Давид Гофен
Давид Гофен David Goffin | |
---|---|
![]() | |
Земја | ![]() |
Место на живеење | Лиеж, Белгија |
Роден на | 7 декември 1990 |
Роден во | Лиеж, Белгија |
Спорт | ![]() |
Висина | м | 1,80
Професионалец | 2009 |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд |
Заработка | $ 2.466.438 |
Поединечно | |
Победи-порази | 83-73 |
Титули | 2 |
Највисок пласман | Бр. 14 (13 јули 2015) |
Сегашен пласман | Бр. 15 (31 август 2015) |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | 2R (2015) |
Ролан Гарос | 4R (2012) |
Вимблдон | 4R (2015) |
УС Опен | 3R (2014, 2015) |
Во двојки | |
Победи-порази | 0–10 |
Титули | 0 |
Највисок пласман | Бр. 612 (11 октомври 2010) |
Ажурирано на: 7 септември 2015. |
Давид Гофен (француски изговор: [da.vid ɡɔ.fɛ̃]); роден на 7 декември 1990 во Лиеж - белгиски тенисер. Професионално игра тенис од 2009 година. Во моментов се наоѓа на 15 место на АТП листата и е најдобар белгиски тенисер. Во кариерата, Гофен има освоено 2 АТП титули.
Кариера
Негова омилена површина е тврдата подлога. Својата прва победа на АТП турнирите Гофен ја забележал во 2011 на турнирот Ченај Опен 2011 во Индија победувајќи го првиот индиски тенисер Сомдев Деварман со 6-2, 6-4. Во второто коло тој загубил од швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.[1]
Во 2012 година, за првпат во својата кариера стигнал до четвртфинале на еден АТП турнир, на Ченај Опен 2012, откако го победил својот сонародник Ксавје Малис и германскиот тенисер Андреас Бек.
На Ролан Гарос 2012, тој не успеал да го помине последното квалификациско коло во квалификациите, но благодарение на откажувањето на Гаел Монфис тој влегол во првото коло од натпреварувањето. Во првото коло, тој играл против 23-от носител Чехот Радек Штепанек и го победил во натпревар во 5 сета.[2]. Во второто коло Гофен се сретнал со францускиот ветеран Арно Клеман (кој го играл својот последен Ролан Гарос) и победил повторно во пет сета. Гофен потоа го победил Полјакот Лукаш Кубот со 7–6, 7–5, 6–1 во третото коло и станал првиот „Лаки лузер“ (Lucky Loser, Среќен губитник) по 1995 година што успеал да стигне до четвртфиналето.[3] Во четвртфиналето Гофен бил поразен од третиот носител Рожер Федерер во четири сета.[4]
Тој добил вајлд-карта за Вимблдон 2012 и во првото коло го победил 20-от носител, четвртфиналистот од 2011 година, Бернард Томиќ. Потоа во второто коло го победил Американецот Џеси Левин но во третото коло загубил од 10-от носител Американецот Марди Фиш со 6-3, 7-6, 7-6.
АТП финалиња во кариерата
Поединечно: 5 (2-3)
|
|
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Победник | 1. | 2 август 2014 | Кицбиел, Австрија | Земја | ![]() |
4–6, 6–1, 6–3 |
Победник | 2. | 21 септември 2014 | Мец, Франција | Тврда | ![]() |
6–4, 6–3 |
Финалист | 1. | 26 октомври 2014 | Базел, Швајцарија | Тврда | ![]() |
2–6, 2–6 |
Финалист | 2. | 14 јуни 2015 | Хертогенбош, Холандија | Трева | ![]() |
6–7(1–7), 1–6 |
Финалист | 3. | 2 август 2015 | Гштад, Швајцарија | Земја | ![]() |
5–7, 2–6 |
Челинџер финалиња
Поединечно: 8 (7–1)
Легенда |
---|
АТП Челинџер серија (7–1) |
Исход | Бр. | Датум | Турнир | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|
Финалист | 1. | 20 септември 2010 | ![]() |
Земја | ![]() |
6–2, 4–6, 5–7 |
Победник | 1. | 27 март 2012 | ![]() |
Тврда | ![]() |
6–2, 6–2 |
Победник | 2. | 24 септември 2012 | ![]() |
Тврда | ![]() |
6–4, 3–6, 6–3 |
Победник | 3. | 15 јули 2013 | ![]() |
Тврда | ![]() |
4–6, 7–5, 6–2 |
Победник | 4. | 7 јули 2014 | ![]() |
Земја | ![]() |
6–3, 6–2 |
Победник | 5. | 14 јули 2014 | ![]() |
Земја | ![]() |
6–4, 6–2 |
Победник | 6. | 21 јули 2014 | ![]() |
Земја | ![]() |
7-6(7–3), 6-3 |
Победник | 7. | 29 септември 2014 | ![]() |
Тврда | ![]() |
6–3, 6–3 |
Наводи
- ↑ „Биографија на Гофен на ИТФ“. тенисер. nn. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Hanford, Ian (29 мај 2012). „French Open 2012 Scores: Shocking Results from Roland Garros' First 2 Days“. Bleacher Report. Посетено на 30 мај 2012.
- ↑ „Lucky loser Goffin enjoys French Open record run“. The Times of India. 1 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. Посетено на 1 јуни 2012.
- ↑ „Давид Гофен“. BBC Sport. 2012-06-03. Посетено на 2012-06-04.
Надворешни врски
- Давид Гофен Профил на мрежното место на АТП (англиски)
- Давид Гофен на официјалното мрежно место на Меѓународната тениска федерација
- Официјално мрежно место Архивирано на 6 јуни 2012 г.
Награди | ||
---|---|---|
Претходник![]() |
АТП повратен играч на годината 2014 |
Наследник Актуелен |