Бешичко Езеро

Бешичко Езеро
Λίμνη Βόλβη
Карта на Бешичко Езеро
ПодрачјеСолунски округ, Егејска Македонија
Координати40°40′54″N 23°28′02″E / 40.68167° СГШ; 23.46722° ИГД / 40.68167; 23.46722
Слив{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}
1,247 км2 км2
Сливни земјиЕгејска Македонија (Грција)
Најг. должина21,50 км км
Најг. ширина6 км км
Површина{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}
70 км2 км2
Најг. длабочина22,3 м
Зафатнина0,94 км2 км3
Надм. височина37 м м

Бешичкото Езеро (во постари извори наречено „Бешикско Езеро“; грчки: Λίμνη Βόλβη, Лимни Волви) — езеро во Егејска Македонија (денес во Грција), дел од групата на егејските езера. Се наоѓа на 40 км североисточно од Солун. Водниот слив опфаќа површина од приближно 1.247 км2.Нивото на водата се менува во зависност од сезоната и врнежите. Водата се користи главно за наводнување и риболов. Езерото е сврзано преку реката Дервент со Лагадинското Езеро соседно на запад, со кое образуваат заеднички екосистем.

Езерото е наречено по околните населени места: Голем Бешик (Мегали Волви) и Мал Бешик (Микра Волви). По нив е наречена и околната Бешичка Планина.

Општината околу езерото се нарекува Бешик (Βόλβη).

Флора

Езерото е богато со различни водови фитопланктон. Шумите околу него се дабови, има и повеќе градини со овошја.

Фауна

Во езерото живеат 29 видиви риби,една од нив ендемска. Водоземните се барем 5 видови, а во и околу езерото се среќаваат 34 видови цицачи.Богатството на птици е презентирано со повеќе од 200 видови.Поважни што гнездат се:

Исто така езерото е важно место за прехрана на: розов (обичен) пеликан (Pelecanus onocrotalus; макс. 550 двојки) во летото, како и кадрав пеликан (Pelecanus crispus; 50+ двојки) за време на преселба. Зимно време можат да се видат цуцулест нуркач (Podiceps cristatus; 11.000 единки), големо штипче (Podiceps nigricollis; 100+ единки), црвеноглав кожувар (Aythya ferina; 30.000 единки), лиска Fulica atra; 20.000 единки) и понекогаш белоглава патка (Oxyura leucocephala)[1]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски