Голема трка (велосипедизам)
Во друмскиот велосипедизам, голема трка се однесува на една од трите големи европски професионални велосипедски етапни трки:
- Тур де Франс — Трка околу Франција (започната 1903 г.), се одржува во јули
- Џиро д’Италија — Трка околу Италија (започната 1909 г.), се одржува во мај
- Вуелта а Еспања — Трка околу Шпанија (започната 1935 г.), се одржува во септември
Заедно се познати како големи трки и сите три трки се слични во форматот, како повеќенеделни трки со дневни етапи. Тие имаат посебен статус во одредбите на UCI: повеќе бодови за Светската турнеја се делат на овие трки отколку на другите трки,[1] и тие се единствените етапни трки на кои им е дозволено да траат подолго од 14 дена.[2]
Тур де Франс е најстарата и најпрестижна[1] од сите три и исто така е најпозната велосипедска трка во светот. Џиро д’Италија е втората најважна[3][4][5][6] и понекогаш била исто толку популарна како Тур (доцните 40-ти, 50-ти и раните 70-ти). Додека спортското име на Тур де Франс е одамна одомаќено околу светот, познато дури и за оние кои не се навлезени во велосипедизмот, другите две европски големи трки се релативно непознати надвор од континентот, каде се познати единствено на велосипедистите.
Опис
Во нивната моментална форма, големите трки се одржуваат во текот на три последователни недели и обично вклучуваат два дена за „одмор“ близу крајот на првата и втората недела. Етапите се мешавина на долги масовни етапни трки (понекогаш вклучуваат планински и ридски искачувања и спустови; други се рамни етапи наменети за спринтерски завршници), како и поединечните и екипните хронометри и етапи без натпреварувачки карактер и денови за одмор. За разлика од повеќето еднодневни трки, етапите на големите трки обично се под 200 километри во должина.
Често се појавуваат контроверзии околу повиканите екипи на трките. Обично, Меѓународниот велосипедистички сојуз ги повикува врвните професионални екипи, додека организаторите на големите трки често сакаат екипи основани во нивната земја или други кои не предизвикуваат контроверзии. Од 2005 до 2007, организаторите морале да ги прифатат сите ProTour екипи, оставајќи само две специјални покани за Тур. Меѓутоа, Унибет екипата, која е ProTour екипа и е загарантирано учество, ѝ било забрането учеството на сите големи трки поради законите за рекламирање на коцкање. Во 2008, по бројните допинг скандали, на некои екипи им било забрането учеството на големите трки: Астана не се натпреварувала на Тур де Франс 2008, а Тим Колумбија не се натпреварувале на Вуелта а Еспања 2008. Од 2011, според правилата на Светската турнеја на UCI, на сите ProTour екипи им е загарантирано место на сите три трки и се обврзани да учествуваат.
Наградите ги вклучуваат поединечниот генерален пласман, екипен пласман, планински пласман, бодовен пласман и често пласман за најдобар возач, како и некои други помалку познати пласмани. Најмногу практикувани пласмани се поединечниот генерален пласман (Maillot jaune - жолта маичка - на Тур де Франс, Maglia rosa - розова маичка - на Џиро д’Италија и Jersey rojo - црвена маичка - на Вуелта а Еспања); планински пласман (Maillot à pois rouges - точкеста маичка - на Тур, Maglia Azzurra - сина маичка - на Џиро и Jersey de puntos azules - сина точкеста маичка - на Вуелта) и бодовен пласман (Maillot vert - зелена маичка - на Тур, Maglia Rosso Passione - црвена маичка - на Џиро и Jersey verde - зелена маичка - на Вуелта). Само тројца возачи ги имаат освоено сите три на иста трка: Еди Меркс на Џиро д’Италија 1968 и Тур де Франс 1969, Тони Ромингер на Вуелта а Еспања 1993 и Лорен Жалабер на Вуелта а Еспања 1995.[7]
Ретко е велосипедистите да возат на сите три големи трки во иста година; во 2004, 474 велосипедисти започнале на најмалку една од големите трки, 68 од нив возеле две трки и само двајца велосипедисти настапиле на сите три големи трки.[8] Не е необично за спринтерите и нивните водечки луѓе, кои не се очекува да ја завршат целата трка, да започнат на сите големи трки и да постигнуваат етапни победи пред да се случат најтешките етапи. Алесандро Петаки и Марк Кевендиш започнале на сите три големи трки во 2010 и 2011, соодветно, како и некои од нивните колеги за поддршка. За обајцата возачи во двете години, само Тур де Франс го завршиле.
