1903
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1903 MCMIII |
Ab urbe condita | 2656 |
Ерменски календар | 1352 ԹՎ ՌՅԾԲ |
Асирски календар | 6653 |
Бахајски календар | 59–60 |
Балиски календар | 1824–1825 |
Бенгалски календар | 1310 |
Берберски календар | 2853 |
Будистички календар | 2447 |
Бурмански календар | 1265 |
Византиски календар | 7411–7412 |
Кинески календар | 壬寅年 (вод. тигар) 4599 или 4539 — до — 癸卯年 (вод. зајак) 4600 или 4540 |
Коптски календар | 1619–1620 |
Етиопски календар | 1895–1896 |
Еврејски календар | 5663–5664 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1959–1960 |
- Сачка ера | 1824–1825 |
- Кали-југа | 5003–5004 |
Холоценски календар | 11903 |
Игбоански календар | 903–904 |
Ирански календар | 1281–1282 |
Исламски календар | 1320–1321 |
Јапонски календар | Мејџи 36 (明治36年) |
Јавански календар | 1832–1833 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4236 |
Мингуо-календар | 9 пред Р. Кина 民前9年 |
Нанакшахи | 435 |
Тајландски сончев календар | 2445–2446 |
Тибетски календар | 阳水虎年 (машка вода-тигар) 2029 или 1648 или 876 — до — 阴水兔年 (женска вода-зајак) 2030 или 1649 или 877 |
1903 (MCMIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1903 година од новата ера, 903. од вториот милениум, 3. од XX век и четвртта од 1900-тите.
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7411 и 7412 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6653 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5663 и 5664 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2656.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1903 година се протега во 4539 и 4540, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4599 и 4600 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2446. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1320 и 1321 исламска година.
Настани
- 2 август - избувнува Илинденското востание и е основана Крушевската Република на чело со Никола Карев. Републиката постои 10 дена.
- 3 ноември - Со поддршка на САД, Панама се прогласува себеси за независна од Колумбија.
- Во Софија излезена е од печат книгата „За македонцките работи“ напишана од Крсте Петков Мисирков.
Родени
Починале
- 4 мај - кај селото Баница, Гоце Делчев запаѓа во стапица и е усмртен во престрелка со Турците.
- Лазар Поп-Трајков, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на македонската револуционерна организација.