Владимир Ангеловски
Владимир Ангеловски - Дади | ||
Роден | 22 мај 1946 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 15 ноември 2012 Скопје, Македонија | (возр. 66)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Трст виа Скопје Викенд на мртовци Солунски патрдии Македонски народни приказни Хихирику Каца Пусто турско Училиште за кловнови Агенција осамени срца | |
Занимање | глумец | |
Роднини | Коле Ангеловски (брат) |
Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади (22 мај 1946, Скопје — 15 ноември 2012, Скопје[1]) — еден од најголемите македонски глумечки имиња. Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации. Роден глумец, но сосема нетипичен глумец. Цел живот во Драмски театар — Скопје, со излети на “осмиот колосек” наречен естрада. За себе велел дека е глумец уште од своето раѓање.
Животопис
Владимир Ангеловски - Дади е роден на 22 мај 1946 год. во Скопје како втор син во семејството на Борис и Костадинка Ангеловски. Татко му попот Борис имал свој црковен хор и прв ја направил комплетната црковна богослужба со ноти и на македонски јазик, а мајка му била учителка во основното училиште „Кирил и Методиј“. Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој В.А.-Дади има соработувано многупати.
Првите почетоци
Првите чекори кон својата идна професија Дади ги имал во Радио драмата, додека пак за првпат на сцената стапнал во 1962 година, кога го играл Оливер Твист кај режисерот Димитрие Османли во тогашниот Младинско-детски театар, денес Драмски театар - Скопје. И тука се раѓа неговата голема љубов кон театарот. Како гимназијалец во “Цветан Димов “ одел на голем број натпреварувања низ Југославија што всушност биле и неговите први естрадни почетоци. По гимназијата се подготвувал да оди на Академија во Белград, но тоа не се случило. Имено на Драмскиот театар во тоа време му биле потребни глумци па така Дади бил ангажиран во претставата „Принцот и просјакот“ и истата 1966 година станува и член на драмскиот театар.
Некои позначајни улоги
Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па сè до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии. Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија „Чук, чук Стојанче”, „Баш челик” и „Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите „Шеќерна приказна” и „Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Димитрие Османли, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”.
Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии”, во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Грозданоски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје“, „Битолски лакрдии” и многу дриги.
Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Крстева, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Катерина Коцевска во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење. Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот глумец кој 9 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.
Филмографија
Год. | Филм | Улога | Канал |
---|---|---|---|
1960-ти▲ | |||
1967 | Мементо ТВ-филм | ||
1967 | Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија | Дади | ТВ Скопје |
1969 | Волшебниот воз ТВ-серија | ||
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | ||
1970-ти▲ | |||
1970 | Детективи ТВ-серија | ||
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | МРТ 1 | |
1973 | Илустриран ТВ Речник ТВ-серија | Димо | |
1975 | Сребрено јаболко ТВ-филм | ||
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | Итар Пејо | ТВ Скопје |
1978 | Сеќерна приказна ТВ-филм | ||
1979 | Наши години ТВ-серија | ТВ Скопје | |
1979 | Хихирику Радио-емисија | ||
1980-ти▲ | |||
1980 | Учителот ТВ-филм | ||
1982 | Црвено, жолто, зелено ТВ-серија | ||
1984 | Хихирику - 5 години (1984) | ||
1984 | Камчевци ТВ-серија | МРТ 1 | |
1985 | На наш начин ТВ-филм | ТВ Скопје | |
1985 | Ајде да се дружиме ТВ-серија | МРТ 1 | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Цветан | МРТ 1 |
1986-1988 | Македонски народни приказни ТВ-серија | МРТ 1 | |
1987 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Попот | МРТ 1 |
1987 | Театарче лево ќоше ТВ-филм | ||