Низ годините, 32 возачи ги завршиле сите големи трки во една година. Марино Лехарета го направил тоа за четири пати, Бернардо Руиз трипати, Едуардо Чозас и Карлос Састре двапати секој и 28 други возачи кои го постигнале овој потфат еднаш.
Единствени возачи кои завршиле во првите 10 на секоја од трите трки во текот на една година се Рафаел Жеминијани во 1955 и Гастоне Ненчини во 1957.
UCI правила
За Светската турнеја, повеќе бодови се доделуваат на големите трки отколку на другите трки; победникот на Тур де Франс добива 200 бода, а победниците на Џиро и Вуелта добиваат 170 бода, додека на другите трки може да се добијат најмногу 100 бода.[1] Големите трки имаат посебен статус во времетраење: тие се единствените на кои им е дозволено да траат помеѓу 15 и 23 дена.[2]
Последни изданија
|
|
|
Победници на големите трки
Година | Џиро д’Италија | Тур де Франс | Вуелта а Еспања |
---|---|---|---|
1903 | започнала во 1909 г. | Морис Гарен (ФРА) | започнала во 1935 г. |
1904 | Анри Корне (ФРА) | ||
1905 | Луј Труселје (ФРА) | ||
1906 | Рене Потје (ФРА) | ||
1907 | Лисјен Пети-Бретон (ФРА) (1/2) | ||
1908 | Лисјен Пети-Бретон (ФРА) (2/2) | ||
1909 | Лујџи Гана (ИТА) | Франсоа Фабер (ЛУК) | |
1910 | Карло Галети (ИТА) (1/3) | Октав Лапиз (ФРА) | |
1911 | Карло Галети (ИТА) (2/3) | Гистав Гарижу (ФРА) | |
1912 | Тим Атала (ИТА) Карло Галети (ИТА) (3/3) Џовани Микелето (ИТА) Еберардо Павези (ИТА) |
Одил Дефраје (БЕЛ) | |
1913 | Карло Оријани (ИТА) | Филип Тис (БЕЛ) (1/3) | |
1914 | Алфонсо Калцолари (ИТА) | Филип Тис (БЕЛ) (2/3) | |
1915 | не се одржала | не се одржала | |
1916 | |||
1917 | |||
1918 | |||
1919 | Костанте Џирарденго (ИТА) (1/2) | Фирмин Ламбо (БЕЛ) (1/2) | |
1920 | Гаетано Белони (ИТА) | Филип Тис (БЕЛ) (3/3) | |
1921 | Џовани Брунеро (ИТА) (1/3) | Леон Скиор (БЕЛ) | |
1922 | Џовани Брунеро (ИТА) (2/3) | Фирмин Ламбо (БЕЛ) (2/2) | |
1923 | Костанте Џирарденго (ИТА) (2/2) | Анри Пелисје (ФРА) | |
1924 | Џузепе Енричи (ИТА) | Отавио Ботекија (ИТА) (1/2) | |
1925 | Алфредо Бинда (ИТА) (1/5) | Отавио Ботекија (ИТА) (2/2) | |
1926 | Џовани Брунеро (ИТА) (3/3) | Лисјен Бијсе (БЕЛ) | |
1927 | Алфредо Бинда (ИТА) (2/5) | Николас Франц (ЛУК) (1/2) | |
1928 | Алфредо Бинда (ИТА) (3/5) | Николас Франц (ЛУК) (2/2) | |
