Витенберг (округ)

Витенберг
Landkreis Wittenberg

округ
Знаме на Витенберг Landkreis WittenbergГрб на Витенберг Landkreis Wittenberg
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
СедиштеВитенберг
Површина
 • Вкупна1,929,89 км2 (745,13 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно123.888
 • Густина64/км2 (170/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.WB, GHC, JE
Мреж. местоlandkreis-wittenberg.de
Витенберг, зграда на плоштадот на пазарот.

Витенберг (германски: Wittenberg) — округ во источниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи се (од запад надесно) Анхалт-Битерфелд, слободниот округ Десау-Рослау, окрузите Потсдам-Мителмарк, Телтов-Флеминг и Елба-Елстер во Бранденбург и округот Северна Саксонија во Саксонија.

Историја

Во 1994, округот бил создаден со спојување на округот Јесен и мал дел од округот Грефенхајнихен. Во 2007, 27 општини од поранешниот округ Анхалт-Цербст биле додадени на округот Витенберг.

Географија

Главните реки во округот се Елба и нејзината притока, Шварце Елстер.

Грб

Грбот прикажува два меча, кои се симбол на фелдмаршалот во Светото Римско Царство. Оваа титула била подарен на грофовите од Саксонија, кои потоа го додале симболот на нивниот грб. Центарот на кнежевството Саксонија се наоѓал во сегашната област на округот.

Градови и општини

Округот Витенберг се состои од следниве градови:

  1. Анабург
  2. Бад Шмидеберг
  3. Косвиг
  4. Грефенхајнихен
  5. Јесен (Елстер)
  6. Кемберг
  7. Ораниенбаум-Верлиц
  8. Витенберг
  9. Цана-Елстер

По резолуцијата на 6 октомври 2005, како дел од општинската реформа, тогашните 27 градови и општини на поранешната заедница на општини Косвиг и Верлицер Винкел, порано во округот Анхалт-Цербст, биле додадени на округот Витенберг на 1 јули 2007.

Наводи

Надворешни врски

51°48′N 12°41′E / 51.800° СГШ; 12.683° ИГД / 51.800; 12.683