Стремен (коска)
Стремен | |
---|---|
Поглед од предна страна на стременот (A), и поглед од подолна страна (B). | |
Ковчиња и мускули во тапанската празнина на средното уво. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | stapellos |
MeSH | A09.246.397.247.806 |
TA | A15.3.02.033 |
FMA | FMA:52751 |
Стремен или узенгија (латински: stapes) претставува најмала коска во човековиот организам со должина од 3 mm, позната како узенгија.
Делови
На стременот се разликуваат:
- глава;
- врат;
- горна гранка;
- долна гранка.
Поврзувања и големина
Стременот се поврзува со наковалната, и е последната коска од синџирот на ковчиња во средното уво, поставена во овален прозорец на внатрешното уво, чии движења предизвикаат бранови на перилмфите односно ендолимфите, со кои се завршува проводниот дел од аудитивниот орган преку кој се врши пренос на звучни бранови;
- целосната големина како и на другите ковчиња ја има уште од раѓање.
Слушен апарат
Улога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:
- звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето;
- ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец;
- треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот;
- треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот;
- откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец.
Галерија
-
Големината на стременот, во споредба монета од 10 центи.
-
Стременот за првпат опишан од страна на Џовани Филипо Инграссиас (со ознака М, долу десно).
-
Анатомија на човечко уво (стременот е сместен од лева страна до виолетовиот дел).
Надворешни врски
Список на коските на скелетот кај човекот |
|
---|---|
Череп (neurocranium) | челна коска • темена коска • слепоочна коска • тилна коска • клинеста коска • ситеста коска |
Череп (viscerocranium) | горновилична коска • долновилична коска • носна коска • јаболчна коска • солзна коска • непчена коска • долна носна школка • рало Грло: подјазична коска (јазична коска) |
Средно уво | Чеканче • стремен • наковална |
‘Рбетен столб | вратни прешлени • градни прешлени • слабински прешлени • крсна коска • седална коска |
Градна празнина | градна коска • ребра |
Горни екстремитети | Раменски појас: клучна коска • плешка Рака: надлактица • лакотна коска • палечна коска Дланка: Корен на дланка (чунеста коска • полумесечеста коска • триаглеста коска • грашковидна коска • трапезна коска • трапезоидна коска • главичеста коска • кукаста коска) • Коски на прстите • Делови на прстите (проксимален • среден • дистален) |
Долни екстремитети | Карлица: карлична коска (странична коска • седална коска • препонска коска) Нога: бедрена коска • ивер • голема писка • мала писка Стапало: Коски на нозете: (петна коска • глуждова коска • чунеста коска • Клинести коски (медијална клинеста коска • средна клинеста коска • странична клинеста коска) • коцкаста коска) • Корен на стапалото • Делови на прстите (проксимален • среден • дистален) |