Преднонепчената странична приближна согласка е вид на согласка присутна во некои јазици. Нејзиниот симбол во Меѓународната фонетска азбука е ⟨ʎ ⟩, превртено мало „у“[1], а X-SAMPA ја претставува со L.
Преднонепчената странична приближна согласка ги има следниве особености:
Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Јазици
Многу јазици за кои се смета дека ја имаат оваа согласка, всушност имаат венечно-преднонепчена странична согласка. Тука спаѓаат и македонскиот, португалскиот и други јазици. Ова важи за неколку од долунаведените јазици:
Онаму кајшто отсуствува /ʎ/ поради неговото претворање во глас поблизок на „ј“, се заменува со други гласови (зависно од дијалектот) и се пишува со ⟨ḷḷ⟩
Carbonell, Joan F.; Llisterri, Joaquim (1992), „Catalan“, Journal of the International Phonetic Association, 22 (1–2): 53–56, doi:10.1017/S0025100300004618
Cruz-Ferreira, Madalena (1995), „European Portuguese“, Journal of the International Phonetic Association, 25 (2): 90–94, doi:10.1017/S0025100300005223
Ladefoged, Peter (2005), Vowels and Consonants (Second. изд.), Blackwell
Martínez-Celdrán, Eugenio; Fernández-Planas, Ana Ma.; Carrera-Sabaté, Josefina (2003), „Castilian Spanish“, Journal of the International Phonetic Association, 33 (2): 255–259, doi:10.1017/S0025100303001373
Rogers, Derek; d'Arcangeli, Luciana (2004), „Italian“, Journal of the International Phonetic Association, 34 (1): 117–121, doi:10.1017/S0025100304001628
Skjekkeland, Martin (1997), Dei norske dialektane: Tradisjonelle særdrag i jamføring med skriftmåla, Høyskoleforlaget (Norwegian Academic Press)