Иван Билибин

Портрет на Иван Билибин од Борис Кустодиев (1901)

Иван Јаковлевич Билибин (руски: Ива́н Я́ковлевич Били́бин; 16 август [ст. ст. 4 август] 1876 – 7 февруари 1942) — руски илустратор и сценограф, член на уметничкото друштво „Мир искуства“ и дал ликовен придонес во работата на Рускиот балет Сергеј Дјагилев. Во творештвото влечел инспирација од словенската митологија и фолклор.

Билибин е роден во Тарховка, предградие на Санкт Петербург. Во 1898 го посетувал уметничкото училиште на словенечкиот мајстор Антон Ажбе во Минхен, а потоа учел ликовна уметност кај Иљја Репин во Санкт Петербург. Во периодот од 1902 до 1904 го посетил северот на Русија и длабоко се воодушевил од старата дрвена архитектура и рускиот фолклор. Наодите од оваа посета ги објавил во монографијата „Народната уметност на рускиот север“ (1904). Покрај ова, Билибин се инспирирал и од традиционалните јапонски дрворези („укијо-е“).

Се прочул во 1899 кога ги објавил неговите илустрации на разни руски сказни. Во текот на револуцијата во 1905 цртал карикатури со револуционерен карактер. Во 1909 ја изработил сцената на премиерното прикажување на операта „Златното петле“ од Николај Римски-Корсаков. За време на Октомвриската револуција Билибин се почувствувач отуѓено и затоа заминал од земјата. Накратко отседнал во Каиро и Александрија, па во 1925 се преселил во Париз, кајшто украсувал приватни домови и православни цркви. Меѓутоа Билибин тагувал по татковината, па, откако ја украсил советската амбасада во 1936, се вратил во СССР. Во Русија, Билибин предавал на Советската уметничка академија сè до 1941.

Билибин умрел од глад во 1942 за време на Опсадата на Ленинград.

Одбрани дела

Надворешни врски