Мај
Мај или косар — петтиот месец во годината според грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите, мај е осми месец.
Во Јапонија се зборува за т.н. “мајско боледување“, односно боледување кое е типично за учениците и работниците кои почнуваат да чувствуваат замор од учењето и работата. Причината за таквата истоштеност е јапонскиот обичај учебната и работната година да започнува на 1 април.
Потекло на поимот
Месецот мај името го добил или според старогрчката божица на природата Маја, или според древноримската божица на плодноста Бона Деја, чиј празник бил во мај.
Старословенското име на овој месец било тревен, буквално „тревен месец“; месец во кој никнува тревата.
Празници во мај
- 1 мај - Меѓународен ден на трудот
- 6 мај - Свети Георгиj Победоносец[1] (Ѓурѓовден)
- 9 мај - Ден на победата над фашизмот
Мај како тема во уметноста и во популарната култура
- „Мај“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[2]
- „Мајска песна“ - песна на Јохан Волфганг Гете.[3]
- „Месец за уживанција“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.[4]
- „Што се случува во мај“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.[5]
- „Мајска ноќ“ — поетизирана проза на македонскиот писател Блаже Конески од 1961 година.[6]
- „Мајска песна“ (хрватски: Svibanjska pjesma) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[7]
- „Мај“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[8]
- „Ден за љубов“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.[9]
- „Мајски барјаци“ - песна на францускиот поет Артур Рембо.[10]
- „Љубов до крај“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.[11]
- „16 мај 1973 година“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[12]
Наводи
- ↑ Светиот великомаченик Георгиј
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.
- ↑ Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 9-10.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 61.
- ↑ Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 62-63.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 164.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 13-16.
- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 25.
- ↑ Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 27.
- ↑ Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 73.
- ↑ Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 55.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 284-285.
|