Иван Тричковски
Иван Тричковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Иван Тричковски | ||
Роден на | 18 април 1987 | ||
Роден во | Скопје, СФРЈ | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | АЕЛ Лимасол | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Вардар | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004-2006 | Вардар | 32 | (6) |
2006-2007 | Работнички | 26 | (14) |
2007-2010 | Црвена ѕвезда | 25 | (3) |
2009-2010 | → Еносис Паралимни | 29 | (8) |
2010-2012 | АПОЕЛ | 51 | (17) |
2012-2014 | Клуб Бриж | 19 | (1) |
2013-2014 | → Васланд-Беверен | 33 | (5) |
2014-2015 | Ал Наср | 12 | (3) |
2015-2016 | Легија Варшава | 11 | (1) |
2016–2024 | АЕК Ларнака | 221 | (115) |
2024– | АЕЛ Лимасол | 2 | (1) |
Репрезентација | |||
2003-???? | Македонија 17 | 3 | (2) |
2004-2006 | Македонија 19 | 6 | (3) |
2006-2008 | Македонија 21 | 9 | (1) |
2010-2021 | Македонија | 67 | (7) |
Иван Тричковски (роден 18 април 1987) — македонски фудбалер, напаѓач на АЕЛ Лимасол и на македонската репрезентација.
Бил прогласен за најдобар фудбалер во македонското првенство за 2007 година и најдобар македонски фудбалер во странство за 2011 година, додека настапувал за кипарскиот клуб АПОЕЛ. Тој е активен репрезентативец на Македонија и моментално се наоѓа на осмотто место по бројот на настапи за репрезентацијата со 67 одиграни натпревари.
Тричковски ја претставувал Македонија во младите репрезентации под 17, под 19 и под 21 година. Дебитирал за сениорската репрезентација во 2010 година, во натпревар против Азербејџан, во кој исто така го постигнал и својот прв гол во црвено-жолтиот дрес. Со македонската репрезентација, учествувал на Европското првенство 2020.
Клупска кариера
Почетоци и Вардар
Своојата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 2004 година, кога дебитирал за екипата на Вардар во Првата македонска фудбалска лига. Својот прв гол во првенството го постигнал на 9 април 2005, во поразот со 2-1 од Беласица во Струмица. Следната сезона, во своето деби во европските натпреварувања, Тричковски го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 против албанскиот Елбасан во квалификациите за Купот на УЕФА.[1][2] Тој поминал две ипол сезони со црвено-црните забележувајќи 6 лигашки погодоци.
Работнички, Црвена Ѕвезда и Еносис Паралимни
Во јануари 2006, Тричковски преминал во екипата на Работнички, каде играл година дена пред во јануари 2008 година да потпише за Црвена Ѕвезда.[3] Дебитирал за црвено-белите на 1 март 2008 година, во победата со 4-1 на домашен терен над лутиот соперник Партизан, влегувајќи како замена во завршницата од натпреварот. Следната сезона го забележил својот прв погодок во дресот на Црвена Ѕвезда во гостинската победа со 1-2 над Напредак. Во следните натпревари, тој забележал уште два гола, но во вториот дел од сезоната паднал во заден план и откако неговата кариера во клубот не се развила како што посакувал заминал во Кипар: таму најпрво играл на позајмица за екипата на Еносис Неон Паралимни, каде во сезоната 2009-2010 постигнал 8 гола на 29 натпревари, а потоа во мај 2010 потпишал тригодишен договор со АПОЕЛ од Никозија во трансфер вреден вреден 300.000 евра.[4]
АПОЕЛ
Дебитирал за новиот клуб во квалификациите за Лига Европа против литавнскиот Таурас, а во реваншот против истиот противник го постигнал и својот прв погодок за АПОЕЛ. Во сезоната 2010-2011, Тричковски постигнал 11 гола и како најдобар стрелец на клубот (изедначен со Естебан Солари) бил еден од најзаслужните за триумфот на АПОЕЛ во кипарското првенство.