1929 | Алфредо Бинда (ИТА) (4/5) | Морис де Веле (БЕЛ) | |
1930 | Лујџи Маркизио (ИТА) | Андре Ледик (ФРА) (1/2) | |
1931 | Франческо Камусо (ИТА) | Антонин Мање (ФРА) (1/2) | |
1932 | Антонио Пезенти (ИТА) | Андре Ледик (ФРА) (2/2) | |
1933 | Алфредо Бинда (ИТА) (5/5) | Жорж Шпајхер (ФРА) | |
1934 | Леарко Гера (ИТА) | Антонин Мање (ФРА) (2/2) | |
1935 | Васко Бергамаски (ИТА) | Ромен Мес (БЕЛ) | Густаф Делор (БЕЛ) (1/2) |
1936 | Џино Бартали (ИТА) (1/5) | Силвер Мес (БЕЛ) (1/2) | Густаф Делор (БЕЛ) (2/2) |
1937 | Џино Бартали (ИТА) (2/5) | Роже Лапебје (ФРА) | не се одржала |
1938 | Џовани Валети (ИТА) (1/2) | Џино Бартали (ИТА) (3/5) | |
1939 | Џовани Валети (ИТА) (2/2) | Силвер Мес (БЕЛ) (2/2) | |
1940 | Фаусто Копи (ИТА) (1/7) | не се одржала | |
1941 | не се одржала | Хулијан Берендеро (ШПА) (1/2) | |
1942 | Хулијан Берендеро (ШПА) (2/2) | ||
1943 | не се одржала | ||
1944 | |||
1945 | Делио Родригес (ШПА) | ||
1946 | Џино Бартали (ИТА) (4/5) | Далмасио Лангарика (ШПА) | |
1947 | Фаусто Копи (ИТА) (2/7) | Жан Робик (ФРА) | Едвард ван Дејк (БЕЛ) |
1948 | Фиоренцо Мањи (ИТА) (1/3) | Џино Бартали (ИТА) (5/5) | Бернардо Руиз (ШПА) |
1949 | Фаусто Копи (ИТА) (3/7) | Фаусто Копи (ИТА) (4/7) | не се одржала |
1950 | Иго Кобле (ШВА) (1/2) | Фердинанд Киблер (ШВА) | Емилио Родригес (ШПА) |
1951 | Фиоренцо Мањи (ИТА) (2/3) | Иго Кобле (ШВА) (2/2) | не се одржала |
1952 | Фаусто Копи (ИТА) (5/7) | Фаусто Копи (ИТА) (6/7) | |
1953 | Фаусто Копи (ИТА) (7/7) | Лујон Бобе (ФРА) (1/3) | |
1954 | Карло Клеричи (ШВА) | Лујон Бобе (ФРА) (2/3) | |
1955 | Фиоренцо Мањи (ИТА) (3/3) | Лујон Бобе (ФРА) (3/3) | Жан Дото (ФРА) |
1956 | Шарли Гол (ЛУК) (1/3) | Роже Валковјак (ФРА) | Анџело Контерно (ИТА) |
1957 | Гастоне Ненчини (ИТА) | Жак Анкетил (ФРА) (1/8) | Хесус Лороњо (ШПА) |
1958 | Ерколе Балдини (ИТА) | Шарли Гол (ЛУК) (2/3) | Жан Стаблински (ФРА) |
1959 | Шарли Гол (ЛУК) (3/3) | Федерико Баамонтес (ШПА) | Антонио Суарез (ШПА) |
1960 | Жак Анкетил (ФРА) (2/8) | Гастоне Ненчини (ИТА) | Франс де Мулдер (БЕЛ) |
1961 | Арналдо Памбјанко (ИТА) | Жак Анкетил (ФРА) (3/8) | Анџелино Солер (ШПА) |
1962 | Франко Балмамион (ИТА) (1/2) | Жак Анкетил (ФРА) (4/8) | Руди Алтиг (ГЕР) |
1963 | Франко Балмамион (ИТА) (2/2) | Жак Анкетил (ФРА) (5/8) | Жак Анкетил (ФРА) (6/8) |
