Жиганци
Жиганци | |
Воздушен поглед на Жиганци | |
Координати 41°52′45″N 22°14′16″E / 41.87917°N 22.23778°E | |
Регион | Источен |
Општина | Чешиново-Облешево |
Област | Кочанско Поле |
Население | 227 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2333 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13014 |
Надм. вис. | 320 м |
Жиганци на општинската карта Атарот на Жиганци во рамките на општината | |
Жиганци на Ризницата |
Жиганци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот југозападен дел од Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од левата страна на Злетовска Река. Атарот на селото се допира со подрачјето на општините Пробиштип и Карбинци.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 20 километри, додека од патот Кочани-Штип околу пет километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2342 на кој се наоѓа Жигански мост преку Злетовска Река, поврзувајќи го селото со регионалниот пат 1205. Во непосредна близина се наоѓа и клучката Крупиште на новиот експресен пат Штип-Кочани (А3).
Историја
Во атарот на селото постоел живот уште од неолитското и доцноантичкото време, за што говорат наоѓалиштата Богатиница и Долчиница.[3]
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 7,2 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 577,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 60,4 хектари, додека на шумите само 4,6 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жиганци живееле 156 жители, од кои 150 Македонци и 6 Роми.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жиганци имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Селото било средно по големина во 1961 година кога броело 579 жители, а во 1994 година 378 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало 362 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 227 жители, од кои 214 Македонци и 13 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 156 | 314 | 430 | 502 | 579 | 556 | 501 | 451 | 378 | 362 | 227 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
- Подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“, петгодишно основно училиште во мирување во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Соколарци
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Жиганци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Жиганци, се наоѓале и селата Врбица, Лепопелци, Ново Селани, Соколарци и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0877 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
Во оризовите полиња крај Злетовска Река, во селото Жиганци се наоѓаат остатоци од една крстообразна црква, која е датира од XIV век. Остатоците од црковната градба не се проучени, но таа лежи на еден постар објект. Во долните делови на црквата, вградени е мермерни меноа од некој постар објект.
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Богатиница — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Долчиница — населба и некропола од доцноантичко време;[16]
- Базилика — ранохристијанска базилика;[17]
- Црква — средновековна црква;[18]
Култура и спорт
- ФК Злетовица
Галерија
-
Стар објект во селото
-
Сретселото
-
Жигански мост
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 125. Посетено на 3 јануари 2025.
- ↑ 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 174-175. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јануари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 3 јануари 2025.
- ↑ ТИМ ОД АРХЕОЛОЗИ НЕКОЛКУ ДЕНА РАБОТИ НА ДОЦНОАНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ДОЛЧЕНИЦА
- ↑ „Ранохристијанска базилика откриена на новиот експресен пат Штип – Кочани“. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 2019-05-11.
- ↑ Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија -Блага Алексова
Надворешни врски
|