ФК Аталанта
Аталанта | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Аталанта Бергамаска Калчо С.п.А. | |||
Прекар | Нераѕури (Црно-сини) | |||
Основан | 1907 | |||
Локација | Бергамо, Италија | |||
Стадион | Џевис | |||
Капацитет | 24,642 | |||
Претседател | Антонио Перкаси | |||
Тренер | Џан Пјеро Гасперини | |||
Лига | Серија А | |||
2020–21 | Серија А, 3-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Аталанта Бергамаска Калчо или само ФК Аталанта е италијански фудбалски клуб од Бергамо, Ломбардија.[1] Моментално се натпреварува во Серија А, највисокото ниво на италијанскиот фудбал.
Клубот е основан во 1907 година[2] и во Италија често се нарекува Regina delle provinciali (кралица на провинциските клубови) бидејќи се најуспешен клуб од не-метрополитански град. Аталанта, исто така, е екипата која одиграла најмногу сезони во највисокото ниво на италијанскиот фудбал меѓу клубовите кои никогаш не го освоиле скудетото, а покрај тоа имаат најмногу титули во втората лига на земјата (6 титули, изедначени со Џенова) и се екипата со најмногу промоции во првата лига (вкупно 13).[2][3]
Најголемиот успех на клубот е освојувањето на Купот на Италија во сезоната 1962-1963, додека во Серија А првенството како најдобар резултат Аталанта го има освоено третото место на крајот од сезоната, пласман остварен трипати по ред во изданијата 2018-2019, 2019-2020 и 2020-2021. Во европските натпреварувања најголемите успеси на Аталанта се полуфиналето во Купот на победниците на куповите во сезоната 1987-1988, додека се натпреварувале во Серија Б, и четвртфиналето во Купот на УЕФА (1990-1991) и во Лигата на шампионите (2019-2020).
Својте домашни натпревари ги игра на стадионот Џевис. Основни бои на клубот се црната и сината.
Историја
Аталанта Бергамаска Калчо ги влече своите корени од расцепот на "Џоване Оробија", клуб формиран во 1901 година.[4] Првиот фудбалски клуб во Бергамо бил "ФК Бергамо", основан од страна на швајцарски имигранти во 1903 година, земајќи учество во првенствата на Ломбардија до 1910 година.[5]
Основана на 17 октомври 1907 година, од страна на средношколците Еуџенио Урио, Феручо и Џулио Амати, Алесандро Форлини и Џон Роберти како Сочиета Бергамаска ди Џинастика е Спортс Атлетичи Аталанта, Аталанта го добива нејзиното име по истоимената хероина од старогрчката митологија.[6] Веќе во 1907 година, клубот го создава својот фудбалски оддел,[7] кој е официјално признат од FIGC во 1914 година, а набрзо по инаугурацијата дошле и првите натпревари во историјата на клубот:[8] таа година Бергамaските, кои во тоа време настапувале во црно-бели бои, одиграле само неколку пријателски натпревари прво во Пјаца д'Арми, а подоцна и во Кампо ди Марте, нерамен терен кој се наоѓал помеѓу улиците Суарди и Манаки Каироли во центарот на градот.[9] Во сезоната 1914-1915, прва на официјално ниво, клубот учествувал во Промоционе првенството, втората дивизија на земјата во тоа време.
Во 1920 година, клубот се споил со Бергамаска, давајќи живот на денешната структура на бои.[10] Во дваесеттите години, клубот ја одиграл својата прва сезона во најсилната фудбалска лига на земјата (Прима Категорија), за сепак подоцна да испадне во втората дивизија, каде ќе остане од 1928 година,[11] кога го освоиле првенството Прима Дивизионе (со унгарецот Имре Пајер на клупата).[12] По само една сезона во елитната дивизија, Аталанта се вратила во второто ниво на италијанскиот фудбал - сега тоа била новосоздадената Серија Б лига, а во 1933 година ризикува банкрот, спасувајќи се благодарение на група спортисти[13][14] и на продажбата на Карло Чересоли, најрепрезентативниот елемент, во Амброзијана-Интер за 100 000 италијански лири.[13]
По неколку сезони кои клубот ги затворил завршувајќи во средината на табелата во Серија Б,[15] во 1937 година Аталанта изборила промоција во Серија А на крајот на сезона 1936-1937,[16] но веднаш испаднала.[17] По две сезони се вратила пак во првата лига и како ново промовирана екипа го освојува шесттото место во поредокот за сезоната 1940-1941;[18]; во следните години клубот продолжува да се издвојува по одличните настапи против врвни екипи[19] (на пример, го победиле неколку пати Гранде Торино)[20] и исто така го освоил петтото место на табелата во сезоната 1947-1948. Клубот останал непрекинато во најсилната лига до крајот на сезоната 1958-1959, играјќи вкупно 17 последователни сезони (клупски рекорд за последователни учества во првата лига).