1964 | Жак Анкетил (ФРА) (7/8) | Жак Анкетил (ФРА) (8/8) | Рајмон Пулидор (ФРА) |
1965 | Виторио Адорни (ИТА) | Феличе Џимонди (ИТА) (1/5) | Ролф Волфсхол (ГЕР) |
1966 | Џани Мота (ИТА) | Лисиен Ајмар (ФРА) | Франсиско Габика (ШПА) |
1967 | Феличе Џимонди (ИТА) (2/5) | Роже Пинжон (ФРА) (1/2) | Јан Јансен (ХОЛ) (1/2) |
1968 | Еди Меркс (БЕЛ) (1/11) | Јан Јансен (ХОЛ) (2/2) | Феличе Џимонди (ИТА) (3/5) |
1969 | Феличе Џимонди (ИТА) (4/5) | Еди Меркс (БЕЛ) (2/11) | Роже Пинжон (ФРА) (2/2) |
1970 | Еди Меркс (БЕЛ) (3/11) | Еди Меркс (БЕЛ) (4/11) | Луис Окања (ШПА) (1/2) |
1971 | Геста Петерсон (ШВЕ) | Еди Меркс (БЕЛ) (5/11) | Фердинанд Браке (БЕЛ) |
1972 | Еди Меркс (БЕЛ) (6/11) | Еди Меркс (БЕЛ) (7/11) | Хосе Мануел Фуенте (ШПА) (1/2) |
1973 | Еди Меркс (БЕЛ) (9/11) | Луис Окања (ШПА) (2/2) | Еди Меркс (БЕЛ) (8/11) |
1974 | Еди Меркс (БЕЛ) (10/11) | Еди Меркс (БЕЛ) (11/11) | Хосе Мануел Фуенте (ШПА) (2/2) |
1975 | Фаусто Бертолјо (ИТА) | Бернар Тевене (ФРА) (1/2) | Агустин Тамамес (ШПА) |
1976 | Феличе Џимонди (ИТА) (5/5) | Лисиен ван Импе (БЕЛ) | Хосе Песародона (ШПА) |
1977 | Мишел Полентие (БЕЛ) | Бернар Тевене (ФРА) (2/2) | Фреди Мертенс (БЕЛ) |
1978 | Јохан де Минк (БЕЛ) | Бернар Ино (ФРА) (1/10) | Бернар Ино (ФРА) (2/10) |
1979 | Џузепе Сарони (ИТА) (1/2) | Бернар Ино (ФРА) (3/10) | Јоп Зутемелк (ХОЛ) (1/2) |
1980 | Бернар Ино (ФРА) (4/10) | Јоп Зутемелк (ХОЛ) (2/2) | Фаустино Руперез (ШПА) |
1981 | Џовани Батаљин (ИТА) (1/2) | Бернар Ино (ФРА) (5/10) | Џовани Батаљин (ИТА) (2/2) |
1982 | Бернар Ино (ФРА) (6/10) | Бернар Ино (ФРА) (7/10) | Марионо Лехарета (ШПА) |
1983 | Џузепе Сарони (ИТА) (2/2) | Лорен Фињон (ФРА) (1/3) | Бернар Ино (ФРА) (8/10) |
1984 | Франческо Мозер (ИТА) | Лорен Фињон (ФРА) (2/3) | Ерик Кариту (ФРА) |
1985 | Бернар Ино (ФРА) (9/10) | Бернар Ино (ФРА) (10/10) | Педро Делгадо (ШПА) (1/3) |
1986 | Роберто Висентини (ИТА) | Грег Лемонд (САД) (1/3) | Алваро Пино (ШПА) |
1987 | Стивен Роуш (ИРС) (1/2) | Стивен Роуш (ИРС) (2/2) | Луис Ерера (КОЛ) |
1988 | Енди Хемпстен (САД) | Педро Делгадо (ШПА) (2/3) | Шон Кели (ИРС) |
1989 | Лорен Фињон (ФРА) (3/3) | Грег Лемонд (САД) (2/3) | Педро Делгадо (ШПА) (3/3) |
1990 | Џани Буњо (ИТА) | Грег Лемонд (САД) (3/3) | Марко Џованети (ИТА) |
