Тони Морисон

Тони Морисон
Toni Morrison
Морисон во 1998
Роден/аКлое Арделиа Вофорд
18 февруари 1931(1931-02-18)
Лорин, Охајо,САД
Починат/а5 август 2019(2019-08-05) (возр. 88)
Бронкс, Љу Јорк, САД
Занимањероманописец, есеист, писател за деца, професор
Апсолвент наХавард Универзитет (БА)
Универзитетот Корнел (MA)
ЖанрАмериканска литература
Значајни делаНајсилното око (1970), Сула (1973), Песната на Соломон (1977), Нејзиното бебе (1981), Возљубени (1987)
Значајни наградиПретседателски медал за слобода, Национален медал за хуманитарни науки, Нобелова награда за литература, Пулицерова награда
Сопруг/аХаролд Морисон (1958-1964)
Деца2
Потпис

Тони Морисон (вистинското име ѝ е Клое Ентони Вофорд, родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД - 2019) — американска писателка, добитничка на Нобелова награда за литература во 1993 година за романите што се одликуваат со поетски талент и ја опишуваат суштествената страна на американската стварност.

Животопис

Потекнува од работничко семејство на афроамериканци. Во 1953 година го завршила универзитетот „Хауард“, а во 1965 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк. Од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Пристонскиот универзитет, Њу Џерси. „Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за ликот на афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Била членка на Американската академија за уметност и литература.

Творештво

Како писателка Морисон дебитира со романот „Најсиното око“ (1970). Авторка е на уште пет романи, меѓу кои се „Песна на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), кој ја добил Пулицеровата награда, и „Џез“ (1992). Во нејзиното творештво се опишуваат животот и историјата на црнците во Америка.

Наводи