Петар I Караѓорѓевиќ
Петар I Караѓорѓевиќ | |
---|---|
Крал Петар во 1904 | |
Крал на Србите, Хрватите и Словените | |
На престол | 1 декември 1918 – 16 август 1921 |
Наследник | Александар I Караѓорѓевиќ |
Регент | Престолонаследникот Александар (1918–1921) |
Крал на Србија | |
На престол | 15 јуни 1903 – 1 декември 1918 |
Крунисување | 21 септември 1904 |
Претходник | Александар I Обреновиќ |
Регент | Престолонаследникот Александар (1914–1918) |
Роден(а) | 11 јули [ст. ст. 29 јуни] 1844 Белград, Кнежевство Србија |
Починал(а) | 16 август 1921 Белград, Кралство на Срби, Хрвати и Словенци | (возр. 77)
Почивалиште | Црква Св. Ѓорѓи |
Сопружник | црногорска принцеза Љубица |
Деца | Јелена Милена Ѓорѓе Александар Андрија |
Династија | Караѓорѓевиќ |
Татко | Александар Караѓорѓевиќ |
Мајка | Персида Ненадовиќ |
Вероисповед | Православен Србин |
Воена служба | |
Држава | Кнежевство Србија Кралство Србија Предлошка:Country data Кралство Југославиа Кралство на Срби, Хрвати и Словени |
Служба | 1855–58 (end of active service) |
Чин | фелд маршал |
Петар I Караѓорѓевиќ (Белград, 11 јули 1844 година - Белград, 16 август 1921 година) бил крал на Србија, од 1903 до 1918 година и крал на Србите, Хрватите и Словените (т.е. Кралството СХС) од 1918 до 1921 година.
Петар Караѓорѓевиќ бил Караѓорѓевиот внук и трет син на Персида и кнезот Александар Караѓорѓевиќ, кој бил присилен да абдицира после Светоандрејското собрание. Петар со семејството живеел во странство. Се борел во француската војска во Француско-пруската војна. Се придружил како доброволец под псевдонимот Петар Мркоњиќ во босанско-херцеговачкото востание.
Се оженил во 1883 година со црногорската принцеза Зорка, ќерката на кнезот Никола. Со неа имал пет деца, вклучувајќи го и наследникот Александар. После смртта на татко му во 1885 година, Петар станал глава на династијата Караѓорѓевиќ. По Мајскиот преврат и убиството на кралот Александар Обреновиќ во 1903 година, избран е за крал на Србија. Како крал се залагал за уставното уредување на земјата и бил познат по својата либерална политика.
Кралот Петар бил врховен командант на српската војска во Балканските војни. Поради старост на 24 јуни 1914 година, ги префрлил кралските овластувања на неговиот син, престолонаследникот Александар. Во Првата светска војна се повлекувал со војската преку Албанија. Бидејќи бил крал на Србија во периодот на големите српски војни успеси, во српскиот народ останал запамтен како кралот Петар Ослободител (исто така познат и како Стариот крал).
Со основањето на Кралството на Срби, Хрвати и Словени (кралството СХС) на 1 декември 1918 година тој станал крал на кралството, и останал сè до својата смрт на 16 август 1921 година.
Животопис
Младост
Роден е како петто дете на принцот (кнезот) Александар и принцезата Персида (од семејството Ненадовиќ), на 29 јуни/11 јули 1844 година. Неговиот прв воспитувач бил Чех, д-р Вилем Габлер, во текот од 1852 до 1854 година. Основно училиште и гимназија завршил во Белград, а понатамошното школување го завршил во Швајцарија во заводот Венел-Оливија во Женева. По завршеното школување во септември 1961 година, младиот кнез Петар се запишува на парискиот Колеџ Сен-Барб, а во 1962 година во познатата Воена Академија Сен-Сир. Неа ја завршува во 1864 година. Во Париз се занимавал со фотографирање и сликарство, и го усовршувал своето воено и политичко образование. Тоа му ја отворило идејата за политички либерализам, парламентаризам и демократија. На почетокот на 1868 година, кнезот Петар во Виена го отпечатил својот превод на книгата од англискиот политичар и филозоф Џон Струјарт Мил, со свој предговор, кој подоцна ќе стане негова политичка програма.
Политички живот
После убиството на кнезот Михаило во мај 1868 година, политичките кругови кои биле блиски на династијата Обреновиќ се приклучиле во новиот српски Устав и одредбата со која на семејството Караѓорѓевиќ му се одзема целиот имот.
Петар, во 1870 година, се придружил на Легијата на странци во француската војска и со неа учествувал во бројни борби, и затоа е награден со споменик за војна од 1870. Во 1875 година работел на организирањето и активното учество во босанско-херцеговачкото востание под псевдоним Петар Мркоњиќ. После неуспешната Тополска одбрана во 1877 година, водел жива политичка активност.
