Портал:Религија

уреди   

РЕЛИГИЈА

Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религиРелигија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера, се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само неколку големи светски религии. Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Будизам — света религија, која потекнува од Бихар, Индија и се основува на учењето на Гаутама Сидарта, кој е познат како Буда. Религијата е во најголем подем за време на владеењето на Мауриската Импедија. Будизмот се распространил на две основни традиции; Теравада, која се расширила на исток, а сега е распространета во Југоисточна Азија, и Махајана, која прво се проширила на запад, после на север и на исток подоцна во целата Источна Азија. И двата имаат традиции, кои се распростанети низ целиот свет.

Гаутама Сидарта бил историски основач на будизмот. Тој е роден како принц Кшатрија во древна Индија околу 560 г. пр. Хр. Во многу Будистички текстови за Буда се вели, дека е потомок на браманот Ангираса. Прочитајте повеќе
уреди   

Избрана слика

Каба, најсвето место во исламот
уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека јазикот на ангелите се вика енохски јазик, по името на Енох, библискиот татко на Метузалем кој, според легендата, бил испратен во рајот и напишал книга за тоа што го видел?
  • ... дека Кришна во превод од санскрит значи „црн“ или „темен“?
  • ... дека Муслиманите, а и нивните верски учители сметаат дека Куранот останал непроменет од неговото составување?
  • ... дека хебрејското име за Бог, YHWH понекогаш се нарекува и Тетраграматон?
  • ... дека космологијата е наука којашто целосно ја изучува вселената, но и од аспект на човечкото место во неа?
уреди   

Избрана личност

Шри Чинмој (1931 — 2007) — индиски философ и учител (гуру) кој емигрирал во САД во 1964 Шри Чинмој е роден во Шакпура, мало село во Источен Бенгал, денешен Бангладеш, во 1931 година, како најмлад од седумте деца. По смртта на неговите родители, во 1944, 12-годишниот Чинмој оди во Ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука тој ги поминува наредните 20 години во духовна пракса-вклучувајќи долги часови на медитација, атлетила, пишување поезија, есеи и духовни песни. Прочитајте повеќе
уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Религија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)