  • Општински оддел Капсохор
  • село Капсохор (Πευκοχώρι, Певкохори)
  • село Левкес (Λεύκες) новос. турист.
  • село Панорама (Πανόραμα) новос. турист.
  • Општински оддел Паљури
  • село Паљури (Παλιούρι, Палиури)
  • село Ксина (Ξυνά) новос. турист.
  • село Свети Никола (Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) новос. турист.
  • Општински оддел Полихрон
  • Општински оддел Света Петка
  • село Аја Параскева (Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви)
  • село Лутра (Λουτρά) новос. турист.
  • Општински оддел Цапрани
  • село Цапрани (Νέα Σκιώνη, Неја Скиони)
  • село Фрама (Φράμα) новос. турист.

Поврзано

Наводи

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.