28 март
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
28 март — 87-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (88-и во престапна година). Остануваат 278 денови до крајот на годината.
Настани:
1939 | Франковистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна. |
1996 | Република Македонија и Република Никарагва воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
1996 | Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија. |
Родени:
1483 | Рафаело Санти — италијански сликар, истакнат претставник на ренесансата во сликарството. |
1749 | Пјер Симон Лаплас — француски астроном, физичар и математичар. |
1799 | Карл фон Базедов — германски лекар и научник. |
1800 | Јохан Георг Ваглер — германски зоолог. |
1824 | Бранко Радичевиќ — српски поет. |
1868 | Алексеј Максимович Пешков — попознат како Максим Горки, руски писател. |
1914 | Бохумил Храбал — чешки писател. |
1921 | Дирк Богард — англиски глумец. |
1936 | Марио Варгас Љоса — перуански писател, добитник на Нобеловата награда во 2010 година. |
1942 | Џери Слоун — американски кошаркарски тренер. |
1944 | Киќо Слабинац — хрватски и југословенски пејач. |
1944 | Рик Бери — американски кошаркар. |
1961 | Бајрон Скот — американски кошаркар и тренер. |
1962 | Јуре Франко — словенечки и југословенски скијач. |
1964 | Александар Волков — украински и советски кошаркар. |
1965 | Срѓан Тодоровиќ — српски и југословенски глумец и музичар. |
1966 | Џон Акселрод — американски диригент. |
1977 | Раду Јуде — романски филмски режисер. |
1985 | Станислас Вавринка — швајцарски тенисер. |
1986 | Лејди Гага — американска поп-пејачка. |
1987 | Кајетано Сармиенто — колумбиски велосипедист. |
1993 | Матија Настасиќ — српски фудбалер. |
1996 | Бенжамен Павар — француски фудбалер. |
Починале:
1811 | Доситеј Обрадовиќ — српски просветител. |
1941 | Вирџинија Вулф — англиска писателка и есеист |
1943 | Сергеј Василевич Рахманинов — руски композитор, пијанист и диригент. |
1969 | Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар. |
1985 | Марк Шагал — француски сликар. |
2001 | Властимир Николовски — македонски композитор. |
2013 | Борис Стрел — словенечки и југословенски скијач. |