Во летото 1883 година се оженил со принцезата Љубица-Зорка, најстарата ќерка на црногорскиот кнез (принц) Никола. Во тој брак родени се пет деца: ќерките Јелена и Милена (умрела како дете), и синовите Ѓорѓе (се откажал од правото за наследство на престолот во 1909 година), Александар и Андрија (умрел како дете). После пократок одмор во Париз, семејството Караѓорѓевиќ се преселило, каде останале следните десет години. Поради лоша материјална положба, кнезот Петар ја продал куќата во Париз во 1894 година, и се преселил со семејството во Женева. Неговите контакти со луѓето од Србија никогаш не престанале, пред сè со Никола Пашиќ, првак на Радикалната партија и со Алекса Жујовиќ, исто така виден како член на Радикалната партија со кој се дружел и во скривалиштето во Западна Србија и Босна, и така било направено доживотно пријателство.
Во текот на 1897 година, кнезот Петар заминал во Русија, и бил примен кај царот Никола II. Три години подоцна пробал да се договори со кралот Александар Обреновиќ за признавањето за кнежевната титула и враќањето на одземениот имот, но без успех. Кнезот Петар уште повеќе ја зајакнал својата политичка активност за враќањето во Србија. Во 1901 година, настојувал на тоа да влези во поблиски односи со Австроунгарија, нудејќи и ја неговата политичка програма.
Крал на Србија
Во ноќта помеѓу 28 и 19 мај 1903 година, официри на заговорниците го убиле кралот Александар и кралицата Драга. Војската ивршила државен удар, и го прогласила кнежевиќ Петар Караѓорѓевиќ за крал на Србија, што со својот избор го потврдило Народното Собрание на 2 јуни/15 јуни. После 45 години потомството на Караѓорѓевиќ повторно доаѓа на чело на српската држава, со што почнува нов период во неговиот развој. Крунисан е на 21 септември 1904 година.
Од самиот почеток на своето владеење, кралот Петар I се соочил со сериозни препреки. Земјата била растргната со внатрешна политичка борба, а Австроунгарија, веднаш ненаклонета на новиот српски крал, станала набрзо отворен непријател на Србија, особено по кризата предизвикана од анексијата на Босна и Херцеговина во 1908 година.
Балканските војни
Првата балканска војна против Турција 1912 година, и Втората - против Бугарија 1913 година - се завршиле со триумфот на српската војска под врховна команда на кралот Петар I, и ослободувањето на Рашката област, Косово, Метохија и Македонија и нивното припојување кон Србија. Тој ја потпишал и објавил Прокламацијата за присоединувањето во 1913 година.
Поради постојаните и тешки напори во Балканските војни, здравствената состојба на кралот Петар I се влошила.
Првата светска војна
„Црна рука“[1] ја претставувала сржта на војничката опозиција на цивилната влада. Скривајќи се позади војската или опозицијата, членовите на „Црна рука“ го приморале кралот Петар I да ја расформира владата на Никола Пашиќ, без разлика на тоа што Народната радикална партија имала поголема бројчена вредност во Народното собрание. Дури после руската интервенција и можеби со помош на францускиот капитал, кризата е решена во Пашиќева корист, а кралот Петар бил приморан да се повлече, наводно поради болест, а на 24 јуни 1914 година ги пренел кралските овластувања на престолонаследникот Александар. Месец дена подоцна, Австроунгарија и објавила војна на Србија, со што ја започнала Првата светска војна. Веста за Првата светска војна ја добива во Врањската бања и оттаму заминува на фронт. После победата на Цер и Колубара во 1914 година, после влегувањето на Германија и Бугарија во војната во 1915 година, српската војска била принудена на повлекување и на напуштање на земјата.[2]
Албанската голгота оставила голема трага врз здравјето на остарениот крал. Тој сепак доживеал да дочека победа и ослободување на Србија, и основањето на новата држава настаната со обединувањето на Србите, Хрватите и Словените.[2]
Смрт и погреб
Починал на 16 август 1921 година во Белград, а погребан е на 22 август.
После смртта, во знак на траен спомен и благодарност кон кралот Петар, Народното собрание едногласно се согласило на кралот Петар да му се даде име Петар Големиот Ослободител.
Занимливости
- Сочуван е автомобил од времето на неговот управување со државата.
- За време на неговото крунисување, снимен е „Крунисање краља Петра I“ филм.
- По него се викаат градот Мркоњиќ, Медалот на Петар Мркоњиќ, улицата на кралот Петар I во Смедерево, Споменик на Кралот Петар I Караѓорѓевиќ, Петрова куќа, куќата на кралот Петар I Караѓорѓевиќ.
- Снимени се повеќе филмови за него. Некои од нив се: „Где цвета лимун жут“ (2006), „Краљ Петар Први у славу Србије“ (2018).
Наводи
Петар I Караѓорѓевиќ Роден(а): 29 јуни 1844 Починал(а): 16 август 1921
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Александар Обреновиќ |
Крал на Србија 15 јуни 1903 – 1 декември 1918 |
Проширување на државата прогласен за крал на Србите, Хрватите и Словенците
|
Нова титула | Крал на Србите, Хрватите и Словенците 1 декември 1918 – 16 август 1921 |
Наследник Александар I Караѓорѓевиќ |
|