3 век п.н.е.

< 4 век п.н.е. 3 век п.н.е. 2 век п.н.е. >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100

3 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 300 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 201 г. п.н.е. Овој историски период и припаѓа на класичната антика.

Во Средоземното Море, првите неколку децении од овој век се одликуваат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република.[1] Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западното Средоземје.

Во Индија, Ашока управувал со Мауријската империја. Во Тамилакам (јужна Индија), династиите Пандиа, Чола и Чера од класичниот период го доживеале својот подем.[2]

Во Кина, завршувал Периодот на завојуваните држави, откако Џин Ши Хуанг ги освоил другите држави и ја воспоставил краткотрајната Џин династија, која била првата кинеска империја по која во истиот век следела долготрајната Хан династија.[3] На Корејскиот полуостров, започнал протоисторискиот период. Во Монголија, Хунну биле на врвот од својата моќ.

Источната полутопка при крајот на 3 век п.н.е.

Настани

Западното Средоземје во текот на Втората пунска војна. Сино - Картагина, светлосино - сојузници на Картагина, италијански градови кои застанале на страна на Ханибал. Северноиталијански племиња кои застанале на страна на Ханибал се со син фонт. Црвено - Рим, розово - римски сојузници.

290-ти п.н.е.

  • 299 п.н.е.: Самнитите искористиле шанса додека Рим бил ангажиран на Ломбардската низина и ја започнале Третата самнитска војна со платеници од Галија и помошта на нивните сабињански и етрурски сојузници.
  • 298 п.н.е.: Самнитите ги победиле Римјаните под водство на Луциј Корнелиј Скипион Барбат во Битката кај Камерина, која била првата битка од Третата самнитска војна.
  • 293 п.н.е.: Кинеската држава Цин со победата во Битката кај Јик ја намалила заканата од државите Веи и Хан.
  • Римските војски навлегле длабоко во самнитска територија и ги освоиле самнитските градови Тауразија, Бовијан Ветус и Ауфиден.
  • Агатокле, кралот на Сиракуза, Сицилија, им помогнал на италијанските Грци против италското племе Брутијци.
  • Птоломеј I Сотер конечно го довел бунтовниот регион Кирена под своја контрола. Власта ја препуштил на својот посинок Магас.
  • Биндусара го наследил својот татко Чандрагупта Маурија како император на Мауријанската империја.
  • Бил изграден театарот во Епидаур (со подоцнежни додатоци).
Мапа на Мауријската империја, каде се прикажани поголемите градови, рани будистички места, указите на Ашока итн.

280-ти п.н.е.

Мапа на Кина во Периодот на завојуваните држави (260 г. п.н.е.)

270-ти п.н.е.

Кинеската војска од теракота пронајдена во гробницата на Чин Ше Хуанг, првиот цар на обединета Кина.

260-ти п.н.е.

250-ти п.н.е.

  • 258 п.н.е.: Ан Донг Вонг ја урнал династијата Хонг Банг во Виетнам.
  • 257 п.н.е.: Династијата Тајц го освоила Виетнам.

240-ти п.н.е.

230-ти п.н.е.

  • 230 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Хан.
  • 230 п.н.е.: Симука прогласил независност од власта на Мауријанците и ја основал Сатавахана империјата.

220-ти п.н.е.

  • 229 п.н.е.: Првата илирска војна завршува со победа на Римјаните.
  • 229 п.н.е.: Последните тирани на Пелопонез абдицирале, Аргос се приклучил на Ахајскиот сојуз, а Атина била ослободена од македонскиот гарнизон.
  • 227 п.н.е.: Обидот за атентат на Јин Ченг, кралот на државата Цин, од страна на Џинг Ке од Јан бил неуспешен.
  • 225 п.н.е.: Римјаните во Битката кај Теламон ја победиле голема галска армија.
  • 225 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Веи.
  • 223 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Чу.
  • 222 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Јан и Жао.
  • 222 п.н.е.: Со поразот на Спарта во Битката кај Селасија завршила Клеоменовата војна.
  • 221 п.н.е.: Со освојувањето на државата Чи, Чин Ше Хуанг ја обединил цела Кина во една империја во која бил вклучен и северен Виетнам, формирајќи ја династијата Цин.

210-ти п.н.е.

200-ти п.н.е.

  • 208 п.н.е.: Чеу Ву Де го победил виетнамскиот крал Ан Донг Вонг.
  • 207 п.н.е.: Чеу Ву Де ја основал Чеу династија во Виетнам.
  • 206 п.н.е. - 202 п.н.е.: Граѓанска војна меѓу бунтовниците Чу и Хан во Кина по падот на династијата Цин.
  • 202 п.н.е.: Римјани ја поразиле Картагина, со што завршила Втората пунска војна. Картагина ги изгубила сите свои територии освен главниот град, а Римјаните и наметнале тешки репарации.
  • Индиски трговци редовно ја посетувале Арабија.
  • Скитите го окупирале Согдијана, во денешен Узбекистан.
  • Била основана кинеската Хан династија (202 п.н.е. - 220 н.е.).

