Округо бил основан во 1994 година, кога окрузите Наумбург, Небра и Цајц биле припоени.
Географија
Главни реки во округот биле Зале и нејзината притока Унштрут, и исто така на југот на округот Вајсе Елстер. Највисоката точка е Зелигенборнберг (355 м), најниската точка е во долината на Зале, во близина на Гозек (97,8 м).
Грб
Грбот прикажува градски ѕид во долниот дел, симболирајќи ги многуте замоци во округот, од кои го добил и името. Шестте зрна грозје ја симболизираат винската култура во областа околу Фрајбург, една од најсеверните вински области во Европа. Мечот и клучот на врвот се симболи за Св. Петар и Св. Павле, патроните на катедралите во Наумбург и Цајц. Овие два симбола се земени од грбот на округот Цајц, кога тој е припоен во Бургенланд.