Гуљелмо Маркони (италијански: Guglielmo Marconi; 25 април1874 во Болоња - 20 јули1937 во Рим) — италијански инжењер и пронаоѓач, еден од основачите на безжичната телеграфија. Во 1897 година ја испратил првата безжична телеграфска порака на 5 километри (за тоа време спектакуларно одредиште). Во 1898 година испратена била првата платена бежична телеграма. На 20 јули истата година испратена била првата новинарска вест преку бежичен телеграф. За првпат успеал да предаде СОС-сигнал преку Атлантскиот Океан во 1901 година.