Личности

Политика и влада

Селевк I Победникот
Птоломеј I Сотер
Златна пара со ликот на птоломејската кралица Арсиноја II
Ханибал Барка
Чин Ши Хуанг, првиот цар на обединета Кина
Грчкиот филозоф Зенон
Ератостен
  • Апиј Клавдиј Цек, римски државник
  • Арат од Сикион, грчки државник
  • Арсиноја II, птоломејска кралица и совладетел на Египет
  • Ашока, мауријски владетел на Индија
  • Бај Ци, кинески генерал
  • Биндусара, владетел на Мауријската империја
  • Ванг Џианг, кинески генерал
  • Гау Цеу, кинески цар и основач на Хан династијата
  • Гај Латуциј Катул, римски генерал
  • Диодот I, прв владетел на Грчко-бактријско кралство
  • Занг Лиан, кинески стратег и државник
  • Илемчетчениј, владетел на јужна Индија
  • Квинт Фабиј Максим Верукос, римски генерал и политичар
  • Ксантип од Картагина, грчки генерал
  • Ксијан Јуи, кинески бунтовнички генерал против династијата Цин
  • Лиан По, кинески генерал
  • Ли Бинг, кинески администратор и инженер
  • Ли Му, кинески генерал
  • Ли Си, кинески канцелар на Цин династијата
  • Лу Бувеи, кинески трговец и канцелар на династијата Цин
  • Лин Ксијангру, кинески политичар
  • Магон Барка, картагински генерал
  • Маниј Куриј Дентат, римски генерал
  • Марко Атилиј Регул, римски генерал
  • Марко Клавдиј Марцел, римски генерал
  • Марко Порциј Катон Постариот, римски државник и писател
  • Масиниса, крал на Нумидија
  • Мен Тиан, кинески генерал
  • Маудун, поглавар на Хунну
  • Птоломеј I, фараон на Египет
  • Птоломеј II, фараон на Египет
  • Пир Епирски, крал на Епир
  • Публиј Корнелиј Скипион Африканец, римски генерал и политичар
  • Сјао Хе, кинески државник и канцелар на династијата Хан
  • Филип V Македонски, крал на Македонија
  • Хамилкар Барка, картагински генерал и политичар
  • Хан Ксин, кинески генерал
  • Ханибал Барка, картагински генерал и политичар
  • Ханон II Велики, картагински политичар
  • Хаздрубал Барка, картагински генерал
  • Чеу Ву Де, кинески воен командант кој го покорил виетнамското кралство Ау Лак
  • Џаосјан-ван, кинески крал на државата Цин

Литература

  • Аполониј од Родос, грчки поет
  • Арат од Солиј, грчки поет
  • Гнеј Невиј, римски поет
  • Калимах, грчки поет и критичар
  • Менандар, грчки комедиограф
  • Менип, грчки сатиричар
  • Плавт, најпознатиот писател на комедии во римската книжевност
  • Сун Јуј, кинески поет
  • Теокрит, грчки поет
  • Ќи Јуен, кинески книжевник и државник

Наука и филозофија

  • Аполониј од Пергам, грчки математичар
  • Аркесилај, грчки филозоф
  • Архимед, грчки математичар, физичар и инженер
  • Аристрах од Самос, грчки астроном и математичар
  • Аристил, грчки астроном
  • Берос, хеленистичко-вавилонски историчар и астроном
  • Деметриј од Фалерон, грчки филозоф и оратор
  • Дикеарх, грчки филозоф и научник
  • Епикур, грчки филозоф
  • Ератостен, грчки математичар, географ и астроном
  • Евклид, грчки математичар, геометар
  • Зенодот, грчки граматичар и книжевник
  • Зенон од Китиум, грчки филозоф и основач на стоичката филозофија
  • Конон од Самос, грчки астроном
  • Манетон, хеленистичко-египетски историчар
  • Менг-Це, кинески филозоф
  • Пирон, грчки филозоф
  • Сјин-це, кинески конфуцијански филозоф
  • Теофраст, грчки филозоф
  • Тимон од Флиунт, грчки филозоф
  • Филон од Византион, грчки физичар и инженер
  • Хан Феј, кинески филозоф

Откритија

Анимација на функционирањето на Архимедовиот навој
  • Ератостен точно го пресметал пречникот на Земјата со камили и сенки.
  • Играта Го (или Веиќи), која е мислена, стратегиска игра станува длабоко вкоренета во кинеската култура, а се смета дека потекнува уште од II милениум п.н.е.
  • Во 293 г. п.н.е. бил пронајден првиот римски сончев часовник.
  • Архимедов навој била пумпа која се користела за подигање на течности на повисоко ниво
  • Бил пронајден музичкиот инструмент хидраулис, кој е претходник на оргулите, од страна на Ктесибиј, грчки инженер кој работел во Александрија.
  • Кинескиот царот Хан Гаоџу открил елабориран механички куклен театар во ризницата на претходниот владетел Чин Ше Хуанг.
  • Огромниот Ду Цејанг Јан систем за наводнување во Кина бил изграден од Ли Бин во кинеската провинција Сечуан, во 256 г. п.н.е.
  • Била изградена гробницата „Гробот на мирот“ во Черветери.
  • Кинеската свила за првпат стигнала на европскиот пазар.
  • Армиларни сфери, стара астрономска направа за мерење на координати на небесните тела, се користела како наставна алатка по астрономија.

Наводи

  1. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 180–202.
  2. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 299–306.
  3. Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.