Следната сезона со клубот го освоил Суперкупот на Кипар совладувајќи ја Омонија со 1-0, и бил важна алка во незаборавната "бајка" на АПОЕЛ во Лигата на шампионите каде клубот стигнал до четвртфиналето, а на патот до таму македонскиот напаѓач постигнал еден гол во натпреварот од групната фаза против Шахтар Донецк што завршил нерешено 1-1. Тричковски, исто така, играл и во реванш осминафиналниот натпревар против Олимпик Лион и бил еден од прецизните изведувачи на удар од 11 метри за својот клуб помагајќи АПОЕЛ да ги елиминира французите по изведување на пенали, откако по двата натпревари и продолженијата вкупниот резултат бил изедначен 1-1.[5]
Клуб Бриж и Васланд-Беверен
Во 2012 година, Тричковски потпишал за белгискиот Клуб Бриж за сума од 1.2 милиони евра.[6][7] Сепак, во текот на целата сезона со Бриж тој се мачел да се избори за минути на теренот, играјќи многу малку во првиот дел од сезоната. Својот прв гол го постигнал на 8 ноември 2012, во натпреварот против Њукасл Јунајтед во Лига Европа што завршил 2-2,[8] додека првиот гол во белгиското првенство го постигнал на 9 февруари 2013, во победата со 3-1 над Ауд-Хеверле Левен.
Сезоната ја завршил со 23 настапи и 2 гола, по што во јули 2013 бил позајмен на Васланд-Беверен, каде одиграл 35 натпревари постигнал 6 гола.[9]
Ал Наср и Легија
Во јули 2014 година, Тричковски го напуштил европскиот континент и се преселил во Ал Наср, клуб од Обединетите Арапски Емирати.[10] Тој постигнал гол уште на своето деби за Ал Наср во првенството, и тоа само 18 минути по неговото влегување во игра од клупата за резерви во победата со 3-0 против екипата на Шарџа.[11] Со клубот ги освоил и двата домашни купови во ОАЕ за сезоната 2014-2015: Купот на Претседателот и Лига купот. Сепак, откако во вториот дел од сезоната го загубил првотимскиот статус, одлучил да го напуштил клубот.
На 17 август 2015, напаѓачот потпишал за полската екипа Легија Варшава.[12] Слично како и во претходниот клуб, Тричковски постигнал гол на своето деби и за Легија во ремито 2-2 против Заглебје Лубин. И покрај тоа што бил стандарден во натпреварите од УЕФА Лига Европа, тој сепак не успеал да се избори за поголема минутажа во првенствените натпревари и си заминал од полската екипа после само три месеци.
АЕК Ларнака
На 25 јануари 2016, Тричковски се вратил во првенството на Кипар после повеќе од три години по неговиот последен престој во оваа земја, потпишувајќи договор со екипата на АЕК Ларнака.[13] Во сезоната 2017-2018, со АЕК го освоил Купот на Кипар постигнувајќи 3 гола на патот на клубот до титулата. Следната сезона, Тричковски бил избран за најдобар фудбалер во кипарското првенство во изборот на тренерите.[14]
Пред почетокот на сезоната 2019-2020, тој бил назначен за капитен на АЕК Ларнака, по пензионирањето на шпанецот Давид Катала.[15] Тоа како додатно да го мотивирало Тричковски, кој ја завршил сезоната како најдобар стрелец во кипарското првенство со 20 постигнати голови, што претставува и негов личен рекорд за најмногу постигнати голови во една фудбалска сезона.[16]
Во октомври 2021 година, Тричковски го продолжил договорот со својот клуб до 2024 година.[17]
Репрезентативна кариера
Тричковски ја претставувал Македонија во селекциите под под 17, под 19, под 21 година и сениорската репрезентација.
За репрезентацијата под 17 години, Тричковски постигнал два гола во три настапи: против Италија на 21 септември 2003 година,[18] и Луксембург на 25 септември 2003, двата важечки за квалификациите за Европското првенство под 17 години.[19]
Потоа тој играл и во репрезентацијата под 19 години, за која забележал 6 настапи и постигнал 3 гола против репрезентациите на Азербејџан, Ерменија и Франција. Исто така, играл и во квалифкациите за Европското првенство под 19 години 2006.
