Уметничкоисториски музеј (Виена)

Уметничкоисториски музеј
Kunsthistorisches Museum
Основан1872-1891
МестоВиена, Австрија
Посетеност559.150 (2010)[1]
Мреж. местоkhm.at
Внатрешност на музејот
„Богородица на ливада“ (1506) од Рафаело Санти.
„Вавилонската кула“ (1563) од Питер Бројгел Постариот.
„Лето“ (1563) од Џузепе Арчимболдо
„Принцезата Марија Тереза во сино“ (1659) од Диего Веласкес.

Уметничкоисториски музеј (германски: Kunsthistorisches Museum) — ликовен музеј во Виена, Австрија, сместен во раскошно здание на улицата Рингштрасе окончено со осумаголен свод.

Отворен е во 1891 г, истовремено со Природонаучниот музеј (Naturhistorisches Museum), од австроунгарскиот цар Франц Јосиф I. Овие два музеја имаат истоветен изглед и се поставени спротивставено, на секој двата краја од плоштадот Марија Тереза. Изградени се во периодот од 1872 до 1891 г, по нацрт на Готфрид Земпер и Карл Фрајхер фон Хазенауер.

Нарачател на музејот е царот, кој сакал соодветно да ја вдоми огромната уметничка збирка на Хабсбурговците и да ја стави на располагање на јавноста. Фасадата е изработена во песочник, а врз зданието стои свод со висина од 60 метри. Внатрешноста е раскошно украсена со мермер, украсна штукатура, позлата и живопис.

Збирка

Галерија на слики

Главните збирки на музејот се оние добиени од Хабсбурговците, особено збирките на портрети и оклопи од Фердинанд Тиролски, збирките на сетиот римски цар Рудолф II (иако највеќето од нив се раштркани) и ликовната збирка на надвојводата Леополд Вилхелм.

Попознати дела во музејот се:

  • Јан ван Ејк: „Портрет на кардиналот Николо Албергати“ (~ 1431)
  • Албрехт Дирер: „Поклонение на Светата Троица“ (1511)
  • Јакопо Тинторето: „Сузана и старешините“ (1555–56)
  • Џузепе Арчимболдо: „Лето“ (1563)
  • Антонело да Месина: Санкасијански олтар (1475–1476)
  • Караваџо:
    • „Богородица Венечна“ (1606/07)
    • Крунисување со трње
    • „Давид со главата на Голијат“
  • Петер Паул Рубенс:
  • Рафаело Санти: „Богородица на ливада“ (1506)
  • Рембрант: Автопортрет (1652)
  • Јан Вермер: „Алегорија на сликарството“ (1665/66)
  • Диего Веласкес: Неколку портрети на шпанското кралско семејство испратени во Виена кај роднините Хабсбурговци.
  • Питер Бројгел Постариот:
    • „Борбата на карневалот и постот“ (1559)
    • „Детски игри“ (1560)
    • „Вавилонската кула“ (1563)
    • „Искачување на Голгота“ (1564)
    • „Тмурен ден (фев-мар)“ (1565)
    • „Враќање на стадото (окт-ное)“ (1565)
    • „Ловци во снегот (дек-јан)“ (1565)
    • „Селанецот и градецот на гнезда“ (1568)
    • „Селска свадба“ (1568/69)
    • „Селски танц“ (1568/69)

Музејот ги има и следниве поединечни збирки:

  • Египетско-блискоисточна збирка
  • Збирка на грчко-римски старини
  • Вајарско-декоративна збирка
  • Нумизматичка збирка
  • Библиотека

Хофбург

  • Ефески музеј
  • Збирка на стари музички инструменти
  • Збирка на оружје и оклопи
  • Архив
  • Световно-црковна ризница (во Швајцерхоф)

Останати

  • Музеј на кочии и Одделение за дворски униформи (во дворецот Шенбрун)
  • Збирки во замокот Амбрас (во Инсбрук)
  • Австриски театарски музеј во палатата Лобковиц

Подружници:

Кражба

На 11 мај 2003 г. Еден од најважните предмети во музејот Соларникот (Saliera) sculpture by Бенвенуто Челини, украден на и повратен на 21 јануари 2006 г. ставен во кутија и закопан во шума кај Цветл. Ова е најголемата кражба на уметничко дело во историјата на Австрија.[2]

Поврзано

Наводи

  1. Посетеност на музеите во светот за 2010 г. Архивирано на 5 јули 2012 г. — The Art Newspaper (англиски) посет. 22 октомври 2011 г
  2. „Entertainment | Police find stolen £36m figurine“. БиБиСи Вести. 2006-01-22. Посетено на 2013-09-16. (англиски)

Надворешни врски

48°12′13″N 16°21′41″E / 48.2037° СГШ; 16.3614° ИГД / 48.2037; 16.3614