Пополе
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f4/%CE%9F%CE%BE%CF%85%CE%AC_%CE%9A%CE%B1%CF%83%CF%84%CE%BF%CF%81%CE%B9%CE%AC%CF%82.jpg/250px-%CE%9F%CE%BE%CF%85%CE%AC_%CE%9A%CE%B1%CF%83%CF%84%CE%BF%CF%81%CE%B9%CE%AC%CF%82.jpg)
Пополе или Пополие (грчки: Πόπολη, Пополи) — историско-географска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Ги опфаќа селата на север и исток од Костурското Езеро, меѓу планините Вич од север и Горенска Планина (продолжение на Сињак) од југ.
Историја
Познато е дека во втората половина на XIII век областа Пополија имала статус на катепанат, по раситнувањето на оваа некогаш крупна управна единица на византиската држава под власта на династијата Палеолози.[1]
Населени места
Во Пополието влегуваат 22 населени места во Костурско, од кои денес 20 се во општината Костур, а 2 во општината Рупишта. Понекогаш во областа се вбројува и селото Мокрени од општината Суровичево, Леринско.[2][3]
Поврзано
- Корешта
- Костенарија
- Горенска Планина
- Костурско Поле
Наводи
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Административно-територијална поделба на Македонија во средниот век“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 21. Text "series " ignored (help)
- ↑ Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 317.
- ↑ Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 7.
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. Архивирано од изворникот на 2016-04-18. Посетено на 2019-04-23.