Каролински Острови

06°03′N 147°05′E / 6.050° СГШ; 147.083° ИГД / 6.050; 147.083

Карта на Каролинските Острови.
Местоположба на Каролинските Острови.
Залез во Јап.

Каролинските Острови (англиски: Caroline Islands, шпански: Islas Carolinas) со острови (архипелаг) во регионот Микронезија во Тихиот Океан, кои се наоѓаат северно од Нова Гвинеја. Политички, островотите се поделени меѓу Микронезија и Палау. Историски, островите биле именувани како Нови Филипини (Nuevas Filipinas)[1] бидејќи островите биле дел од Шпанската империја и биле управувани од гувернерот во Манила, Филипините.

Распространетост

Островската група е составена од околу 500 корални острови. Островите се наоѓаат северно од Нова Гвинеја и источно Филипините. Јап е еден од најголемите острови во архипелагот и тој е одделен од Манила околу 1200 км. Повеќето од островите се ниски, односно со мала надморска височина.

Култура

Месното население се дел од микронезиските народи и на островите се зборуваат јапски, понпејски, чучки, каролински, кошрајски и палуански јазик. Покрај овие на островите има и малцинско јапонско и филипинско население.

Главно занимиња на луѓето е хортикултурата и риболовството. Архитектурата на островите се заснова на локални материјали, меѓу нив и кокосови дрва и листови за покривање. Трговски јазик на островите е англискиот. Доминантна религија е Христијанството.

Наводи

Користена литература

  • Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  •  Оваа статија содржи текст од дело сега во јавна сопственостHerbermann, Charles, уред. (1913). Catholic Encyclopedia. Robert Appleton Company. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Region Datasheet at World Statesmen.org

Поврзано