Костур (општина)

Општина Костур
Δήμος Καστοριάς

Карта на општина Костур
Податоци
Област: Западна Македонија
Округ: Костур
Гео. област: Костурска Котлина
Население: 32.912 (2021)
Седиште: Костур
Нас. места: 55
Пошт. бр.: 520 00
Пов. бр.: 24670-2 до 3
Портал: kastoriacity.gr

Костур (грчки: Δήμος Καστοριάς, Димос Касторијас) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е истоимениот град Костур.

Населени места

Општина Костур е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на девет административни единици — општините Костур, Света Троица, Четирок, Корешта, Свети Врач, Македон (Македни), Вич, Клисура и општинската целина Кастраки.

Напомена: Називите на општините „Кастраки“ и „Македни“ се произволно дадени грчки називи што не се однесуваат на ниедно постоечко место. Општините Света Троица и Свети Врач се наречени по манастирите што се наоѓаат на нивна територија.

Општинска единица Вич

Поранешната општина Вич на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Вич со седиште во Тиолишта (Тихио) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Тиолишта
  • Општински оддел Блаца
  • Општински оддел Вишени
  • Општински оддел Кондороби
  • Општински оддел Черешница
  • Општински оддел Шестево
  • село Шестево (или Шестеово; Σιδηροχώρι, Сидирохори)

На територијата на општинската единица се наоѓало и денес напуштеното село Бапчор (Вапсори, Пименико).

Општинска единица Кастраки

Поранешната општинска целина Кастраки на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Кастраки опфаќа само две села — седиштето Косинец (Ιεροπηγή) и Д’мбени (Δενδροχώρι).

На територијата на општинската единица се наоѓало и денес напуштеното село Лобаница (Агиос Димитриос).

Општинска единица Клисура

Поранешната општина Клисура на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Клисура се состои од само едно населено место — Клисура (Влахоклисура).

Општинска единица Корешта

Поранешната општина Корешта на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Корешта со седиште во Корешта (Неос Икисмос или Корестија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Габреш
  • село Корешта (Νέος Οικισμός или Κορέστια, Неос Икисмос или Корестија)
  • село Габреш (Γάβρος, Гаврос)
  • Општински оддел Дреновени
  • Општински оддел Жервени
  • село Жервени (Άγιος Αντώνιος, Агиос Антониос)
  • Општински оддел Кономлади
  • Општински оддел Поздивишта
  • Општински оддел Статица
  • Општински оддел Чрновишта
  • село Чрновишта (или Чрновишча; Μαυρόκαμπος, Маврокамбос)

Општинска единица Костур

Поранешната општина Костур на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Костур со седиште во Костур ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Костур

Општинска единица Македон

Поранешната општина Македни на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Македон или Македни со седиште во Маврово (Маврохори) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места од областа Пополе:

  • Општински оддел Маврово
  • Општински оддел Дупјак
  • Општински оддел Личишта
  • село Личишта (или Личишча; Πολυκάρπη, Поликарпи)

Општинска единица Света Троица

Поранешната општина Костур на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Света Троица со седиште во Мањак (Мањаки) има ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Мањак
  • село Мањак (Μανιάκοι, Мањаки)
  • Општински оддел Брештени
  • Општински оддел Галишта
  • село Галишта (или Галишча; Ομορφοκκλησιά, Оморфоклисија)
  • Општински оддел Желогоже
  • село Желогоже (или Желегоже; Πεντάβρυσο, Пендаврисо)
  • село Псоре (Υψηλό, Ипсило)
  • Општински оддел Желин (1 074)
  • село Желин (Χιλιόδενδρο, Хилиодендро)
  • село Изглибе (Πορειά, Порија)
  • Општински оддел Жупаништа (792)
  • Општински оддел Сливени
  • Општински оддел Цакони

Општинска единица Свети Врач

Поранешната општина Свети Врач на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Свети Врач со седиште во Горенциги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Горенци
  • Општински оддел Загоричани
  • Општински оддел Куманичево
  • Општински оддел Олишта

Општинска единица Четирок

Поранешната општина Четирок на картата на некогашниот округ Костур.

Општинската единица Четирок со седиште во Четирок (Месопотамија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Четирок
  • Општински оддел Горно Папратско
  • Општински оддел Добролишта
  • Општински оддел Ошени
  • Општински оддел Света Недела

На територијата на општинската единица се наоѓало и некогашното село Трстика (Ακόντιο, Акондио).

Поврзано

Етничка карта на Општина Костур

Наводи

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски