Санди Ловриќ

Санди Ловриќ
Лични податоци
Роден на 28 март 1998(1998-03-28)(26 г.)
Роден во Лиенц, Австрија
Држава Австрија Австрија
Словенија Словенија (од 2020)
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 4
Младинска кариера
Рапид Лиенц
Удинезе Удинезе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014-2017 Штурм Грац II Штурм Грац II 31 (4)
2014-2019 Штурм Грац Штурм Грац 64 (1)
2019-2022 Лугано Лугано 93 (9)
2022- Удинезе Удинезе 66 (6)
Репрезентација
2013-2014 Австрија Австрија 16 10 (6)
2014-2015 Австрија Австрија 17 10 (5)
2015 Австрија Австрија 18 3 (1)
2016-2017 Австрија Австрија 19 13 (3)
2017-2019 Австрија Австрија 21 19 (4)
2020- Словенија Словенија 35 (4)

Санди Ловриќ (роден на 28 март 1998 година, во Лиенц) — словенечки фудбалер, роден во Австрија, играч од средниот ред на Удинезе и на словенечката репрезентација.[1]

Биографија

Роден е од родители со хрватско потекло: неговиот татко е по потекло од Славонски Брод, додека неговата мајка е хрватка од Босна и Херцеговина од Модрича.[2] Тие првично се преселиле во Пиран, Словенија како печалбари, а потоа се преселиле во Австрија, каде што е роден Ловриќ.[2] Ловриќ течно зборува германски, хрватски, словенечки и италијански јазик.[2][3]

Како млад, Ловриќ често летувал и престојувал во Словенија и како главна причина за претставување на словенечката репрезентација ја навел поврзаноста со земјата.[2]

Технички карактеристики

Централен играч за врска со одлична визија за играта и вешти додавања, има добар шут од далечина и е добар и во фазата на одбрана; може да игра пред одбраната, а како играч од средниот ред се издвојува по техничките квалитети и предиспозициите да ги завршува акциите.[4] Поради неговите карактеристики, тој бил споредуван со играчи како што се Клаудио Маркизио и Раџа Наинголан, иако изјавил дека бил инспириран од неговиот идол Лука Модриќ.[3][5]

Клупска кариера

Ловриќ играјќи за Штурм во 2015

Израснат во младинските категории на Штурм Грац, тој дебитирал за првиот тим на оваа австријска екипа во првенствениот натпревар против Австрија Виена (1-1) на 17 август 2014 година.[6] На 9 мај 2018 година, тој го освоил својот прв трофеј во кариерата, откако со Штурм триумфирал во Купот Австрија совладувајќи го Ред Бул Салцбург со 1–0 во финалето.[7] Во Штурм поминал пет години, од кои дури во последните две добил повеќе простор за игра, забележувајќи вкупно за клубот 79 настапи и еден гол.

На 3 јули 2019 година, тој бил купен од швајцарскиот клуб Лугано.[8] Првично резерва, почнувајќи од јануари 2020 година тој станал стартер во клубот, а во неколку наврати се покажал и како протагонист со голови и асистенции.[9][10] Дресот на Лугано го носел три сезони, забележувајќи вкупно 108 натпревари и 12 голови.

На 28 март 2022 година, тој потпишал петгодишен договор со Удинезе, со важност од 1 јули истата година.[4] Своето деби со фриулијанците го имал на 5 август во успехот со 2-1 над Фералписало во осминафиналето на Купот на Италија, додека осум дена подоцна дебитирал и во Серија А, заменувајќи го Валас во поразот со 4-2 на гостувањето кај Милан. На 4 септември, тој го постигнал својот прв гол во Серија А, затресувајќи ја мрежата на Рома во убедливата победа со 4-0.[11]

Репрезентативна кариера

Откако во периодот 2013-2019 ги претставувал речиси сите младински австриските селекции (од под 16 до под 21 година), во септември 2020 година, по разговорот со селекторот Матјаж Кек,[3] тој се одлучил на сениорско ниво да игра за Словенија.[9][10]

На 7 октомври истата година, тој го направи своето деби за најдобрата словенечка селекција во успехот со 4-0 против Сан Марино во пријателски натпревар.[12] Седум дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 4-0 против Молдавија во Лигата на нациите.[13]

