Нарцис (растение)

Жолти нарциси.

Нарцис (штркоцвеќе или штрково цвеќе; науч. Narcissus) — род од семејството на кокичињата. Обединува 60 вида кои потекнуваат од умерените региони на средна и западна Европа, Западна Азија и Северна Африка. Многу видови од овој род се ценети од одамна и се одгледуваат како украсни растенија. Создадени се над 12 000 култивирани сорти со сложено хибридно потекло, кои се опфатени со името Narcissus x hybrida hort.

Опис

Ова растение има многу подвидови. Покрај ова, селекционерите непрекинато експериментираат со него. Новите сорти поседуваат покрупни цветови, постабилни дршки, поразнообразни нијанси на цветовите - бели, кремасти, жолти, со различен интензитет. Различните видови цветаат од март до мај и достигнуваат од 20 до 60 cm во височина. Како и останатите луковичести растенија, и нарцисот се размножува преку стари и нови луковици, кои треба да се садат во текот на есента на длабочина од 10 – 15 cm. Сака сонце или полусенка и вирее на секаква градинарска почва. Луковицата и цветовите содржат алкалоиди.

Одгледување

Нарцисите претпочитаат сончеви или малку засенети места. Не поднесуваат варовникови и заблатени почви - идеално се развиваат на ровка песочно-глинеста почва, наѓубрена со прегорено шталско ѓубре. Растенијата имаат потреба од обилно полевање без задржување на вода во почвата, особено по цветањето, бидејќи тогаш во луковицата се зародува новиот цвет.

Садењето на луковиците треба да се одвива во втората половина на септември до почетокот на октомври, бидејќи тогаш е период на разлистување по летното мирување, и под површината на почвата започнува да расте новиот летораст. Со настапувањето на негативните температури, растењето запира и се обновува рано напролет. По цветањето во април - мај, лисјата се зачувуваат уште некое време, фотосинтетизираат, собираат резервни хранливи материи во лушпите на луковицата. Во јуни лисјата се сушат, корените исто така, и растенијата влегуваат во период на мирување.

Првото ѓубрење со вештачки ѓубрива се прави кога настапува растителноста, второто при појавата на цветоносното стебло и третото на крајот на цветањето. На почетокот поинтенизвно се користи азотното ѓубре, а потоа калиумовото и фосфорното. Полевањето во текот на вегетативниот период помага за зголемување на цветоносното стебло, го продолжува периодот на цветање и образувањето на покрупни луковици.

Нарцисите лесно се размножуваат со одделување на новите луковички кои процветуваат во втората, третата година. Луковичките се одделуваат од мајчината луковица во втората половина на летото; на крајот на летото поголемите се засадуваат подлабоко, а малите поплитко. За разлика од лалето и зумбулот, нарцисите можат да останат до 5 години на едно исто место, без тоа да се одрази на цветањето и развитокот.

Видови

  • Narcissus abscissus
  • Narcissus alpestris
  • Narcissus assoanus
  • Narcissus asturiensis
  • Narcissus atlanticus
  • Narcissus aureus
  • Narcissus barlae
  • Narcissus bertolonii
  • Narcissus bicolor
  • Narcissus broussonetii
  • Narcissus bulbocodium
  • Narcissus calcicola
  • Narcissus canariensis
  • Narcissus cantabricus
  • Narcissus cavanillesii
  • Narcissus corcyrensis
  • Narcissus cordubensis
  • Narcissus cuatrecasasii
  • Narcissus cupularis
  • Narcissus cyclamineus
  • Narcissus cyprii
  • Narcissus dubius
  • Narcissus elegans
  • Narcissus fernandesii
  • Narcissus canaliculatus
  • Narcissus gaditanus
  • Narcissus hedraeanthus
  • Narcissus hispanicus
  • Narcissus italicus
  • Narcissus jonquilla
  • Narcissus longispathus
  • Narcissus macrolobus
  • Narcissus minor
  • Narcissus moschatus
  • Narcissus nanus
  • Narcissus nevadensis
  • Narcissus nobilis
  • Narcissus obesus
  • Narcissus obvallaris
  • Narcissus ochroleucus
  • Narcissus pachybolbus
  • Narcissus pallidiflorus
  • Narcissus panizzianus
  • Narcissus papyraceus
  • Narcissus poeticus
  • Narcissus polyanthos
  • Narcissus portensis
  • Narcissus provincialis
  • Narcissus pseudonarcissus
  • Narcissus pumilus
  • Narcissus radiiflorus
  • Narcissus romieuxii
  • Narcissus rupicola
  • Narcissus scaberulus
  • Narcissus serotinus
  • Narcissus tazetta
  • Narcissus tortifolius
  • Narcissus triandrus
  • Narcissus viridiflorus
  • Narcissus willkommii

Надворешни врски