Хистограм
Во статистиката, хистограм е низа од правоаголници поставени еден до друг во правоаголен координатен систем. Едната страна лежи на x-оската и истата се совпаѓа со интервалот во кој се наоѓаат дел од вредностите на бројчените податоци, а другата страна е со должина еднаква на честотата на бројчените податоци што соодветствува на тој интервал.
Пример
Ако се изврши статистичка анализа на група од 66 луѓе со различни височини, податоците можат да бидат впишени во следнава табела:
|
Од табелата потекнува следниов хистограм: |