На 24 март 2021 година, за време на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022, тој го постигнал единствениот гол во победата со 1-0 над Хрватска, со што словенците за прв пат во нивната историја успеале да ги победат хрватите.[3][14] На 4 септември истата година, тој го постигнал победничкиот гол во натпреварот против Малта, кој завршил 1-0.[15]

Во квалификациите за Европското првенство 2024, Ловриќ одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол, во победата со 4-0 на гости над Сан Марино. Во јуни 2024, тој бил повикан да ја претставува Словенија на завршниот турнир.

Хронологија на репрезентативните настапи

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Словенија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
7-10-2020 Љубљана Словенија Словенија 4 – 0 Сан Марино Сан Марино Пријателска -
11-10-2020 Приштина Косово Косово 0 – 1 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 85'
14-10-2020 Кишињев Молдавија Молдавија 0 – 4 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1 заменет 77'
11-11-2020 Љубљана Словенија Словенија 0 – 0 Азербејџан Азербејџан Пријателска - заменет 46'
15-11-2020 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Косово Косово УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - добил жолт картон во 9-тата минута 9' заменет 87'
18-11-2020 Атина Грција Грција 0 – 0 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - заменет 90+2'
24-3-2021 Љубљана Словенија Словенија 1 – 0 Хрватска Хрватска Квал. за СП 2022 1 заменет 87'
27-3-2021 Сочи Русија Русија 2 – 1 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 - заменет 86'
30-3-2021 Строволос Кипар Кипар 1 – 0 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 - заменет 81'
1-6-2021 Скопје Македонија Македонија 1 – 1 Словенија Словенија Пријателска - заменет 62'
4-6-2021 Копер Словенија Словенија 6 – 0 Гибралтар Гибралтар Пријателска - влегол во игра 46'
1-9-2021 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Словачка Словачка Квал. за СП 2022 - заменет 83'
4-9-2021 Љубљана Словенија Словенија 1 – 0 Малта Малта Квал. за СП 2022 1 заменет 70'
7-9-2021 Сплит Хрватска Хрватска 3 – 0 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 -
8-10-2021 Та Кали Малта Малта 0 – 4 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 - заменет 71'
11-10-2021 Марибор Словенија Словенија 1 – 2 Русија Русија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 90+6-тата минута 90+6'
11-11-2021 Трнава Словачка Словачка 2 – 2 Словенија Словенија Квал. за СП 2022 -
14-11-2021 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Кипар Кипар Квал. за СП 2022 - влегол во игра 31'
26-3-2022 Ал Рајан Хрватска Хрватска 1 – 1 Словенија Словенија Пријателска - заменет 63'
29-3-2022 Ал Рајан Катар Катар 0 – 0 Словенија Словенија Пријателска - заменет 46'
2-6-2022 Љубљана Словенија Словенија 0 – 2 Шведска Шведска УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прво коло - влегол во игра 65'
5-6-2022 Белград Србија Србија 4 – 1 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прво коло - заменет 79'
24-9-2022 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Норвешка Норвешка УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прво коло - влегол во игра 71'
27-9-2022 Солна Шведска Шведска 1 – 1 Словенија Словенија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прво коло - влегол во игра 85'
17-11-2022 Клуж-Напока Романија Романија 1 – 2 Словенија Словенија Пријателска - добил жолт картон во 23-тата минута 23' заменет 46'
23-3-2023 Астана Казахстан Казахстан 1 – 2 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 70'
26-3-2023 Љубљана Словенија Словенија 2 – 0 Сан Марино Сан Марино Квал. за Евро 2024 -
16-6-2023 Хелсинки Финска Финска 2 – 0 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 - заменет 65'
7-9-2023 Љубљана Словенија Словенија 4 – 2 Северна Ирска Северна Ирска Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 90'
10-9-2023 Сераваке Сан Марино Сан Марино 0 – 4 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 1
17-10-2023 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 75'
17-11-2023 Копенхаген Данска Данска 2 – 1 Словенија Словенија Квал. за Евро 2024 - влегол во игра 73'
26-3-2024 Љубљана Словенија Словенија 2 – 0 Португалија Португалија Пријателска - заменет 67'
4-6-2024 Љубљана Словенија Словенија 2 – 1 Ерменија Ерменија Пријателска - влегол во игра 71'
8-6-2024 Љубљана Словенија Словенија 1 – 1 Бугарија Бугарија Пријателска - влегол во игра 61'
Вкупно Настапи 35 Голови 4