1991 | Франко Кјоколи (ИТА) | Мигел Индураин (ШПА) (1/7) | Мелкор Маури (ШПА) |
1992 | Мигел Индураин (ШПА) (2/7) | Мигел Индураин (ШПА) (3/7) | Тони Ромингер (ШВА) (1/4) |
1993 | Мигел Индураин (ШПА) (4/7) | Мигел Индураин (ШПА) (5/7) | Тони Ромингер (ШВА) (2/4) |
1994 | Евгениј Берзин (РУС) | Мигел Индураин (ШПА) (6/7) | Тони Ромингер (ШВА) (3/4) |
1995 | Тони Ромингер (ШВА) (4/4) | Мигел Индураин (ШПА) (7/7) | Лорен Жалабер (ФРА) |
1996 | Павел Тонков (РУС) | Бјарне Рис (ДАН) | Алекс Циле (ШВА) (1/2) |
1997 | Иван Готи (ИТА) (1/2) | Јан Улрих (ГЕР) (1/2) | Алекс Циле (ШВА) (2/2) |
1998 | Марко Пантани (ИТА) (1/2) | Марко Пантани (ИТА) (2/2) | Абрахам Олано (ШПА) |
1999 | Иван Готи (ИТА) (2/2) | без победник[9] | Јан Улрих (ГЕР) (2/2) |
2000 | Стефано Гарцели (ИТА) | Роберто Ерас (ШПА) (1/3) | |
2001 | Џилберто Симони (ИТА) (1/2) | Анхел Касеро (ШПА) | |
2002 | Паоло Саволдели (ИТА) (1/2) | Ајтор Гонсалес (ШПА) | |
2003 | Џилберто Симони (ИТА) (2/2) | Роберто Ерас (ШПА) (2/3) | |
2004 | Дамијано Кунего (ИТА) | Роберто Ерас (ШПА) (3/3) | |
2005 | Паоло Саволдели (ИТА) (2/2) | Денис Мењшов (РУС) (1/3) | |
2006 | Иван Басо (ИТА) (1/2) | Оскар Переиро (ШПА) | Александар Винокуров (КАЗ) |
2007 | Данило ди Лука (ИТА) | Алберто Контадор (ШПА) (1/6) | Денис Мењшов (РУС) (2/3) |
2008 | Алберто Контадор (ШПА) (2/6) | Карлос Састре (ШПА) | Алберто Контадор (ШПА) (3/6) |
2009 | Денис Мењшов (РУС) (3/3) | Алберто Контадор (ШПА) (4/6) | Алехандро Валверде (ШПА) |
2010 | Иван Басо (ИТА) (2/2) | Енди Шлек (ЛУК) | Винченцо Нибали (ИТА) (1/4) |
2011 | Микеле Скарпони (ИТА) | Кедел Еванс (АВС) | Хуан Хосе Кобо (ШПА) |
2012 | Рајдер Хесједал (КАН) | Бредли Вигинс (ВБР) | Алберто Контадор (ШПА) (5/6) |
2013 | Винченцо Нибали (ИТА) (2/4) | Крис Фрум (ВБР) (1/6) | Крис Хорнер (САД) |
2014 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Винченцо Нибали (ИТА) (3/4) | Алберто Контадор (ШПА) (6/6) |
2015 | Алберто Контадор (ШПА) (7/7) | Крис Фрум (ВБР) (2/6) | Фабио Ару (ИТА) |
2016 | Винченцо Нибали (ITA) (4/4) | Крис Фрум (ВБР) (3/6) | Наиро Кинтана (КОЛ) (2/2) |
2017 | Том Димулен (ХОЛ) | Крис Фрум (ВБР) (4/6) | Крис Фрум (ВБР) (5/6) |
2018 | Крис Фрум (ВБР) (6/6) | Герајнт Томас (ВБР) | Сајмон Јејтс (ВБР) |
Статистики
Најмногу победи на големите трки
