Пасош

Предната корица на современ македонски биометриски пасош

Пасош е патна исправа за патување во странство, освен во посебни случаи кога државите меѓсебно, преку билетарни спогодби, дозволуваат влез на својата територија со лична карта. Зборот пасош доаѓа од унгарскиот збор paszus, кој пак е изведен од германскиот збор Pass.

За време на престојот во странство, патната исправа служи за потврдување на индентитетот и како доказ за државјанство. Носителот на пасошот е должен губењето документите да го пријави без одложување на надлежните органи за издавање патни исправи и виза, а во странство најблискиот дипломатски или конзуларното претставништво на државата, кое има обврска да пружи конзуларна помош и заштита.

Во 2018 година, пасошот на Јапонија овозможувал патување во најголем број земји без виза - дури 189, а на второто место биле пасошите на Сингапур и на Германија (188 земји), а германскиот пасош бил на првото место во претходните пет години. На третото место во 2018 година биле пасошите на: Јужна Кореја, Финска, Франција, Италија, Шпанија и Шведска.[1]

Видови

Постојат повеќе видови пасоши:

Некои земји издаваат и посебен пасош за малолетни лица, кој се нарекува детски пасош.

Пасошот како тема во уметноста

Поврзано

Литература

Надворешни врски

Наводи

  1. „Најјак пасош во светот“, Betty магазин, година V, број 54, август 2018, стр. 8.
  2. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 15-37.
  3. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 175-178.
  4. Очудувања #1 #2 (кратки раскази). Скопје: Бегемот, 2018, стр. 67.