Руски Метох
Руски Метох Καλλιθέα Χαλκιδικής | |
---|---|
![]() | |
Координати: 40°04′N 23°26′E / 40.067°N 23.433°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Заедница | |
• Население | 779 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Руски Метох, денес наречен Калитеја (Καλλιθέα; до 1925 г. Μετόχι Ρωσσικό; подоцна Νέα Φλογιτά, Неја Флогита)[2] — село во Егејска Македонија, Република Грција и познато туристичко место на Касандра, првиот крак на Халкидик. Се наоѓа на источниот брег на кракот на околу 85 километри оддалеченост од Солун. Едно е од најпосетуваните места за Македонците кои летуваат во Грција. Населението брои 779 жители.
Како што укажува изворното име, ова место порано било метох (посед) на рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора. Селото е основано во 1925 г. од грчки доселеници од Турција.
Наводи
- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μετόχιον Ρωσσικόν - Νέα Φλογιτά
|