1987 | Училиште за кловнови ТВ-серија | Дади | МРТ 1 |
1987 | Претежно ведро ТВ-серија | ||
1988 | Чук, чук Стојанче ТВ-серија | МРТ 5 | |
1988 | Викенд на мртовци ТВ-серија | Климе Глупчев | МРТ 1 |
1989 | Цвеќе на карпата ТВ-филм | ||
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | МРТ 1 | |
1990-ти▲ | |||
1990 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1990 | Алф од Ново Лисиче ТВ-филм | Дедото | МРТ 1 |
1990 | Викенд на мртовци ТВ-филм | ||
1991 | Македонија може ТВ-филм | Владимир | МРТ 1 |
1991 | Во кафулето кај Гане ТВ-филм | Ангеле | |
1992 | Тврдокорни ТВ-серија | МРТ 1 | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | Гази | МРТ 5 |
1992-1995 | Македонски народни приказни ТВ-серија | МРТ 1 | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | ||
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | МРТ 1 | |
1997 | Калигула ТВ-филм | ||
1996-1999 | Македонски народни приказни ТВ-серија | МРТ 1 | |
1999 | Време живот ТВ-филм | ||
1999 | Хихирику - 20 години | ||
1999 | Каца ТВ-филм | Полицаец 1 | КТВ |
2000-ти▲ | |||
2000 | Мајка Тереза ТВ-филм | Алфа | |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | / | МРТ 1 |
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | МРТ 5 | |
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | МРТ 1 | |
2001 | Агенција осамени срца ТВ-серија | Злате Динго | |
2003 | Битолски лакрдии ТВ-серија | МРТ 1 | |
2003 | Лото, лото ТВ-серија | Сител ТВ | |
2004 | Неверство во зимска ноќ ТВ-филм | Сител ТВ | |
2004 | Хихирику | ||
2004 | Сакам да бидам кошаркар ТВ-филм | Судијата | |
2006 | Пусто турско ТВ-филм | Димче | МРТ 1 |
2008 | Кукен совет ТВ-серија | ||
2009 | Ветар низ тополите ТВ-серија | Сител ТВ | |
2009 | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | Кумот | |
2009 | Балкан бенд ТВ-серија | Дада | Сител ТВ |
2010-ти▲ | |||
2012 | Македонски приказни ТВ-серија | Канал 5 | |
2012 | Скопје ремикс ТВ-филм | Човек од спот |
„Викенд на мртовци“
Филмот е снимен во 1988 година, во стандард техника, со звук, во боја, 35 мм и е во времетраење од 94 минути. Филмот разработува една апсурдна ситуација кога поради невнимание во една болница се заменуваат умрените пациенти, па така две семејства добиваат туѓи мртовции кои треба да ги погребаат, па доаѓа до сплет на настаните. Филмот е во режија на Никола Коле Ангеловски, сценариото е на Миле Попоски а во главните улоги покрај Владимир Ангеловски се јавуваат и Ѓорѓи Јолевски, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски и Благоја Чоревски.
Филмот е награден на филмскиот фестивал „Голубац“ во 1988 година, и тоа прва награда „Златна рипка“ за режија и трета награда од публиката.
„Солунски патрдии“
Оваа тв серија е снимена во 1985 година, во три епизоди со времетраење од по 55 минути. Жанрот е комедија, а режисер е братот на Дади - Коле Ангеловски. Покрај Дади ,кој се јавува во улогата на Цветан, во другите улоги се јавуваат и Благоја Спиркоски - Џумерко, Трајче Иваноски, Гоце Тодоровски, Димче Мешковски, Ванчо Петрушевски, Снежана Стамеска, Салаетин Билал, Стево Спасовски, Тодорка Кондова, Јовица Михајловски, Марин Бабиќ, Мите Грозданов и други.
„Лото, лото”
Оваа комична тв серија е едно од поновите телевизиски остварувања. Снимена е 2003 година во режија на Никола Ангеловски. Серијата се состои од 5 епизоди со времетраење од 40 минути. Главните улоги ги толкуваат Владимир Ангеловски, Благоја Спиркоски Џумерко, Бранко Бенинов, Владимир Талески, Андон Јовановски и др.
„Калигула”
Овиј филм е снимен 1997 година во режија на Миле Грозданоски, а во главните улоги се јавуваат Димче Мешковски, Владимир Ангеловски, Димитар Зози, Ѕвезда Ангеловска и Ѓорѓи Јолевски.
Награди
Владимир Ангеловски-Дади е наградуван уште од самите почетоци на својата кариера уште како дете бил трикратен првак на Југославија во детска радио драма. Некои од позначајните награди: 13-та Ноемвриска, Климент Охридски и на фестивалот Ристо Шишков, ги добива во последните 2-3 години.
Наводи
- ↑ Почина глумецот Владимир Дади Ангеловски, Сител, 16 ноември 2012.
Надворешни врски
- Владимир Ангеловски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)