Статистика

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 26 март 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-2015 Австрија Штурм Грац БЛ 8 0 КА 0 0 - - - - - - 8 0
2015-2016 БЛ 8 0 КА 2 0 ЛЕ 0 0 - - - 10 0
2016-2017 БЛ 3 0 КА 1 0 - - - - - - 4 0
2017-2018 БЛ 25 0 КА 4 0 UEL 3[16] 0 - - - 32 0
2018-2019 БЛ 20 1 КА 1 0 ЛШ+ЛЕ 2[16]+2[16] 0 - - - 25 1
Вкупно Штурм Грац 64 1 8 0 7 0 - - 79 1
2019-2020 Швајцарија Лугано СЛ 27 3 КШ 2 0 ЛЕ 5 0 - - - 34 3
2020-2021 СЛ 33 2 КШ 2 2 - - - - - - 35 4
2021-2022 СЛ 33 4 КШ 6 1 - - - - - - 39 5
Вкупно Лугано 93 9 10 3 5 0 - - 108 12
2022-2023 Италија Удинезе А 37 5 КИ 2 0 - - - - - - 39 5
2023-2024 A 27 1 КИ 2 1 - - - - - - 29 2
Вкупно Удинезе 64 6 4 1 - - - - 68 7
Вкупно во кариерата 221 16 22 4 12 0 - - 255 20

Титули

Клупски

Австрија Штурм Грац

  • Куп на Австрија: 1
2017-2018

Швајцарија Лугано

  • Куп на Швајцарија Куп на Швајцарија : 1
2021-2022

Наводи

  1. „Sandi Lovrić“. Soccerway. Посетено на 15 October 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Prvi intervju SANDIJA LOVRIĆA: Zrasel v Avstriji, govorim hrvaško - zlahka pa pojasnim, zakaj hočem igrati za Slovenijo! DARKO MILANIČ? On je ...“ (словенечки). Посетено на 2021-05-12.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Šokirao Vatrene na startu: Iz HNS-a me nisu zvali! A ovo što sam Lovrena kopačkom razderao po licu...“ (хрватски). 2021-03-27. Посетено на 2021-05-12.
  4. 4,0 4,1 „Sandi Lovric è bianconero!“. Посетено на 2022-04-01.
  5. Sandi Lovric[мртва врска] footballtalentscout.net
  6. „Sturm Graz vs. Austria Wien – 17 August 2014 – Soccerway“. Soccerway. Посетено на 16 April 2015.
  7. „Sturm gewinnt zum fünften Mal ÖFB-Cup“ (германски). Sky Sport Austria. 9 May 2018. Посетено на 7 September 2020.
  8. „Sandi Lovric è un nuovo giocatore bianconero“. 3 јули 2019. Посетено на 2021-05-12.
  9. 9,0 9,1 „Lovric stagione da protagonista“. Посетено на 2021-05-12. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  10. 10,0 10,1 „Sandi Lovric, da oggetto del mistero a pedina fondamentale“. 2021-01-23. Посетено на 2021-05-12.
  11. „Serie A, Udinese-Roma 4-0: poker firmato Udogie, Samardzic, Pereyra e Lovric“. Посетено на 2022-09-04.
  12. „Vittoria e pareggio per Lovric e Oss“. 2020-10-07. Посетено на 2021-05-12.
  13. „Ancora in evidenza i nazionali“. 2020-10-14. Посетено на 2021-05-12.
  14. „Lovric decisivo contro la Croazia“. 2021-03-24. Посетено на 2021-05-12.
  15. „LOVRIĆ ODLOČIL OBRAČUN Z MALTO“ (словенечки). 2021-09-04. Посетено на 2021-09-04.
  16. 16,0 16,1 16,2 Во квалификациските кола.

Надворешни врски