Кетрин Зита-Џонс
Кетрин Зита-Џонс | |
---|---|
![]() Кетрин Зита-Џонс во 2012 Филмски фестивал Трибека | |
Роден(а) | Кетрин Зита-Џонс 25 септември 1969 Свонси, Велс |
Националност | велшка |
Занимање | Глумица |
Активен период | 1981–денес |
Сопружник | Мајкл Даглас (2000–денес) |
Деца | 2 |
Кетрин Зита-Џонс (англиски: Catherine Zeta-Jones) — велшка глумица родена на 25 септември 1969 година. Таа ја започнала својата кариера на сцена уште од рана возраст. Откако се појавила во голем број телевизиски филмови на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ја улогата во „Омилените мајски пупки“ од 1991 до 1993, таа се истакнала со улоги во Холивудски филмови како што се акцијата „Маската на Зоро“ во 1998 и крими трилерот „Замка“. Нејзино најголемо пробивање било со улогата во филмот „Сообраќај“ во 2000 година, за која го добила првиот Златен Глобус, номинирана за најдобра глумица.
Зита-Џонс ја играла улогата на Велма Кели во филмската адаптација на мјузиклот „Чикаго“ во 2000 година и добила Оскар за најдобра споредна женска улога и била номинирана за Златен Глобус за најдобра глумица. Подоцна, се појавила во романтичната комедија „Неподнослива суровост“ во 2003 и во „Дванаесетмина на Оушн“ во 2004. Таа исто така глумела во продолжението на филмот „Легендата за Зоро“ во 1998 и во романтичниот трилер „Спротивставување на смртта“.
Биографија
Кетрин Зита-Џонс е родена на 25 септември 1969 во Свонси, Велс. Нејзината мајка Патриција била шивачка, а татко и сопственик на фабрика за слатки. Нејзиниот татко потекнува од Велс, а нејзината мајка од Ирска. Нејзиното средно име, Зита, го наследила од нејзината баба, наречена по еден брод на простаништето во Свонси. Зита-Џонс има двајца браќа. Нејзиниот помлад брат, Стефан, е нејзин личен менаџер и продуцент за Милквуд Филмс. Нејзиниот друг брат, Крег, е каскадер. Зита-Џонс се школувала во училиштето Думбартон хаус во Свонси, но рано го напуштила поради големи амбиции кон глумата. Подоцна го посетувала училиштето за уметничко образование во Чизик, западен Лондон, како редовен ученик во три-годишен курс по музички театар.
Кариера и почеток на работата, 1986-1995
Нејзината кариера започнала уште во детството. Често глумела пред пријателите и семејството и била дел од локалната танцова дружина во училиштето за танци Хазел Џонсон, во црквата Сеинт Албан во Трибут. Таа достигнала професионално деби со водечката улога во „Ени“, производство на Свонси Гранд Театар. Кога имала 14 години, Зита-Џонс настапувала како Талула во филмската продукција на Багзи Малоун. Во 1986, на 17 годишна возраст била дел од хорот Игра во пижами во театарот Хеимаркет. Шоуто непосредно го обиколило Обединетото Кралство и во 1987, глумела во 24тата Улица, како Пеги Сојер во театарот Ројал, Друри Лејн. Кетрин била назначена за главна улога откако се разболеле двете глумици што ја глумле Пеги Сојер. Исто така ја играла улогата на Меи Џонс на уличната сцена на операта Курт Веил во Лондонскиот колосеум театар. Откако шоуто завршило, таа отпатувала за Франција каде што ја играла главната улога во филмот „1001 ноќ“ на францускиот режисер Филип де Брока.
Нејзините способности во танцување и пеење и биле сигурна иднина, но улога како Мариет во успешната Британска телевизиска серија „Омилените Мајски Пупки“ (1991-1993), која е обработка на истоимената новела на Х.Е. Батес, и донела големо внимание и ја направило една од омилените на Британскиот таблоид. Успешно флертуваше и со музиката, почнувајќи како дел од албумот на Џеф Веин во 1992 во музичката верзија на Спартакус, и синглот „ За сите времиња“ бил објавен во истата година. Оваа песна го достигнала 36-тото место на Британската листа. Ги објавила и сингловите „Во рацете на љубовта“, „Не можам да си помогнам себеси“, и дуетот со Дејвид Есекс „Патишта до вистинска љубов“, кои го достигнале 38-то место на Британската листа на синглови во 1994. Се појавила и во една епизода во американската телевизиска серија „Хроники на младиот Индијана Џонс“ (1992-1993) како и во филмот „Кристофер Колумбо: Откритието“ (1992). Во 1990, на 21 година, Зита-Џонс учествуваше во телевизиска реклама за Deutsche Bahn, играјќи ја улогата на млада жена која бега од мажот поради несреќен брак, улога која всушност и помогна да ја промовира својата кариера како глумица
Таа се прославила со многубројни телевизиски проекти како „Враќањето на Природата“ (1992-1993), филм заснован на истоимената новела на Томас Херди од 1878 и мини сериите „Катерина Велика“ (1995). Зита-Џонс исто така се појавила и во „Исчезнатиот наследник“ (1993), комедија со Ерик Идл, Рик Моранис и Џон Клиз. Во 1996, настапи во акциониот филм „Фантомот“, како злобната авијатичарка Сала, филм заснован на комедијата на Ли Фолк. Следната година, се појави во минисеријата „Титаник“ (1996), во кој исто така глумеле Питер Галагер, Тим Кури и Џорџ Скот.