Место | Име | Вкупно победи | Тур де Франс | Џиро д’Италија | Вуелта а Еспања |
---|---|---|---|---|---|
1 | Еди Меркс (БЕЛ) | 11 | 5 (1969, 1970, 1971, 1972, 1974) | 5 (1968, 1970, 1972, 1973, 1974) | 1 (1973) |
2 | Бернар Ино (ФРА) | 10 | 5 (1978, 1979, 1981, 1982, 1985) | 3 (1980, 1982, 1985) | 2 (1978, 1983) |
3 | Жак Анкетил (ФРА) | 8 | 5 (1957, 1961, 1962, 1963, 1964) | 2 (1960, 1964) | 1 (1963) |
4 | Алберто Контадор (ШПА) | 7 | 2 (2007, 2009) | 2 (2008, 2015) | 3 (2008, 2012, 2014) |
Мигел Индураин (ШПА) | 7 | 5 (1991, 1992, 1993, 1994, 1995) | 2 (1992, 1993) | 0 | |
Фаусто Копи (ИТА) | 7 | 2 (1949, 1952) | 5 (1940, 1947, 1949, 1952, 1953) | ||
7 | Крис Фрум (ВБР) | 6 | 4 (2013, 2015, 2016, 2017) | 1 (2018) | 1 (2017) |
8 | Џино Бартали (ИТА) | 5 | 2 (1938, 1948) | 3 (1936, 1937, 1946) | 0 |
Алфредо Бинда (ИТА) | 5 | 0 | 5 (1925, 1927, 1928, 1929, 1933) | 0 | |
Феличе Џимонди (ИТА) | 5 | 1 (1965) | 3 (1967, 1969, 1976) | 1 (1968) |
- Активните велосипедисти се запишани со задебелени букви.
Победници по држава
Држава | Џиро | Тур | Вуелта | Вкупно |
---|---|---|---|---|
Италија | 69 | 10 | 6 | 85 |
Франција | 6 | 36 | 9 | 51 |
Шпанија | 4 | 12 | 33 | 49 |
Белгија | 7 | 18 | 7 | 32 |
Швајцарија | 3 | 2 | 5 | 10 |
Обединето Кралство | 1 | 6 | 2 | 9 |
Луксембург | 2 | 5 | 0 | 7 |
САД | 1 | 3 | 1 | 5 |
Холандија | 1 | 2 | 2 | 5 |
Германија | 0 | 1 | 3 | 4 |
Русија | 3 | 0 | 1 | 4 |
Колумбија | 1 | 0 | 2 | 3 |
Ирска | 1 | 1 | 1 | 3 |
Шведска | 1 | 0 | 0 | 1 |
Канада | 1 | 0 | 0 | 1 |
Австралија | 0 | 1 | 0 | 1 |
Данска | 0 | 1 | 0 | 1 |
Казахстан | 0 | 0 | 1 | 1 |
Победници на сите три големи трки
Само седум велосипедисти ги имаат освоено сите три големи трки во текот на нивната кариера:[10]
- Жак Анкетил (ФРА): 5 Тур (1957, 1961, 1962, 1963, 1964), 2 Џиро (1960, 1964), 1 Вуелта (1963).
- Алберто Контадор (ШПА): 2 Тур (2007, 2009), 2 Џиро (2008, 2015), 3 Вуелта (2008, 2012, 2014)
- Феличе Џимонди (ИТА): 1 Тур (1965), 3 Џиро (1967, 1969, 1976), 1 Вуелта (1968)
- Бернар Ино (ФРА): 5 Тур (1978, 1979, 1981, 1982, 1985), 3 Џиро (1980, 1982, 1985), 2 Вуелта (1978, 1983)
- Еди Меркс (БЕЛ): 5 Тур (1969, 1970, 1971, 1972, 1974), 5 Џиро (1968, 1970, 1972, 1973, 1974), 1 Вуелта (1973)
- Винченцо Нибали (ИТА): 1 Тур (2014), 1 Џиро (2013), 1 Вуелта (2010).