За репрезентацијата под 21 година, настапувал во периодот 2006-2008.[20] Одиграл 9 натпревари, а единствениот гол го постигнал против Швајцарија во победата со 2-1 во квалифкациите за Европското првенство под 21 година 2009. Уште додека бил дел од репрезентацијата под 21 година, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од селекторот Среќко Катанец, за пријателски натпревар против Србија во февруари 2008, но бил принуден да го откаже настапот поради повреда.[21]
За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2010, во пријателски натпревар против Азербејџан одигран во Бишофсхофен; Македонија победила со 3-1 во тој натпревар, а првиот гол за црвено-жолтите во 8-мата минута го постигнал Тричковски. Откако погодувал само на пријателски натпревари, на 26 март 2011, Тричковски го постигнал својот прв гол за Македонија во квалификациски натпревар против Ирска во поразот со 2-1 во Даблин.[22] На 6 септември 2018, Тричковски ја затресол мрежата на Гибралтар во новоформираното натпреварување УЕФА Лигата на нации.
Во јуни 2021, Тричковски бил повикан од селекторот Игор Ангеловски да ја претставува Македонија на Европското првенство 2020.[23] Тој играл на сите три натпревари од групната фаза, во која црвено-жолтите и го завршиле својот настап на турнирот. Веднаш по завршувањето на Европското првенство, Тричковски се простил од репрезентативниот дрес во кој забележал 67 настапи и 7 голови.[24]
Хронологија на репрезентативните настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
29-5-2010 | Бишофсхофен | Азербејџан | 1 – 3 | Македонија | Пријателска | 1 | ||
2-6-2010 | Филах | Романија | 0 – 1 | Македонија | Пријателска | - | 67' | |
11-8-2010 | Ла Валета | Малта | 1 – 1 | Македонија | Пријателска | 1 | 55' | |
3-9-2010 | Братислава | Словачка | 1 – 0 | Македонија | Квал. за Евро 2012 | - | 80' | |
7-9-2010 | Скопје | Македонија | 2 – 2 | Ерменија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
8-10-2010 | Андора ла Веља | Андора | 0 – 2 | Македонија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
12-10-2010 | Скопје | Македонија | 0 – 1 | Русија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
17-11-2010 | Горица | Албанија | 0 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 66' | |
9-2-2011 | Скопје | Македонија | 0 – 1 | Камерун | Пријателска | - | ||
26-3-2011 | Даблин | Ирска | 2 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2012 | 1 | ||
4-6-2011 | Скопје | Македонија | 0 – 2 | Ирска | Квал. за Евро 2012 | - | ||
10-8-2011 | Баку | Азербејџан | 0 – 1 | Македонија | Пријателска | - | 46' | |
2-9-2011 | Москва | Русија | 1 – 0 | Македонија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
6-9-2011 | Скопје | Македонија | 1 – 0 | Андора | Квал. за Евро 2012 | - | ||
7-10-2011 | Ереван | Ерменија | 4 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2012 | - | ||
11-10-2011 | Скопје | Македонија | 1 – 1 | Словачка | Квал. за Евро 2012 | - | ||
26-5-2012 | Леирија | Португалија | 0 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 85' | |
29-5-2012 | Ешторил | Ангола | 0 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 58' | |
15-8-2012 | Скопје | Македонија | 1 – 0 | Литванија | Пријателска | - | 46' | |
7-9-2012 | Загреб | Хрватска | 1 – 0 | Македонија | Квал. за СП 2014 | - | 73' | |
11-9-2012 | Глазгов | Шкотска | 1 – 1 | Македонија | Квал. за СП 2014 | - | 38' | |
12-10-2012 | Скопје | Македонија | 1 – 2 | Хрватска | Квал. за СП 2014 | - | ||
16-10-2012 | Скопје | Македонија | 1 – 0 | Србија | Квал. за СП 2014 | - | 73' | |
