Ук (кирилица: оу, ꙋ; глаголица: ) — буква од старословенското писмо. Првибитно била диграф од О и У напишани хоризонтално. За заштеда на простор, таа често се пишувала како вертикална лигатура, а подоцна била заменета едноставно со буквата У.
Преземање од грчки
Хоризонталниот и вертикалниот диграф се позајмени од грчката азбука, која го користи диграфот ου (омикрон-испилон) за /u/ до ден денес, но повеќе не користи вертикална лигатура, која е честа во грчките средновековни текстови.