Успех во кариерата, 1998-2003
Стивен Спилберг, кој ја забележал изведбата на Зита-Џонс во мини серијата „Титаник“(1996), ја препорачал на Мартин Кембел, режисерот на „Маската на Зоро“ (1998). Ја доблаи главната улога во филмот, заедно со Ентони Хопкинс и Антонио Бандерас. Таа научила да танцува, да јава, да мечува и посетувала часови за дијалект за да ја одигра улогата на Елена. За нејзината глума, списанието „Варајати“ напиша: „Зита-Џонс како центар на внимание е магична и слатка, и со импресивна грациозност се наслонува кон физичките потреби на својата улога. Добила многубројни награди, за најдобра глумица. Во 1999, заедно со Шон Конери, глумеле во филмот „Замка“, и со Лијам Нисон и Лили Тејлор во „Собиралиште на духови“. Следната година се појавила во „Сообраќаен метеж“ со нејзиниот иден сопруг Мајкл Даглас. Филмот добил награда од медиите, со критика од страна на Далас Обсервер нарекувајќи го филмот „извонреден успех во обработка на филм, прекрасна и брутална работа“. Улогата на Зита-Џонс ја добила нејзината прва номинација за Златен глобус за најдобра глумица како и многу други номинации и признанија. Ја добила главната улога во романтичната комедија „Американски драги“ (2001), заедно со Џулија Робертс, Били Кристал и Џон Кјузак. Филмот не добил добри коментари и забелешки, списанието „Лос Анџелес Викли“ изјави за филмот „не само што е обичен, туку е и агресивен и арогантен“. И покрај тоа, филмот бил хит и се продал низ светот за повеќе од 138 милиони американски долари. Таа во филмот ја игра улогата на Гвен Харисон, која е филмска ѕвезда.
Во 2002, Зита-Џонс ја добила улогата на смртоносната Велма Кели, филм кој е адаптација на Бродвеј мјузиклот „Чикаго“. Нејзината глума во филмот била добро прифатена од страна на критичарите; известувач за „Сиетл Пост“ изјави: „Зита-Џонс е прекрасно злобна божица“. Списанието „Стејт“ исто така го пофалил нејзиното глумење, изјавувајќи „таа има постојана доверба, која ви го одзема вниманието од не секогаш течно танцување, и покрај тоа, таа е совршена професионална танчерка, со магични раце и нозе и умерено деколте.“
„Чикаго“ (2002) бил трговски успех, со заработка над 306 милиони американски долари, и добил универзално признание. Во 2003, таа го читала ликот на Марина во анимираниот филм „Синбад: Легендата за седумте мориња“ заедно со Бред Пит, и глумела како распуштеницата Мерилин Ретрокс во црната комедија „Неподносливо злобно“ заедно со Џорџ Клуни.
2004-2009
Во 2004, Џонс ја играла улогата на стјуардесата Амелиа Варен во „Терминал“ како и Еуропол агент Изабел Лаири во „Дванаесетмина на Оушн“, продолжението на „Единаесетмина на Оушн“. Таа заедно со останатите членови што настапувале беа номинирани за најдобри настапувачи. Во 2005, ја повтори улогата на Елена во „Легендата за Зоро“, продолжение на филмот „Маската на Зоро“ (1998). Филмот добил негативно-мешани критики; и покрај тоа критичарите ги признале поединечните изведби на глумците Бандерас и Зита-Џонс. „Легендата за Зоро“ се продала низ светот за повеќе од 142 милиони американски домари. Во 2007, глумела со Арон Екарт и Абигејл Бреслин во американската романтична комедија и драма „Без резервации“ римејк на германскиот филм „Претежно Марта“ (2001), за кој таа добила номинација од „Избор на народот“. Филмот добил измешани или просечни критики, но бил комерцијално успешен, имал заработувачка од 92 милиони американски долари низ целиот свет. Клаудија Пуиг, во весникот „USA Today“ напиша: „блеска како карактер и нежно балансира одбивна резерва со симпатична жалба“. Во 2008, заедно со Гај Пирс и Сајорс Ронан глумеа во филмот „Спротивставувајќи и се на смртта“, биографија за легендарниот илузионист Хари Худини во врвот на својата кариера во 1920-тите. Филмот бил добро прифатен од страна на критичарите. „Вју Лондон“ истакна: „Зита-Џонс исто така добро се снаоѓа со исклучително импресивниот Единбуршки акцент и прекрасно е да ја гледаш во пристојна улога.