- Крис Фрум (ВБР): 4 Тур (2013, 2015, 2016, 2017), 1 Џиро (2018), 1 Вуелта (2017).
Ино и Контадор се единствените велосипедисти кои секоја голема трка ја освоиле најмалку двапати.
Победници на три или повеќе последователни големи трки
- Еди Меркс (БЕЛ): 4 големи трки - Џиро (1972), Тур (1972), Вуелта (1973), Џиро (1973)
- Бернар Ино (ФРА): 3 големи трки - Џиро (1982), Тур (1982), Вуелта (1983).
- Крис Фрум (ВБР): 3 големи трки - Тур (2017), Вуелта (2017), Џиро (2018).
Ниеден велосипедист не ги освоил сите три големи трки во една сезона.
Победници на две големи трки во една година
Десет возачи имаат постигнато двоен ефект со победи на две големи трки во истата година.
Седум велосипедисти ги имаат победено Тур и Џиро во истата година:[10]
- Фаусто Копи (ИТА): 1949, 1952
- Жак Анкетил (ФРА): 1964
- Еди Меркс (БЕЛ): 1970, 1972, 1974
- Бернар Ино (ФРА): 1982, 1985
- Стивен Роуш (ИРС): 1987
- Мигел Индураин (ШПА): 1992, 1993
- Марко Пантани (ИТА): 1998
Двојниот ефект Тур/Вуелта го имаат постигнато тројца велосипедисти:[10]
- Жак Анкетил (ФРА): 1963
- Бернар Ино (ФРА): 1978
- Крис Фрум (ВБР): 2017
Двојниот ефект Џиро/Вуелта го имаат постигнато тројца велосипедисти:[10]
- Еди Меркс (БЕЛ): 1973
- Џовани Батаљин (ИТА): 1981
- Алберто Контадор (ШПА): 2008
Од деветте погоре, двојните ефекти на Пантани, Роуш и Батаљин воедно им биле и единствените победи на големите трки во нивните кариери. Само двајца велосипедисти имаат завршено помеѓу првите десет на сите три големи трки во истата година: Џеминијани во 1955 година и Ненчини во 1957 година.
Подиуми на сите три големи трки
Петнаесет велосипедисти се имаат качено на подиум на сите три големи трки во текот на нивната кариера:
Име | Тур | Џиро | Вуелта | Вкупно |
---|---|---|---|---|
Жак Анкетил (ФРА) | 6 | 6 | 1 | 13 |
Бернар Ино (ФРА) | 7 | 3 | 2 | 12 |
Еди Меркс (БЕЛ) | 6 | 5 | 1 | 12 |
Феличе Џимонди (ИТА) | 2 | 9 | 1 | 12 |
Мигел Индураин (ШПА) | 5 | 3 | 1 | 9 |
Винченцо Нибали (ИТА) | 1 | 3 | 1 | 7 |
Лорен Фињон (ФРА) | 3 | 2 | 1 | 6 |
Карлос Састре (ШПА) | 2 | 1 | 3 | 6 |
Тони Ромингер (ШВА) | 1 | 1 | 4 | 6 |
Алберто Контадор (ШПА) | 2 | 1 | 3 | 6 |
Кедел Еванс (АВС) | 3 | 1 | 1 | 5 |
Денис Мењшов (РУС) | 2 | 1 | 2 | 5 |
Хосе Мануел Фуенте (ШПА) | 1 | 1 | 2 | 4 |
Хоаким Родригес (ШПА) | 1 | 1 | 2 | 4 |
Херман ван Спрингел (БЕЛ) | 1 | 1 | 1 | 3 |
Најмногу етапни победи на големите трки
Имињата на активните велосипедисти се напишано со задебелени букви.[11]
Место | Име | Земја | Тур | Џиро | Вуелта | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Еди Меркс | Белгија | 34 | 24 | 6 | 64 |
2 | Марио Чиполини | Италија | 12 | 42 | 3 | 57 |
3 | Марк Кевендиш | Обединето Кралство | 30 | 15 | 3 | 48 |