На почетокот на шеесеттите години, Бергамаските почнуваат да учествуваат во европските натпреварувања, со добри перформанси во Митропа купот (полуфинале во 1962), во Копа дел Амичизија и во Купот на Алпите (во последното загубиле финале во 1963 година од Јувентус). На крајот на сезоната 1962-1963, Аталанта го освоила својот прв позначаен трофеј во клупската историја - Купот на Италија[21]; проследено со нивното деби во Купот на победниците на куповите[22] Во 1969 година, доаѓа ново испаѓање во Серија Б, додека седумдесеттите се одликуваат со низа промоции и испаѓања помеѓу првите две национални дивизии. На крајот од сезоната 1980-1981 стигнало единственото испаѓање во третото ниво на италијанскиот фудбал во историјата на клубот од Бергамо, но тие се вратиле брзо во Серија Б по освојувањето на титулата во Серија Ц1 1981-1982.
Во сезоната 1983-1984, Аталанта го завршила своето враќање од третото ниво до Серија А, освојувајќи ја титулата во Серија Б, но сепак три години подоцна уследило ново испаѓање во втората лига. И покрај ова, во истата сезона Аталанта стигнала до финалето на Купот на Италија (биле поразени од Наполи, шампионот на Италија) и добила право на учество во Купот на победниците на куповите следната сезона. И покрај тоа што играла во Серија Б, под водството на тренерот Емилијано Мондонико, Аталанта стигнала до полуфиналето на Купот на победниците на куповите, што е најдобар пласман во натпреварувањата на УЕФА од клуб што не се натпреварувал во највисоката национална дивизија на својата земја. Во следните години, Аталанта се вратила да игра во првата дивизија и изборила пласман во Купот на УЕФА во два последователни наврати (1989-1990 и 1990-1991). Во 1994 година, дошло до ново испаѓање во Серија Б, но со моментално враќање во Серија А по една година. Во сезоната 1996-1997, Филипо Инѕаги постигнувајќи 24 гола во првенство станал првиот играч на Бергамаските кој ја освоил титулата најдобар стрелец во Серија А.
Крајот на деведесеттите и 2000-тите години се одликуваат со движење на Аталанта помеѓу двете најсилни италијански лиги Серија А и Серија Б (три промоции, вклучително и титулата освоена во сезоната 2005-2006 и четири испаѓања во периодот од сезоната 1997-1998 до сезоната 2009-2010). Со освојувањето на титулата во Серија Б 2010-2011 клубот повторно се вратил во Серија А, само за да биде вклучен на крајот на сезоната во скандал за наместени натпревар; сепак, Аталанта останала во првата лига и во следните години и, веќе со доаѓањето на Џан Пјеро Гасперини на клупата го освоила четвртото место во сезоната 2016-2017 кое им гарантира пласман во УЕФА Лига Европа, прво нивно учество во некое конфедерално натпреварување, после дваесет и шест години. Во сезоните 2018-2019, 2019-2020 и 2020-2021, Аталанта дополнително ја подобрува својата позиција во лигата со затворање на трите изданија на третото место, со што остварува пласмани во Лигата на шампионите каде за прват во својата историја, играла во сезоната 2019-2020 и како дебитанти стигнале до четвртфиналето.
Бои и амблеми
Бои
Во 1907 година, годината на нејзиното основање, Аталанта ги усвоила црно-белите дресови со тенки вертикални риги, со обични шорцеви во црна боја; оваа опрема останала до 1920 година, годината на спојување со Бергамаска, кога клупските бои станале црна и сина во Италија познати како нероаѕури: интересно белата, како заедничка боја за двата клуба била елиминирана, а новиот дрес на клубот бил оформен земајќи ја другата соодветна боја на клубовите, црната за Аталанта и сината за Бергамаска. Во првите години од формирањето, Аталанта Бергамаска ди Џинастика е Шерма ќе носи дресови поделени на половина сина и половина црна боја: ригите ќе се појават неколку години подоцна.[23]
Амблеми
Името на клубот произлегува од митолошката фигура, Аталанта. Клубот од Бергамо го носи прекарот la Dea (во превод Божица), и покрај тоа што хероината од која бил инспириран всушност не била божество, туку ќерка на Јасион, крал од Аркадија. Официјалното лого на екипата се состои од лицето на принцезата, портрет во профил, на црно-сина позадина.[2][24]
-
Лого 1980-1993.
-
Лого од 1993 година.
Соперници
Најголем соперник на Аталанта и се соседите Бреша, а исто така постои и изразито соперништво со навивачите на Верона, Џенова, Фјорентина, Рома, Лацио, Наполи, Милан, Интер и Торино.