6-2-2013 | Скопје | Македонија | 3 – 0 | Данска | Пријателска | - | ||
22-3-2013 | Скопје | Македонија | 0 – 2 | Белгија | Квал. за СП 2014 | - | 82' | |
26-3-2013 | Брисел | Белгија | 1 – 0 | Македонија | Квал. за СП 2014 | - | 65' | |
3-6-2013 | Малме | Шведска | 1 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 46' | |
11-6-2013 | Осло | Норвешка | 2 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 46' | |
14-8-2013 | Скопје | Македонија | 2 – 0 | Бугарија | Пријателска | - | 61' | |
6-9-2013 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Велс | Квал. за СП 2014 | 1 | ||
10-9-2013 | Скопје | Македонија | 1 – 2 | Шкотска | Квал. за СП 2014 | - | ||
5-3-2014 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Латвија | Пријателска | - | 80' | |
26-5-2014 | Куфштајн | Камерун | 2 – 0 | Македонија | Пријателска | - | ||
30-5-2014 | Рјети | Катар | 0 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 46' | |
12-10-2015 | Борисов | Белорусија | 0 – 0 | Македонија | Квал. за Евро 2016 | - | ||
12-11-2015 | Skopje | Македонија | 4 – 1 | Црна Гора | Пријателска | - | 58' | |
17-11-2015 | Skopje | Македонија | 0 – 1 | Либан | Пријателска | - | ||
23-3-2016 | Копер | Словенија | 1 – 0 | Македонија | Пријателска | - | ||
29-3-2016 | Скопје | Македонија | 0 – 2 | Бугарија | Пријателска | - | 45' | |
29-5-2016 | Бад Ерлах | Азербејџан | 1 – 3 | Македонија | Пријателска | - | 59' | |
2-6-2016 | Скопје | Македонија | 1 – 3 | Иран | Пријателска | - | 61' | |
24-3-2017 | Вадуц | Лихтенштајн | 0 – 3 | Македонија | Квал. за СП 2018 | - | 78' | |
28-3-2017 | Скопје | Македонија | 3 – 0 | Белорусија | Пријателска | - | 55' | |
5-6-2017 | Скопје | Македонија | 0 – 0 | Турција | Пријателска | - | 71' | |
11-6-2017 | Скопје | Македонија | 1 – 2 | Шпанија | Квал. за СП 2018 | - | 85' | |
5-9-2017 | Струмица | Македонија | 1 – 1 | Албанија | Квал. за СП 2018 | - | 87' | |
6-10-2017 | Торино | Италија | 1 – 1 | Македонија | Квал. за СП 2018 | - | 80' | |
11-11-2017 | Скопје | Македонија | 2 – 0 | Норвешка | Пријателска | - | 69' | |
23-3-2018 | Белек | Финска | 0 – 0 | Македонија | Пријателска | - | 88' | |
27-3-2018 | Аксу | Азербејџан | 1 – 1 | Македонија | Пријателска | - | 59' | |
6-9-2018 | Гибралтар | Гибралтар | 0 – 2 | Македонија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | 1 | 89' | |
9-9-2018 | Скопје | Македонија | 2 – 0 | Ерменија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 57' | |
16-11-2018 | Вадуц | Лихтенштајн | 0 – 2 | Македонија | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 77' | |
19-11-2018 | Скопје | Македонија | 4 – 0 | Гибралтар | УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза | - | 59' | |
9-9-2019 | Рига | Латвија | 0 – 2 | Македонија | Квал. за Евро 2020 | - | ||
10-10-2019 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Словенија | Квал. за Евро 2020 | - | 66' | |
8-10-2020 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Косово | Квал. за Евро 2020 | - | 80' | |
11-10-2020 | Талин | Естонија | 3 – 3 | Македонија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 64' | |
14-10-2020 | Скопје | Македонија | 1 – 1 | Грузија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 80' | |
12-11-2020 | Тбилиси | Грузија | 0 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2020 | - | 89' | |
15-11-2020 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Естонија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | 1 | ||
