22 мај
Предлошка:Мај 2025
22 мај — 142-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (143-и во престапна година ).
Остануваат 223 денови до крајот на годината.
Настани:
1819
Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија , САД , пристигна во Ливерпул , во Велика Британија . Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот .
1918
Германските воени авиони го бомбардираа Париз . Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.
1947
Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција , и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците .
1967
Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел .
1972
Претседателот на САД , Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз . Тоа било првата посета на американски претседател на СССР .
1972
Цејлон го доби називот Шри Ланка . Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.
2004
Во Мадрид , шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија , Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години.
2012
Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво “, втората највисока градба во светот.
Родени:
Починале:
Празници:
*
Меѓународен ден на биолошката разновидност.
*
Национален празник на Шри Ланка.
The article is a derivative under the Creative Commons Attribution-ShareAlike License .
A link to the original article can be found here and attribution parties here
By using this site, you agree to the Terms of Use . Gpedia ® is a registered trademark of the Cyberajah Pty Ltd