Слепоочна коска
Слепоочна коска | |
---|---|
![]() Позиција на слепочната коска (зелен дел) | |
![]() Стуктура на слепоочната коска | |
Податоци | |
Зглобови | Occipital, parietal, sphenoid, mandible and zygomatic |
Назнаки | |
Латински | Os temporale |
TA | A02.1.06.001 |
FMA | FMA:52737 |
Слепоочната коска (оs temporale) се наоѓа помеѓу клинестата, тилната и темената коска .Таа е составена од три дела:
- лушпест,
- тимпаничен
- пирамиден.
Лушпест дел (pars squamosa)
Лушпестиот дел учествува во градбата на бочниот ѕид од черепот. Нејзината надворешна страна е мазна и служи за поврзување на слепоочниот мускул. На долниот дел се наоѓа јаболков израсток (processus zygomaticus) којшто со јаболковата коска формира јаболков лак (arcus zygomaticus). Под јаболковиот израсток се наоѓа вдлабатина (fossa mandibularis) за зглобување со долната вилица . На внатрешната страна се забележуваат отпечатоци и бразди предизвикани од витките на мозокот и крвните садови.
Тимпаничен или тапански дел (pars tympanica)
Тимпаничниот дел наликува на коскен олук и учествува во градбата на надворешниот ушен канал (meatus acusticus externus). На надворешниот крај каналот се отвора со надворешен ушен отвор (processus externus).
Пирамиден дел (pars petrosa)
Пирамидниот дел наликува на четиристрана пирамида со врв насочен нанаперед, а базата свртена наназад и е претставена со еден коскен израсток наречен processus mastoideus. Внатрешноста од израстокот содржи бројни шуплини што се формираат по раѓањето. Во центарот се наоѓа мастоидна пештера (antrum mastoideum), која е опкружена со мастоидни ќелии , Преку коскен канал антрумот се отвора во една поголема шуплина наречена тапанска празнина (cavum tympani). На пирамидата се разликуваат четири страни. Нејзината горна страна учествува во градбата на средната черепна јама, а внатрешноста учествува во градба на задната черепна јама . Во внатрешноста на приамидата се сместени шуплините од надворешното, средното и внатрешното уво со своите градбени структури. На долната страна од пирамидата се наоѓа шилест коскен израсток (processus styloideus) за поврзување на мускули и врски. Преку пирамидата од слепоочната коска поминуваат и повеќе коскени канали за поминување на нервни и крвни садови .
Надворешни врски
Список на коските на скелетот кај човекот |
|
---|---|
Череп (neurocranium) | челна коска • темена коска • слепоочна коска • тилна коска • клинеста коска • ситеста коска |
Череп (viscerocranium) | горновилична коска • долновилична коска • носна коска • јаболчна коска • солзна коска • непчена коска • долна носна школка • рало Грло: подјазична коска (јазична коска) |
Средно уво | Чеканче • стремен • наковална |
‘Рбетен столб | вратни прешлени • градни прешлени • слабински прешлени • крсна коска • седална коска |
Градна празнина | градна коска • ребра |
Горни екстремитети | Раменски појас: клучна коска • плешка Рака: надлактица • лакотна коска • палечна коска Дланка: Корен на дланка (чунеста коска • полумесечеста коска • триаглеста коска • грашковидна коска • трапезна коска • трапезоидна коска • главичеста коска • кукаста коска) • Коски на прстите • Делови на прстите (проксимален • среден • дистален) |
Долни екстремитети | Карлица: карлична коска (странична коска • седална коска • препонска коска) Нога: бедрена коска • ивер • голема писка • мала писка Стапало: Коски на нозете: (петна коска • глуждова коска • чунеста коска • Клинести коски (медијална клинеста коска • средна клинеста коска • странична клинеста коска) • коцкаста коска) • Корен на стапалото • Делови на прстите (проксимален • среден • дистален) |