“ Во 2009, Зита-Џонс глумела во романтичната комедија „Одбивање“, во кој таа играла 40-годишна мајка на две деца, која се вљубува во помлад човек, кој го игра Џастин Барта. Филмот играл во кината во неколку земји во 2009 година. Во САД, филмот бил објавен на 7 февруари 2012 година. Во август, 2009 година, се најавувало дека ќе и се врати на музиката, и дека ќе направи Бродвеј деби со обновување на песната „Мала ноќна музика“ со Ангела Лансбури, почнувајќи од декември 2009 година. За изведбата, Зита-Џонс добила многубројни награди за најдобра главна улога во мјузикл. Даун Френч и Џенифер Даундерс во своето телевизиско скеч-шоу „Френч енд Саундерс“ ја исмејаа Зита-Џонс како глупава славна личност наречена „Кетрин Спартакус-Зита-Даглас-Џонс“ (опишана како принцеза на династијата Спартакус или кралицата на Велс) во серијата „Враќање со одмазда“ (Улогата на Спартакус ја играл свекорот на Зита-Џонс). „Кетрин Спартакус-Зита-Даглас-Џонс најизменично зборува со силен велшки акцент и силен американски акцент и употребува велшки изрази кога зборува“. Таа исто така е исмејана од страна на Дебра Стефенсон во Би Би Си комичното скеч шоу „Импресивно шоу“, дека во „Убавицата и Ѕверот“ најизменично чита со велшки и американски акцент. Зита-Џонс се споменува во песната „Холивуд“(2010) од Марина и дијамантите, во делот„ О Господи, ти изгледаш исто како Шакира, не, не, ти си Кетрин Зита, всушност моето име е Марина“. Зита-Џонс исто така е рекламски гласноговорник, моментално глобална гласноговорничка за козметичкиот гигант Елизабет Арден. Се појави и во многубројни телевизиски реклами, за компанијата за телефони „Т-Мобиле“, и за „Алфа Ромео“. Таа исто така е гласноговорник за накитот на Ди Модоло. Била назначена како командир во ред на британска империја (СВЕ) во 2010 во Birthday Honors. Се појави на неколку насловни страници на списанија како „Алур“, „Харперс Базар“, „Венити Фер“ и „Вог“. Била избрана како една од најубавите личности во 1998, од страна на списанието „Пипл“, и рангирана на 68-то место во „ФХМ“ во „100 најсекси жени во светот 2005“ на која била на 82-то место.
Приватен живот
Зита-Џонс и глумецот Мајкл Даглас, се родени на ист датум, но тој е 25 години постар од неа. Го запозна на Довил Филм Фестивал во Франција во август 1998, претставен од страна на Дени ДеВито. Тие почнале да се состануваат во март 1999. Зита-Џонс тврди дека кога се запознале, тој и рекол „сакам да бидам татко на твоите деца“. Се вериле на 31 декември 1999 и се венчале во хотелот „Плаза“ во Њујорк на 18 ноември 2000, една недела по финализирањето на разводот на Даглас. На нивната свадба пеел традиционален Велшки хор (Cor Cymraeg Rehoboth). Нејзиниот велшки златен прстен е со келтски мотив и е купен во велшкиот град Абериствит.
Тие имаат две деца. Нивниот син, Дилан Мајкл Даглас (крстен по Дилан Томас), роден на 8 август 2000 година, со бременоста на неговата мајка, учествуваше во филмот „Трафик“(2000). Нивната ќерка, Керис Зита Даглас е родена на 20 април 2003 година. Во 2004 година, Даглас и Зита-Џонс поднеле тужба против манијакот Даунет Најт, кој била обвинет за праќање насилнички писма на двојката, кои содржеле закани за животот на Зита-Џонс. Сведочејќи, Зита-Џонс изјави дека заканите ја растревожиле и доживеала растројство. Најт потврдила дека таа била вљубена во Даглас и ги признала навредите, кои се случиле од октомври 2003 до мај 2004 година. На Најт и била изречена три годишна казна затвор.
Во април 2011, Зита-Џонс била на третман за ментално растројување, во Силвер Хил болницата во Њу Канаан, Конектикат. Таа повторно се провери во здравствен центар за понатамошни третмани поврзани со нејзината болест.
Во август 2011 година, било изјавено дека Зита-Џонс се обидува да се откаже од цигарите со помош на употреба на електронска цигара. Двајцата со нејзиниот сопруг воделе битка за да се откажат од цигарите, додека Даглас бил под третмани за четврта фаза рак на грло.
Поврзано
- Список на луѓе од Велс
Надворешни врски

- Кетрин Зита-Џонс на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Кетрин Зита-Џонс на People.com (англиски)
- Предлошка:Allrovi person
- Кетрин Зита-Џонс на Charlie Rose
- Дела од или за Кетрин Зита-Џонс во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Кетрин Зита-Џонс собрани вести и коментари на The New York Times
|