Ивер

Ивер
Позиција на иверот (бутна коска), означено во црвените делови.
Десен ивер, предна страна.
Податоци
Назнаки
ЛатинскиOs femoris, os longissimum
MeSHA02.835.232.500.247
TAA02.5.04.001
FMAFMA:9611

Иверот (латински: femur) е парна и најдолга коска во човековото тело, позната како бутна коска.

Делови

На иверот се разликуваат:

  • тело (латински: corpus femoris) наликува на тристрана призма, лаковидно извиена во конвекситет нанапред, служи за припојување на одделни мускули на бутот;
  • глава (латински: caput femoris) се спојува со зглобната површина од ацетабулумот на карличната коска;
  • анатомски врат (латински: collum femoris);
  • голема џумка (латински: trochanter major);
  • мала џумка (латински: trochanter minor);
  • два кондила (латински: condylus medialis et lateralis) однапред се споени, а одназад се раздвоени со интеркондиларна јама, долните површини од кондилите се зглобуваат со тибијата, а однапред се зглобуваат со чашката (латински: patella), бочно од кондилите се наоѓа по еден незглобен епикондил.

Мускули

Мускулите во овој дел го поврзуваат горниот крај од иверот со коските од карличниот појас и го поврзуваат иверот со горните краеви од коските на потколеницата:

Зглобови

Зглобовите го поврзуваат скелетот на карлицата со бутот и меѓу себе коските од скелетот на слободниот дел од ногата:

  • зглоб на колкот (латински: articulatio coxae) го поврзува ацетабулумот од карличната коска со главата од бутната коска. Спаѓа во топчести зглобови и во него се вршат сите движења на ногата;
  • зглоб на коленото (латински: articulatio genus) ги спојува кондилите од иверот со кондилите од големата писка, напред е патела, а меѓу зглобните површини се вметнати латерален и медијален менискус, во зглобот се вршат движења на флексија, екстензија и делумна ротација.

Галерија

Надворешни врски