1987
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1987 MCMLXXXVII |
Ab urbe condita | 2740 |
Ерменски календар | 1436 ԹՎ ՌՆԼԶ |
Асирски календар | 6737 |
Бахајски календар | 143–144 |
Балиски календар | 1908–1909 |
Бенгалски календар | 1394 |
Берберски календар | 2937 |
Будистички календар | 2531 |
Бурмански календар | 1349 |
Византиски календар | 7495–7496 |
Кинески календар | 丙寅年 (огн. тигар) 4683 или 4623 — до — 丁卯年 (огн. зајак) 4684 или 4624 |
Коптски календар | 1703–1704 |
Етиопски календар | 1979–1980 |
Еврејски календар | 5747–5748 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2043–2044 |
- Сачка ера | 1908–1909 |
- Кали-југа | 5087–5088 |
Холоценски календар | 11987 |
Игбоански календар | 987–988 |
Ирански календар | 1365–1366 |
Исламски календар | 1407–1408 |
Јапонски календар | Шова 62 (昭和62年) |
Јавански календар | 1919–1920 |
Џуче-календар | 76 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4320 |
Мингуо-календар | Тајван 76 民國76年 |
Нанакшахи | 519 |
Тајландски сончев календар | 2530 |
Тибетски календар | 阳火虎年 (машки оган-тигар) 2113 или 1732 или 960 — до — 阴火兔年 (женски оган-зајак) 2114 или 1733 или 961 |
Униксно време | 536457600 – 567993599 |
1987 (MCMLXXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1987 година од новата ера, 987. од вториот милениум, 87. од XX век и осма од 1980-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7495 и 7496 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6737 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5747 и 5748 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2740.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1987 година се протега во 4623 и 4624, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4683 и 4684 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2530. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1407 и 1408 исламска година.
Настани
- 23 февруари - Супернова1987а е забележана, прва видлива супернова на Земјата од 1604.
- 6 март - Ферибот потонува во близина на пристаништето на Зебриж, Белгија. 180 мртви.
- 13 април - Португалија и Кина потпишуваат договор со кој Макао ќе и биде вратен на Кина во 1999.
- 11 мај - На Клаус Барби му се суди во Лион за воени злосторства направени во Втората светска војна.
- 4 јули - Клаус Барби е осуден на доживотен затвор.
- 31 јули - 400 ирански аџии загинуваат во Мека, во борба со силите на безбедност на Саудиска Арабија.
- 19 октомври - Црн понеделник: цените на акциите паѓаат драстично на светските финанскиски пазари.
- 22 октомври - Премиера на операта на Џон Кулиџ Адамс насловена како Никсон во Кина, во Хјустон, Тексас.
- 1 декември - Почеток на изградбата на Евротунелот.
- 8 декември - Започнува првата Интифада.
- 8 декември - Потпишан е договор за неширење на јадреното вооружување со среден дострел меѓу американскиот претседател Роналд Реган и советскиот водач Михаил Горбачов.
- Костариканскиот претседател Оскар Аријас добива Нобелова награда за мир.
Родени
- 19 април - Марија Шарапова, руска тенисерка
- 3 јуни - Масами Нагасава, јапонска глумица
- 28 септември - Хилари Даф, американска глумица и пејачка
- 24 јуни-Лионел Андрес Меси,аргентински фудбалер
Починале
- 22 февруари - Енди Ворхол, американски уметник
- 22 јуни - Фред Естер, американски глумец
- 7 август - Михаило Апостолски, македонски генерал