Спортска опрема и спонзори
Спортска опрема
Главни спонзори на дресовите
Играчи
Моментален состав
- Обновено на 2 септември 2019[25]
|
|
Рекордери
Играчи со најмногу настапи
Последна промена 18 февруари 2022.
# | Име | Во клубот | Настапи | Позиција |
---|---|---|---|---|
1 | Џанпаоло Белини | 1998–2016 | 435 | одбрана |
2 | Валтер Боначина | 1986-1991; 1994-1999 | 331 | среден ред |
3 | Стефано Анџелери | 1949–1960 | 324 | среден ред |
4 | Кристијано Дони | 1998-2003, 2006-2012 | 323 | среден ред |
5 | Ливио Ронколи | 1949-1963 | 305 | одбрана |
6 | Фабрицио Ферон | 1988-1996 | 294 | голман |
7 | Глен Стремберг | 1984-1992 | 273 | среден ред |
8 | Џовани Вавасори | 1970-1972, 1977-1982 | 270 | одбрана |
9 | Северо Коминели | 1934-1941; 1943-1944; 1947-1949 | 261 | среден ред |
10 | Виторио Скијави | 1935-1944; 1945-1948 | 256 | среден ред |
Играчи со најмногу постигнати голови
Последна промена 18 февруари 2022.
# | Име | Во клубот | Голови | Позиција |
---|---|---|---|---|
1 | Кристијано Дони | 1998-2003, 2006-2012 | 112 | среден ред |
2 | Дуван Сапата | 2018-2023 | 82 | напаѓач |
3 | Луис Муриел | 2019- | 68 | напаѓач |
4 | Северо Коминели | 1934-1941; 1943-1944; 1947-1949 | 65 | среден ред |
5 | Јосип Иличиќ | 2017-2022 | 60 | среден ред |
6 | Алехандро Гомес | 2014-2021 | 59 | среден ред |
7 | Адријано Басето | 1953-1957 | 57 | напаѓач |
8 | Херман Денис | 2011-2016 | 56 | напаѓач |
9 | Пул Расмусен | 1952-1956 | 54 | среден ред |
10 | Јорген Соренсен | 1949-1953 | 52 | напаѓач |
Тренери
|
Титули
Домашни натпреварувања
- Куп на Италија : 1
- 1962-63
- Серија Б : 6 (рекорд)
- 1927–1928, 1939-1940, 1958-1959, 1983-1984, 2005-2006, 2010-2011
- Серија Ц1 : 1
- 1981-1982
Младински натпреварувања
- 1992-1993, 1997-1998
- 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003
Европски натпреварувања
- УЕФА Лига Европа : 1
- 2023-2024
Статистика
Учество во првенства
Ниво | Категорија | Учества | Деби | Последна сезона | Вкупно |
1º | Дивизионе Национале | 2 | 1928-1929 | 1945-1946 | 63 |
Серија А | 61 | 1937-1938 | 2021-2022 | ||
2º | Секонда Дивизионе | 4 | 1922-1923 | 1925-1926 | 34 |
Прима Дивизионе | 2 | 1926-1927 | 1927-1928 | ||
Серија Б | 28 | 1929-1930 | 2010-2011 | ||
3º | Серија Ц1 | 1 | 1981-1982 | 1 |
Наводи
- ↑ atalanta.it (уред.). „Contatti“. Архивирано од изворникот на 2016-06-06. Посетено на 8 јуни 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 atalanta.it (уред.). „Storia“. Архивирано од изворникот на 2017-08-17. Посетено на 15 август 2014.
- ↑ Compresa la vittoria della Prima Divisione 1927-1928, secondo livello del calcio italiano dell'epoca
- ↑ Corbani e Serina, Text "volume 1, p. 21" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help). - ↑ Corbani e Serina, Text "volume 1, pp. 25-26" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help). - ↑ Corbani e Serina, Text "volume 2, p. 13" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help). - ↑ Corbani e Serina, Text "volume 1, p. 23" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help). - ↑ Corbani e Serina, Text "volume 1, p. 29" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help). - ↑ Corbani e Serina, Text "volume 1, p. 24" ignored (help); Отсутно или празно
|title=
(help). - ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ 13,0 13,1 Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ Празен навод (help).
- ↑ „Ogni maglia una storia: le squadre che hanno cambiato colori“. 7 април 2012. Архивирано од изворникот на 19 август 2014. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ „Atalanta, alla festa della Dea Percassi arriva sul jet militare“. Tuttosport. 23 јули 2014. Архивирано од изворникот на 19 август 2014. Посетено на 16 август 2014. Занемарен непознатиот параметар
|deadlink=
(се препорачува|url-status=
) (help) - ↑ https://www.tuttomercatoweb.com/serie-a/atalanta-i-numeri-per-la-nuova-stagione-muriel-con-la-9-gomez-i-diez-i-1283234
Надворешни врски
Портал „Фудбал“ | |
Портал „Италија“ |
|
|