18-11-2020 | Ереван | Ерменија | 1 – 0 | Македонија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | ||
1-6-2021 | Скопје | Македонија | 1 – 1 | Словенија | Пријателска | - | 58' | |
4-6-2021 | Скопје | Македонија | 4 – 0 | Казахстан | Пријателска | 1 | 62' | |
13-6-2021 | Букурешт | Австрија | 3 – 1 | Македонија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 82' | дет. |
17-6-2021 | Букурешт | Украина | 2 – 1 | Македонија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 85' | дет. |
21-6-2021 | Амстердам | Македонија | 0 – 3 | Холандија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 56' | дет. |
Вкупно | Настапи (8. место) | 67 | Голови | 7 |
Статистика
Клупска статистика
Статистиката е ажурирана на 21 јуни 2021.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2004-2005 | Вардар | ПМЛ | 10 | 3 | КМ | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 10+ | 3+ |
2005-2006 | ПМЛ | 15 | 2 | КМ | ? | ? | КУ | 4[25] | 1[25] | - | - | - | 19+ | 3+ | |
2006-јан. 2007 | ПМЛ | 7 | 1 | КМ | ? | ? | КУ | 2[25] | 0[25] | - | - | - | 9+ | 1+ | |
Вкупно Вардар | 32 | 6 | ? | ? | 6 | 1 | - | - | 38+ | 7+ | |||||
јан.-јун. 2007 | Работнички | ПМЛ | 10 | 5 | КМ | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 10+ | 5+ |
2007-јан. 2008 | ПМЛ | 16 | 9 | КМ | ? | ? | КУ | 6[26] | 0 | - | - | - | 16+ | 9+ | |
Вкупно Работнички | 26 | 14 | ? | ? | 6 | 0 | - | - | 32+ | 14+ | |||||
јан.-јун. 2008 | Црвена Ѕвезда | СЛС | 11 | 0 | КС | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 11+ | 0+ |
2008-2009 | СЛС | 14 | 3 | КС | ? | ? | КУ | 2[25] | 0 | - | - | - | 16+ | 3+ | |
Вкупно Црвена Ѕвезда | 25 | 3 | ? | ? | 2 | 0 | - | - | 27+ | 3+ | |||||
2009-2010 | Еносис Паралимни | 1ДК | 25+4[27] | 7+1[27] | КК | ? | ? | - | - | - | - | - | - | 29+ | 8+ |
2010-2011 | АПОЕЛ | 1ДК | 22+5[27] | 8+3[27] | КК | ? | ? | ЛЕ | 5[25] | 1[25] | - | - | - | 32+ | 12+ |
2011-2012 | 1ДК | 20+4[27] | 5+1[27] | КК | ? | ? | ЛШ | 13[26] | 1 | - | - | - | 37+ | 7+ | |
Вкупно АПОЕЛ | 42+9 | 13+4 | ? | ? | 18 | 2 | - | - | 69+ | 19+ | |||||
2012-2013 | Клуб Бриж | ПЛ | 13+6[27] | 1 | КБ | 1 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 0+3 | 1 | - | - | - | 23 | 2 |
2013-2014 | Васланд-Беверен | ПЛ | 28+5[27] | 2+3[27] | КБ | 2 | 1 | - | - | - | - | - | - | 35 | 6 |
2014-2015 | Ал Наср | ПЛ | 12 | 3 | КПО+ЛКО | 7+0 | 3 | - | - | - | - | - | - | 19 | 6 |
2015-јан. 2016 | Легија Варшава | ЕК | 11 | 1 | КП | 0 | 0 | ЛЕ | 6 | 0 | - | - | - | 17 | 1 |
јан.-јун. 2016 | АЕК Ларнака | 1ДК | 6+8[27] | 3+4[27] | КК | 4 | 1 | ЛЕ | - | - | - | - | - | 18 | 8 |
2016-2017 | 1ДК | 23+3[27] | 14 | КК | 4 | 4 | ЛЕ | 8[25] | 6[25] | - | - | - | 38 | 24 | |
2017-2018 | 1ДК | 20+8[27] | 8+3[27] | КК | 6 | 4 | ЛЕ | 7[25] | 1[25] | - | - | - | 41 | 16 | |
2018-2019 | 1ДК | 18+5[27] | 11+4[27] | КК | 3 | 1 | ЛЕ | 12[28] | 8[29] | СК | 1 | 0 | 39 | 24 | |
2019-2020 | 1ДК | 18+1[27] | 20 | КК | 2 | 0 | ЛЕ | 6[25] | 5[25] | - | - | - | 27 | 25 | |
2020-2021 | 1ДК | 20+2[27] | 10+2[27] | КК | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 23 | 12 | |
Вкупно АЕК Ларнака | 105+27 | 66+13 | 20 | 10 | 33 | 20 | 1 | 0 | 186 | 109 | |||||
Вкупно во кариерата | 370 | 137 | 30+ | 14+ | 74 | 24 | 1 | 0 | 475+ | 175+ |
Титули
Клупски
|
Индивидуални
|
Наводи
- ↑ „KF Elbasani 1-1 Vardar“. 2005. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „Тричковски го спаси Вардар од пораз“. 16 јули 2005. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „Rampant Rabotnicki ready for restart“. UEFA.com. 2008-02-18. Посетено на 2008-02-23.
