ФК Андерлехт
Целосно име | Ројал Спортинг Клуб Андерлехт | ||
---|---|---|---|
Основан | 27 мај 1908 | ||
Стадион | Стадион Констант Ванден Сток Андерлехт, Белгија (Капацитет: 28,063) | ||
Сопственик | Роџер Ванден Сток | ||
Тренер | Бесник Хаси | ||
Лига | Про лига | ||
2013–14 | Про лига, 1-ви | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Ројал Спортинг Клуб или ФК Андерлехт е белгиски фудбалски клуб од Андерлехт, една од 19 општини во регионот на Брисел. Основан е 1908 година како СК Андрелехт, а во Ројал Спортинг Клуб Андрерлехт е преименуван во 1933 година. Андерлехт е најуспешниот белгиски клуб во домашната лига со 31 титула како и во европските натпреварувања (5 титули). Иако клубот е основан 1908 године, првиот трофеј го освоил дури после Втората светска војна (1947). Од тогаш, ниту една сезона не завршиле подолу од шестото место во Првата лига на Белгија. Во првата лига учествуваат од 1935 година. Главен спонзор на клубот од 2000 година е Банката Фортис.[1]
Бои и амблеми
Официјалните бои на клубот се бела и виолетова ().
Успеси
Домашни
- Прва лига на Белгија (33) : 1946–47, 1948–49, 1949–50, 1950–51, 1953–54, 1954–55, 1955–56, 1958–59, 1961–62, 1963–64, 1964–65, 1965–66, 1966–67, 1967–68, 1971–72, 1973–74, 1980–81, 1984–85, 1985–86, 1986–87, 1990–91, 1992–93, 1993–94, 1994–95, 1999–00, 2000–01, 2003–04, 2005–06, 2006–07, 2009–10, 2011–12, 2012–13, 2013–14.
- Белгиска Втора лига (2) : 1923–24, 1934–35.
- Куп на Белгија (9) : 1964–65, 1971–72, 1972–73, 1974–75, 1975–76, 1987–88, 1988–89, 1993–94, 2007–08
- Лига куп на Белгија (1) : 1999–00.
- Суперкуп на Белгија (10) : 1985, 1987, 1993, 1995, 2000, 2001, 2006, 2007, 2010, 2012.
Европски
- Куп на Победниците на Куповите (2) : 1975-76, 1977-78
- Куп на УЕФА (1) : 1982-83
- Суперкуп на Европа (2) : 1976, 1978
- Турнир во Тулон (1) : 1967
Надворешни врски
Наводи
|