Алесандро Петаки | Италија | 6 | 22 | 20 | 48 | |
5 | Алфредо Бинда | Италија | 2 | 41 | 0 | 43 |
6 | Бернар Ино | Франција | 28 | 6 | 7 | 41 |
7 | Леарко Гуера | Италија | 8 | 31 | 0 | 39 |
8 | Делио Родригес | Шпанија | 0 | 0 | 38 | 38 |
9 | Рик ван Лој | Белгија | 7 | 12 | 18 | 37 |
10 | Фреди Мертенс | Белгија | 15 | 7 | 13 | 35 |
11 | Фаусто Копи | Италија | 9 | 22 | 0 | 31 |
12 | Костанте Џирарденго | Италија | 0 | 30 | 0 | 30 |
13 | Џино Бартали | Италија | 12 | 17 | 0 | 29 |
14 | Марино Басо | Италија | 6 | 15 | 6 | 27 |
Франческо Мозер | Италија | 2 | 23 | 2 | 27 | |
16 | Рафаеле ди Пако | Италија | 11 | 15 | 0 | 26 |
Гвидо Бонтемпи | Италија | 6 | 16 | 4 | 26 | |
Мигел Побле | Шпанија | 3 | 20 | 3 | 26 | |
19 | Андре Ледик | Франција | 25 | 0 | 0 | 25 |
Франко Битоси | Италија | 4 | 21 | 0 | 25 | |
Рик ван Стенберген | Белгија | 4 | 15 | 6 | 25 | |
Лорен Жалабер | Франција | 4 | 3 | 18 | 25 | |
23 | Роби Мекјуан | Австралија | 12 | 12 | 0 | 24 |
Роџер де Влеминк | Белгија | 1 | 22 | 1 | 24 | |
Џузепе Сарони | Италија | 0 | 24 | 0 | 24 | |
26 | Андре Дарижад | Франција | 22 | 0 | 0 | 22 |
27 | Жак Анкетил | Франција | 16 | 5 | 1 | 22 |
Жан Пол ван Попел | Холандија | 9 | 4 | 9 | 22 | |
Андре Грајпел | Германија | 11 | 7 | 4 | 22 | |
30 | Шарли Гол | Луксембург | 10 | 11 | 0 | 21 |
Шон Кели | Ирска | 5 | 0 | 16 | 21 |
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „UCI Велосипедски одредби“. стр. 56. Архивирано од изворникот на 2014-08-05. Посетено на 20 јули 2012.
- ↑ 2,0 2,1 „UCI Велосипедски трки“. стр. 41. Посетено на 20 јули 2012.
- ↑ Тур, Џиро и Светското друмско првенство ја прават Тројната круна на велосипедизмот.
- ↑ An American in Italy cyclingnews.com, 5 мај 2009
- ↑ Million dollar, baby! cyclingnews.com, 12 јануари 2007
- ↑ Vuelta a España A-Z cyclingnews.com, 7 септември 2008
- ↑ „Тони Ромингер“. Cycling Hall of Fame.com. 27 март 1961. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 20 јули 2012.
- ↑ Рише, Антоан (19 март 2005). „Doubler deux Grands Tours revient à la mode“ (француски). CyclisMag. Архивирано од изворникот на 2010-11-20. Посетено на 11 ноември 2010.
- ↑ Ленс Армстронг бил првично награден како победник на Тур де Франс од 1999 до 2005 година, но неговите резултати биле поништени по истрагата за допинг во 2012 година и трките биле оставени без да биде прогласен алтернативен победник.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 „Историски резултати - големи трки“. Архивирано од изворникот на 2002-08-11. Посетено на 20 јули 2012.
- ↑ „Џиро д'Италија 2009“ (PDF). Infostrada sports. 2009. стр. 208. Архивирано од изворникот (pdf) на 2010-12-17. Посетено на 29 јуни 2011.
|
|
|
|