1290-ти

< 1280-ти 1290-ти 1300-ти >
1290 1291 1292 1293 1294 1295 1296 1297 1298 1299

1290-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1290 година и завршила на 31 декември 1299 година.

Настани

1290

  • Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[1].
  • 1 март - Универзитет Коимбра е основан во Лисабон, Португалија од страна на кралот Денис Португалски.
  • 10 јули - Ладислав IV Унгарски е убиен од тројца кумани.
  • 18 јули - Со издадениот едикт, кралот Едвард I им наредува на сите Евреи (во тоа време најверојатно броеле околу 2.000) да ја напуштат Англија до 1 ноември (Ден на сите светии)[2].
  • 23 јули - Андреј III Унгарски е крунисан во Секешфехервар од Лодомер.
  • 1 август - Основана е Влашка според традиционалната дата.
  • 27 септември - Земјотрес во Чиле во сила од 6,8 степени според Меркалиевата скала, при што загинауваат помеѓу 7.270-100.000 луѓе.
  • На власт во Тавантинсују доаѓа четвртиот Сапа Инка Мајта Капак, наследувајќи го Локе Јупанки.
  • 18 декември - По смртта на Магнус III Шведски, тој е наследен од неговиот 10-годишен син Биргер Магнусон. Иако Шведска е изборна монархија во тоа време, Биргер е назначен за наследник.
  • Декември - Дванаесетте Еленорски крстови се градат помеѓу Линколншир и Лондон во Англија, бидејќи кралот Едвард I ја оплакува смртта на неговата кралица, Елеонора Кастилска.
  • Завршена е изградбата на Ландафската катедрала во Кардиф, Велс, 170 години откако беше започната.
  • Монголската Златна Орда го напаѓа регионот Молдавија.
  • Кралот Денис Португалски донесува акт според кој португалскиот јазик е службен јазик на Португалија, заменувајќи го класичниот латински.
  • Основачката династија на Мамелучкиот Султанат во Делхи е соборена од Џалал уд дин Фируз Калџи.

1291

1292

  • 5 април - Започнуваат Папските избори.
  • 17 ноември - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
  • Султанот на Египет, ел-Ашраф Калил, го напаѓа Ерменско Кралство Киликија.
  • Династијата Исфендијариди е основана во провинцијата Кастамону.

1293

  • 26 мај - Земјотресот во Камакура, Јапонија убива околу 23.000 лица.
  • декември - Султанот на Египет ел-Ашраф Калил е убиен од неговиот регент Бајдара.
  • Кублај-кан испраќа флота на островите во Југоисточна Азија, вклучувајќи ја и Јава.
  • Основано е Царство Маџапахит во Јава.
  • Островот Вајт се продава на кралот на Едвард I од Изабела де Форц, за 6.000 марки.
  • Ќерката на Едвард I, Елеонора, се омажува за Хенри III, гроф од Бар.
  • Данте Алигиери ја комплетира книгата „La Vita Nuova“ (Нов живот).

1294

1295

1296

  • 30 март - Освојување на Берик: Кралот Едвард I го освојува градот Берик како пограничен град со Шкотска. Тој ги убива повеќето од жителите, вклучувајќи ги и оние кои побегнале во црквите.
  • Април 12 - Кралот Мангреј ја основа својата нова престолнина Чијанг Мај и ја основа династијата Манграј, која ќе владее со кралството од 1296 до 1578 година.
  • 27 април - Битка кај Данбар: Шкотските сили се поразени од Едвард I.
  • 20 јули - Умира Џалал Уд Дин Фируз Калџи, владетел на Султанат Делхи, и е наследен од страна на Ала Уд Дин Халџи.
  • Бонифациј Веронски ги истерува Византијците од нивните последни преостанати упоришта на Евбеја.
  • Престанало да постои Војводство Саксонија.
  • Започнува Византиско-венецијанската војна, и трае до 1302 година.
  • Џамијата Ибн Тулун била проширена.
  • За првпат се користи името Црна Гора во прозивот на српскиот крал Стефан Урош II во контекст на регионот околу Скадарско Езеро.[3]
  • Дебелн е освоен од страна на Адолф од Насау.
  • За првпат се споменува селото Битово, Општина Македонски Брод.
  • За првпат се споменува Упланд.
  • За првпат се споменува Гросхенерсдорф.
  • За првпат се споменува Пашки Козјак.

1297

  • 8 јануари - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
  • 3 мај - Во близина на Рим, Стефано Колона го заробува богатството што го испраќа семејството Каетани на папата[4] .
  • 28 август - Едвард I неуспешно ја напаѓа Фландрија.
  • 11 септември - Битката кај Стирлиншки мост: Шкотските војски го поразуваат Кралство Англија.
  • 12 септември - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
  • Кралот Луј IX Светиот е канонизиран.
  • Како дел од договорот од Анањи, царот на Арагон е признаен како владетел на Кралството Сардинија и Корзика од страна на папата, но двата острови остануваат под контрола на Пиза и Џенова.
  • Санремо се продава на семејство Дорија.

1298

1299

  • 24 февруари - Алаудин Калџи, султанот на Делхи ги испраќа своите генерали да го освојат Гуџарат.
  • Април - Шкотите го освојуваат замокот Стирлинг замокот.
  • 27 јули - Осман I го прогласува својот бејлик за независно од Селџуците на Иконискиот Султанат.
  • 31 јули - Пиза и Џенова се согласуваат на триесетгодишно примирје. Дел од договорот го вклучува и крајот на поддршката на Пиза на непријателите на Џенова[8].
  • 1 ноември - Хекон V Норвеши станува крал на Норвешка.
  • 1 декември - Битка за Фалконарија: Фридрих III Сицилиски го поразува Филип I Тарентски.
  • Монголскиот кан започнува поход во Индија со 200.000 војници, но Алаудин Калџи, султанот на Делхи, ги поразува.
  • Кралство Сингапур е основано од принцот Шривиџаја.
  • Изградена е Дивриги џамија.
  • Холандската династија исчезнува. Областа Холандија станува дел од личната заедница со Грофовија Ено.
  • Голем пожар во Вестминстерската палата.
  • Градот Фиренца забранува употреба на арапски броеви за трговија, дозволувајќи ги само римските броеви.

Наводи

  1. Kington, J. Climate and Weather, HarperCollins Publishers, 2010
  2. Mundill, Robin R. (2002). England's Jewish Solution: Experiment and Expulsion, 1262-1290. Cambridge University Press. ISBN 0-521-52026-6. p. 27.
  3. Стара Црна Гора, Јован Ердељановић, 34. стр.
  4. Maire Vigueur, Jean-Claude (2010). L'autre Rome. Une histoire des Romains a l'époque communale (XIIe-XIVe siècle). Paris: Tallandier. стр. 241. ISBN 978-2-84734-719-7. Архивирано од изворникот на March 3, 2012. Посетено на 2012-02-29.
  5. 5,0 5,1 Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. ISBN 0-304-35730-8.
  6. Catoni, Giuliano. „BONSIGNORI“. Dizionario Biografico degli Italiani. Посетено на 20 December 2011.
  7. „Култура – Цркви“. www.visitpelagonia.mk. Архивирано од изворникот на 2010-12-29. Посетено на 2018-09-26.
  8. Cancelleri, J.-A. „Sinucello della Rocca“. Dizionario biografico. Посетено на 20 December 2011.