Северна Африка

Државите на Северна Африка.

Географска положба

Северна Африка ја опфаќа територијата од Средоземното Море на север до реката Нигер и езерото Чад на југ. Се простира од Атлантскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток, односно ги зафаќа териториите што хидрографски главно, гравитираат кон Средоземното Море на север и Атлантскиот Океан на северозапад.

Големина

Северна Африк зафаќа околу 13 милиони км2 површина на која живеат околу 200 милиони жители, од кои поголемиот број се Арапи. Поголемиот дел од територијата ја зафаќа пустината Сахара, поради што Северна Африка е најретко населена.

Демографија

На територијата на Северна Африка се наоѓаат државите: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Западна Сахара и Мавританија. Сите тие излегуваат на море. Повеќето држави во Северна Африка се големи по површина, освен Тунис. Но, поради климатските одлики, населеноста и економската развиеност се мошне нерамномерни. Населението е најгусто населено во приморските делови, покрај долините на реките и во оазите. Поголемиот дел од териториите во пустините се ретко или воопшто не се населени. Главни стопански дејности се земјдолеството и сточарството. Од земјоделските прозиводи се одгледуваат жита, маслинки, винова лоза, лимони, портокали, памук и др. Сточарството се одликува со одгледување на овци, кози, камили и говеда. Од рудните богатства во Северна Африка се застапени нафта, фосфати, железо, олово и цинк. Покарактеристични индустриски развиени региони се северниот дел на Египет, Алжир, Либија, Тунис и Мароко - каде што се најразвиени прехранбената и петрохемиската индустрија. Населението во Северна Африка е воглавно со исламска вероисповед. Демографската слика на Северна Африка со основните податоци изгледа вака:

држава население доминантна
религија
% од вкупното
население
службен јазик најголема етничка група
 Египет 76,699,427 (2006[1]) Ислам[2] ~ 90[2] арапски[3] Египќани (91 %)[4]
 Судан 30,894,000 (2008, оспорено[5]) Ислам ~ 97 арапски и англиски Арапи (39 %), Црнци (52 %)
 Либија 5,670,688 (попис 2006) Ислам 96.7 арапски повеќето од населението се машни Арапи-Бербери (арабизирани Бербери)
 Тунис 10,673,800 (порц. за 2011) Ислам 99 арапски мешано население од Арапи-Бербери (98%)
 Алжир 29,100,867 (попис 1998) Ислам 99 арапски Бербери (над 90%)
 Мароко 35,657,056 (попис 2011) Ислам 98.7 арапски и берберски мешано население од Арапи-Бербери (99%)
 Чад 10,329,208 (проц. 2009) Ислам 53 арапски и француски нема мнозонска група, види Демографија на Чад
 Нигер 10,790,352 (попис 2001) Ислам 90 француски Хауса (56 %), Џерма 22 %
 Мали 14,517,176 (попис 2009) Ислам 90 француски Мандејци (Бамбарци, Малинке и Сонинке) 30% до 50 %
 Мавританија 3,069,000 (проц. за 2009) Ислам ~100 арапски 30 % Белци (Арапи и Бербери), 30 % Црнци (Сонинке, Тукулери, Фуланци)
Западна Сахара 405,210 (проц. за 2010) Ислам 99.9 арапски Сахарци

Карти за Северна Африка

Наводи

  1. „Indicators From Final Results of 2006 Pop. Census Compared With 1996 Census“ (PDF). Central Agency for Public Mobilization and Statistics. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-26. Посетено на 15 April 2011.
  2. 2,0 2,1 „Background Note: Egypt“. United States Department of State Bureau of Near Eastern Affairs. 10 November 2010. Посетено на 5 March 2011.
  3. „Constitutional Declaration: A New Stage in the History of the Great Egyptian People“. Egypt State Information Service. 30 March 2011. Посетено на 15 April 2011.
  4. „CIA Factbook: Egypt“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2012-03-22.
  5. „Discontent over Sudan census“. News24. 21 May 2009. Посетено на 8 July 2011.

Поврзано