Италија прва дошла во водство со голот на Марко Делвекио во 55-тата минута и тие ја одржувале предноста до последната минута од судиското продолжение на второто полувреме, кога Силван Вилтор со еден низок удар кој минал под рацете на италијанскиот голман Франческо Толдо го изедначил резултатот и го испратил натпреварот во продолженија.[5] Франција дошла до победата малку пред крајот на првото продолжение, кога Робер Пирес по еден одличен соло-продор ја уфрлил топката во шеснаесеттникот на противникот каде ја дочекал Давид Трезеге кој со еден полуволеј ја сместил во мрежата на Италија, постигнувајќи го златниот гол со кој Франција го освоила турнирот.