Паратироидниот хормон (PTH, паратхормон, паратирин) го лачат паратироидни клетки од параштитната жлезда како полипептид кој содржи 84 аминокиселини. Тој делува така што ја зголемува концентрацијата на калциумот (Ca2+) во крвта, додека калцитонинот (хормонот кој го произведуваат парафоликуларните клетки (Ц клетки) од штитната жлезда) ја смалува концентрацијата на калциумот.
-{PTH}- делува така што ја зголемува концентрацијата на калциум во крвта. Тој се врзува за рецепторот на паратироидниот хормон1 (кој е присутен во висока концентрација во коските и бубрезите) и за рецепторот на паратироидниот хормон 2 (кој e високо изрзен во централниот нервен систем, во панкреасот, тестисите, и постелката).[1] -{PTH}- полураспадот e приближно 4 минути.[2] Тој има молекуларна маса 9,4 kDa.[3]
Структура
-{hPTH}--(1-34) се кристализира како незначително свиткан, долг завоен димер. Анализата покажала дека алфа завојната конформација-{hPTH}--(1-34) е веројатно биоактината конформација .[4]
Стимулатори
Смалено ниво на серумски [-{Ca}-2+].
Благо покачено ниво на серумски [-{Mg}-2+].
Покаченото ниво на серумски фосфат (зголемена концентрација на фосфати предизвикува образување на калциум фосфат, со што се редуцира стимулацијата на -{Ca}--чувствителни рецептори (-{CaSr}-) кои не реагираат на калциум фосфат, па доаѓа до покачување на нивото на -{PTH}- .
Инхибитори
Покачено ниво на серумски [Ca2+].
Силно смален серумски [Mg2+], кој исто предизвикува симптоми хипопаратироидизам (како што е хипокалцемија).[5]