22 јули
22 јули — 203-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (204-и во престапна година). Остануваат 162 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2025
Настани
1099 | Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство. |
1456 | Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II. |
1894 | Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс. |
1908 | Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници. |
1933 | Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути. |
1948 | Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја. |
1962 | Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира. |
1992 | Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата. |
Родени
356 п.н.е. | Александар III Македонски — една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го поразил огромното Персиско Царство и во своите походи стигнал до Индија. |
1210 | Јована Англиска — кралица на Шкотска. |
1784 | Фридрих Вилхелм Бесел — германски астроном и математичар. |
1822 | Грегор Мендел — австриски ботаничар и генетичар. |
1882 | Едвард Хопер — американски сликар. |
1888 | Селман Ејбрахам Ваксман — американски микробиолог, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година. |
1894 | Оскар Марија Граф — германски писател. |
1916 | Марсел Сердан — француски боксер. |
1941 | Џорџ Клинтон — американски фанк-музичар. |
1944 | Ананд Сатјананд — генерален гувернер на Нов Зеланд. |
1946 | Дени Гловер — американски глумец. |
1946 | Пол Шредер — американски режисер. |
1947 | Дон Хенли — американски поп-рок музичар, член на групата Иглс (Eagles). |
1949 | Ласе Вирен — фински атлетичар. |
1956 | Мајкл Спинкс — американски боксер, поранешен светски првак. |
1969 | Деспина Ванди — грчка пејачка. |
1969 | Данира Билиќ — хрватска и југословенска кошаркарка. |
1983 | Дрис Девенинс — белгиски велосипедист. |
1991 | Кени Елисонд — француски велосипедист. |
1991 | Анте Будимир — хрватски фудбалер. |
1992 | Селена Гомес — американска пејачка. |
1998 | Федерико Валверде — уругвајски фудбалер. |
1998 | Марк Кукуреља — шпански фудбалер. |
2013 | Џорџ Велшки — син на во британскиот престолонаследник Вилијам и принцезата Катерина |
Починале
1461 | Шарл VII Победникот — француски крал. |
1676 | Климент X — римски папа. |
1822 | Наполеон II — француски крал. |
1926 | Фридрих Визер — австриски економист. |
1934 | Џон Дилинџер — американски криминалец. |
1967 | Лајош Касак — унгарски писател и сликар. |
1968 | Павлос Гипарис — грчки офицер. |
1979 | Шандор Кочиш — унгарски фудбалер. |
1990 | Асан Керим — македонски и југословенски политичар . |
Празници
22 јули (празници)