5 септември
5 септември — 248-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (249-и во престапна година). Остануваат 117 денови до крајот на годината. Предлошка:Септември 2025
Настани:
1600 | Со повелба на кралицата Елизабета I е основана Источноиндиската компанија, со што беа удрени темелите на англиското колонијално владеење. |
1774 | Првиот континентален конгрес се собира во Филаделфија, Пенсилванија. |
1800 | Малта е освоена од Велика Британија. |
1914 | Прва светска војна: Почнува Првата битка на Марна. Североисточно од Париз, Французите напаѓаат и поразуваат германски сили кои напредуваат кон главниот град. |
1939 | Втора светска војна: САД прогласува неутралност во војната. |
1948 | Робер Шуман станува премиер на Франција. |
1977 | Сондата „Војаџер 1“ лансирана по мало задоцнување. На сондата е испратена златна плоча со снимки и симболи со кои им се претставува Земјата на потенцијалните вонземски цивилизации кои би наишле на неа. |
1992 | Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години. |
2011 | Пуштена втората верзија на Енциклопедијата на живиот свет. |
Родени:
1187 | Луј VIII — крал на Франција. |
1638 | Луј XIV — крал на Франција и Навара. |
1568 | Томазо Кампанела — италијански филозоф. |
1585 | Арман Жан ди Плеси Ришелје — француски државник, кардинал, прв министер на Луј XIII. |
1704 | Морис Кантен де Ла Тур — француски сликар. |
1750 | Роберт Фергусон — шкотски поет. |
1774 | Каспар Давид Фридрих — германски сликар. |
1847 | Џеси Џејмс — американски отпадник. |
1881 | Ото Бауер — австриски социјалдемоктратски политичар. |
1912 | Џон Кејџ — американски композитор, теоретичар и писател. |
1919 | Владо Малески — македонски револуционер, општествено-политички работник и писател. |
1929 | Андријан Николаев — советски космонаут. |
1942 | Вернер Херцог — германски режисер. |
1946 | Фреди Меркјури — британски рок пејач, член на групата „Квин“ (The Queen). |
1947 | Бади Мајлс — американски рок и фанк тапанар. |
1951 | Паул Брајтнер — германски фудбалер. |
1951 | Мајкл Китон — американски глумец. |
1959 | Рефет Елмази — македонски политичар. |
1963 | Кристиан Алфонсо — американска глумица. |
1966 | Милинко Пантиќ — српски фудбалер и тренер. |
1967 | Матијас Замер — германски фудбалер. |
1967 | Никола Којо — српски глумец и режисер. |
1973 | Роуз Мекгауан — американска глумица од италијанско потекло. |
1981 | Дру Картер — американски рагби играч. |
1981 | Даниел Морено — шпански велосипедист. |
1984 | Руслан Нахушев — руски фудбалер. |
1984 | Крис Анкер Серенсен — дански велосипедист. |
1992 | Александар Трајковски — македонски фудбалер. |
2001 | Букајо Сака — англиски фудбалер. |
Починале:
1566 | Сулејман Величествениот — отомански султан. |
1629 | Доменико Алегри — италијански композитор. |
1808 | Џон Хоум — шкотски писател. |
1906 | Лудвиг Болцман — австриски физичар. |
1920 | Роберт Харон — американски глумец. |
1926 | Карл Харер — германски новинар. |
1961 | Алексо Демниевски - Бауман — македонски борец во Шпанската граѓанска војна и во НОВ на Македонија. |
1988 | Петар Ширилов — македонски писател и литературен критичар |
1990 | Ванчо Михајлов — раководител на ВМРО. |
1994 | Ајк Вилијамс — американски боксер. |
1997 | Мајка Тереза — католичка калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица. |
2017 | Холгер Шукај — германски рок-музичар. |
2021 | Сара Хардинг — англиска пејачка, глумица и манекенка. |