Свиената едноударна согласка е вид на согласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи овој глас со симболот ⟨ɽ⟩, додека X-SAMPA го претставува со ⟨r`⟩.
Јазикот тода има свиена трепетна согласка што се претставува со истиот симбол на МФА.
Особености
Свиената едноударна согласка ги има следниве особености:
Начинот на творба на оваа согласка е едноударен, што значи дека се создава со едно стегање на мускулите, така што органот на творба (обично јазикот) се удира од друг.
Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.