Пасифлора
Пасифлора е род од семејството Passifloraceae. Овој род го именуваше целото семејство Passifloraceae. Цветовите донекаде личат на круна од трње и од тука му е и името - од латински passio: страдање и генитив од flos - floris: цвет. Шпанските освојувачи го донеле во Европа на почетокот на 17 век.
Пасифлора е повеќегодишно лијанесто растение со потекло од Јужна Америка. Може да порасне до 8 метри.Има и видови кои растат како грмушки или дрва.[1]
За успешно одгледување на ова растение во соба треба да се има на ум дека пасифлора бара многу светлина, сонце и проветрен простор. Бидејќи има долги ластари, држачите најчесто се ставаат во круг. Ластарите и изданоците се сечат во пролет. Ако воопшто не процветаат, главниот изданок треба да се отсече над 4 или 6 лист. Гранките што никнуваат од главното стебло треба повторно да се исечат над 2 до 3 лист, бидејќи пасифлората цвета исклучиво на родното гранче. Цвета од јуни до август. Цветовите се миризливи со дијаметар од 5-8 см, ливчињата се бледо виолетови, а од нивната основа растат розови до виолетови цветни ливчиња.
Плодовите се бобинки во облик на јајце со многу семиња. Дозреваат кон крајот на летото и почетокот на есента. Плодовите се богати со витамин Ц, калциум и железо.
Пасифлората има долга традиција како лековито растение. Древните јужноамерикански Индијанци ги сметале нејзините цвеќиња за животен еликсир и ги ставале во вода за пиење. Денес, најважните лековити состојки се сметаат за флавоноиди и малтол, кои имаат смирувачки и успивачки ефект.[2]
Најпознати видови: Passiflora edulis, Passiflora laurifolia,Passiflora quadrangularis, Passiflora ligularis, чии плодови се овошја кои се користат во исхрана познати гранадила и маракуја, а има видови кои се одгледуваат као украсни растенија на пр. Passiflora caerulea, додека Passiflora incarnata е лековито растение.[3]
Примери од родот
Постојат 513 признати видови, а значителен број од оние чиј статус се уште не е решен, односно се уште не е утврдено дали се посебен вид или дали се именувани од други.
|
|
|
|
Галерија
-
Цветна пупка на пасифлора
-
Хибридна пасифлора меѓу бразилскиот вид P. cincinnata и американскиот вид P. incarnata
-
Цветање во чаша со вода
Наводи
Преглед на наводите
- ↑ Ulmer, Torsten; McDougal, John M. (2004). Passiflora - Passion Flowers of the World. Portland: Timber Press. стр. 158–159.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Passionflower: Usefulness and Safety“. NCCIH (англиски). Посетено на 2025-01-08.
- ↑ „Passion Flower Uses, Benefits & Dosage - Drugs.com Herbal Database“. Drugs.com (англиски). Посетено на 2025-01-08.