Pro Evolution Soccer

Pro Evolution Soccer

Изработувач(и) Konami
Издавач(и) Konami
Дизајнер(и) Мичиру Јамане
Нориказу Миура
Серијал Pro Evolution Soccer
Подлоги PlayStation 2, PlayStation
Датум на издавање PlayStation 2
23 ноември 2001
PlayStation
15 февруари 2002
Жанр(ови) Спортски игри
Режим(и) Single player, Multiplayer

Pro Evolution Soccer (во Јапонија, или во САД World Soccer Winning Eleven 5) е видеоигра со фудбал дизајнирана и објавена од страна на Konami на 23 ноември 2001.

Таа е прво издание од серијалот игри Pro Evolution Soccer.

Екипи

Оваа видеоигра содржи 85 екипи, вклучувајќи 53 репрезентации и 32 клубови.

Репрезентации

Клубови

Во видео играта, некои клубови имаат измислени имиња. Во заграда се вистинските имиња.

Стадиони

Во играта има 8 стадиони со измислени имиња:

  • Италија Ломбарди Колусеум (Сан Сиро)
  • Шпанија Каталонија Стедиум (Камп Ноу)
  • Англија Норт-Ист Стедиум (Хајбери)
  • Холандија Оринџ Арена (Амстердам арена)
  • Германија Минхен Стедиум (Олимписки стадион)
  • Монако Монте Карло Стедиум (Стадион Луј Втори)
  • Азија Стедиум
  • Интернешнл Стедиум

Режим на игра

  • Режим на игра: егзибициски натпревар помеѓу две репрезентации или клубови
  • Ол-стар натпревар: натпревар меѓу најдобрите играчи во Европа против најдобрите играчи во Остатокот од Светот
  • Натпревар на пенали: две репрезентации или клубови се предизвикуваат едни против други на пенали
  • Првенство/Турнир: првенство во група со 16 репрезентации каде се игра еднократно или двокружно
  • Интерконтинентален куп: 32 тимови се поделени во 8 групи А-Х; првите две одат во фаза на нокаут;
  • Европско првенство: 16 Европските репрезентации се поделени во 4 групи A-Д; првите две одат во фаза на нокаут;
  • Куп на Африка: шестте африкански екипи (Мароко, Тунис, Египет, Нигерија, Камерун, Јужна Африка) се натпреваруваат во нокаут-турнир;
  • Копа Америка: 10 американски екипи (САД, Мексико, Јамајка, Колумбија, Бразил, Перу, Чиле, Парагвај, Уругвај, Аргентина) се натпреваруваат во нокаут-турнир;
  • Азиски куп: 5 азиски екипи (Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Иран, Саудиска Арабија) и една екипа од Океанија (Австралија) се натпреваруваат во нокаут-турнир;
  • Куп Konami: од 3 до 16 државни репрезентации се натпреваруваат во едно коло или во нокаут-турнирот;
  • Мастер лига: лига поделена во две серии од 16 клупски екипи во кои е можно да се набават играчите да бидат распоредени;
  • Тренинг режим.

Поврзано

  • Pro Evolution Soccer (серија)
  • Konami

Надворешни врски