- ↑ Macedonian Football .com - Makedonski Fudbal .com - Ivan Trickovski presented at APOEL
- ↑ Lyon stunned as APOEL fairy tale continues; UEFA.com, 7 March 2012
- ↑ „Ivan Trickovski 4th new Summer signing at Club Brugge“. Club Brugge. 29 June 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 2012-10-16.
- ↑ „Клуб Бриж го претстави Тричковски (Club Brugge presented Tričkovski)“. supersport.com.mk. 29 June 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-12. Посетено на 2012-10-16.
- ↑ „Тричковски му даде гол на Њукасл, но Бриж не успеа да победи (ФОТО+ВИДЕО)“. mkd.mk. 8 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2022-03-16. Посетено на 2021-06-21.
- ↑ „Welkom Ivan Trickovski“ [Welcome Ivan Trickovski] (холандски). waasland-beveren.be. 20 July 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 20 July 2013.
- ↑ „Тричковски официјално во Ал Наср“. ffm. 16 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2022-03-15. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „Тричковски со гол на дебито за Ал Наср“. ekipa.mk. 22 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „Официјално: Тричковски е нов играч на Легија“. mkd.mk. 17 август 2015. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „Иван Тричковски промовиран во АЕК Ларнака“. mkd.mk. 25 јануари 2016. Text "https://www.mkd.mk/sport/fudbal/ivan-trichkovski-promoviran-vo-aek-larnaka" ignored (help)
- ↑ 14,0 14,1 „Иван Тричковски e фудбалер на сезоната во Кипар“. makfax.com.mk. 16 мај 2019. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „Happy Birthday captain“. AEK Larnaca. 18 април 2020. Посетено на 27 август 2022.
- ↑ 16,0 16,1 „Иван Тричковски со "Златната копачка" и наградата за нај-напаѓач на Кипар!“. kurir.mk. 8 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 21 јуни 2021.
- ↑ „ОФИЦИЈАЛНО: Тричковски во АЕК Ларнака до 2024 година!“. gol.mk. 15 октомври 2021. Посетено на 27 август 2022.
- ↑ „Match Report“. UEFA.com. Посетено на 2008-02-23. [мртва врска]
- ↑ „Match Report“. UEFA.com. Посетено на 2008-02-23. [мртва врска]
- ↑ Football : Ivan Trickovski - Footballdatabase.com
- ↑ „Katanec calls-up uncapped Trickovski“. UEFA.com. 2008-01-23. Посетено на 2008-02-23.
- ↑ Irlanda, Trapattoni supera la Macedonia
- ↑ „Игор Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 202020“. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 22 мај 2021.
- ↑ „По Пандев, и Тричковски и Велкоски се откажаа од репрезентацијата“. tv21.tv. 22 јуни 2021. Посетено на 27 август 2022.
- ↑ 25,00 25,01 25,02 25,03 25,04 25,05 25,06 25,07 25,08 25,09 25,10 25,11 25,12 Во квалификациските кола.
- ↑ 26,0 26,1 4 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 27,00 27,01 27,02 27,03 27,04 27,05 27,06 27,07 27,08 27,09 27,10 27,11 27,12 27,13 27,14 27,15 27,16 27,17 27,18 Плејоф.
- ↑ 6 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 6 гола во квалификациските кола.
Надворешни врски
|
|