Џон Страт
Џон Страт | |
---|---|
Џон Страт | |
Роден(а) | 12 ноември 1842 Лангфорд Гроув, Обединето Кралство |
Починал(а) | 30 јуни 1919. Терлинг Плејс, Обединето Кралство |
Националност | Обединето Кралство |
Полиња | физика |
Докторанди | Џ. Џ. Томсон Џорџ Паџет Томсон Џагдиш Чандра Бозе |
Познат по | Октривањето на аргонот Рејлиеви бранови Рејлиево расејување Рејлиев критериум Интераурална временска разлика Теорија на звукот Рејлиев тек |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1904) |
Џон Страт, полно име: Џон Вилијам Страт, трет Барон Рејли (англиски: John William Strutt, 3rd Baron Rayleigh; 12 ноември 1842 - 30 јули 1919) — англиски физичар, кој заедно со Вилијам Ремзи, го откриле аргонот, што е достигнување за кое ја добил Нобеловата награда за физика во 1904 година. Тој исто така го има откриено феноменот што се нарекува Рејлиево расејување, со кој може да се објасни зошто небото е сино и го предвидел постоењето на површинските бранови, денес познати како Рајлиеви бранови. Рејлиевата книга, Теоријата на звук е сè уште во употреба и денес од страна на акустичарите.
Животопис
Џон Страт страдал од слабост и лоша здравствена состојба во неговата младост.[1] Тој се образувал во училиштето „Хароу“, пред да го продолжи образованието на Кембричкиот универзитет во 1861 година каде што студирал на колеџот Тринити. Се стекнал со диплома истиот и бил добитник на првата Смитова награда во 1865 година и магистерирал во 1868.[2] Тој подоцна е избран за член на друштвото Тринити. Тој бил на оваа функција сè до неговиот брак со Евелин Балфур во 1871 година, ќерка на Џејмс Балфур. Тој имал 3 сина. Во 1873 по смртта на својот татко го наследил баронството на Рејли.[3]
Тој бил и втор професор „Кевендиш“ по физика на Кембричкиот универзитет (по Џејмс Кларк Максвел), од 1879 година до 1884 година. Тој прв го опиша динамичкиот лет на морските птици во 1883 година, во британското списание Nature. Од 1887 до 1904 година бил професор по природна филозофија на Кембрич.
Околу 1900 година Рејли ја развил дојната теорија за локализација со употреба на човековиот звук со помош на два бинаурални ритми, меѓуушна временска разлика (МВР) и звучна разлика (ЗР). Теоријата претпоставува дека луѓето користат два основни ритми за звучна латерализација, со помош на разликата во фазите на синусоидните компоненти на звукот и разликата во амплитудата меѓу двете уши.
Во 1919 година, Рејли бил претседател на Здружението за психички истражувања.[4]
Рајл е единицата за акустична импеданса и е именувана во негова чест.
Како застапник дека едноставноста и теоријата требале да бидат дел од научниот метод, Рејли се залагал за принципот на сличност. Тој бил избран за соработник на Кралското друштво на 12 јуни 1873 година и бил претседател на Кралското друштво од 1905 до 1908. Од време на време учествувал во Домот на лордовите, но се вклучувал да говори само ако политиката била вклучена во науката. Починал на 30 јуни 1919 година, Витам.[3] Тој бил наследен од својот син Роберт Страт, кој исто така бил познат физичар.
Освоени награди
Кратерите на Марс и Месечината се именуван во негова чест, како и видот на површински бран наречен Рејлиев бран. Астероидот 22740 Рејли е именуван во негова чест на 1 јуни 2007 година.[5] Рејл, единицата за акустична импеданса, е именувана во негова чест.
- Смитова награда (1864)
- Кралски медал (1882)
- Матеучиев медал (1894)
- Член на Кралската шведска академија на науките (1897)
- Коплиев медал (1899)
- Орден за заслуги (1902)
- Нобелова награда за физика (1904)
- Елиот Кресонов медал (1913)
- Рамфордов медал (1914)
Библиографија
- The Theory of Sound vol. I (London : Macmillan, 1877, 1894) (alternative link: Bibliothèque Nationale de France OR (Cambridge: University Press, reissued 2011, ISBN 978-1-108-03220-9)
- The Theory of Sound vol.II (London : Macmillan, 1878, 1896) (alternative link: Bibliothèque Nationale de France) OR (Cambridge: University Press, reissued 2011, ISBN 978-1-108-03221-6)
- Scientific papers (Vol. 1: 1869–1881) (Cambridge : University Press, 1899–1920, reissued by the publisher 2011, ISBN 978-0-511-70396-6)
- Scientific papers (Vol. 2: 1881–1887) (Cambridge : University Press, 1899–1920, reissued by the publisher 2011, ISBN 978-0-511-70397-3)
- Scientific papers (Vol. 3: 1887–1892) (Cambridge : University Press, 1899–1920, reissued by the publisher 2011, ISBN 978-0-511-70398-0)
- Scientific papers (Vol. 4: 1892–1901) (Cambridge : University Press, 1899–1920, reissued by the publisher 2011, ISBN 978-0-511-70399-7)
- Scientific papers (Vol. 5: 1902–1910) (Cambridge : University Press, 1899–1920, reissued by the publisher 2011, ISBN 978-0-511-70400-0)
- Scientific papers (Vol. 6: 1911–1919) (Cambridge : University Press, 1899–1920, reissued by the publisher 2011, ISBN 978-0-511-70401-7)
Поврзано
- Рејлиев број
- Рејлиево растојание
- Рејл
- Рејли-Џинсов закон
- Рејлиев закон
- Рејли-Брејсови опити
Наводи
- ↑ „Sketch of Lord Rayleigh“. The Popular Science Monthly. Bonnier Corporation. 25 (46): 840 ff. October 1884.
- ↑ „Strutt, the Hon. John William (STRT861JW)“. A Cambridge Alumni Database. University of Cambridge.
- ↑ 3,0 3,1 „Lord Rayleigh: The Nobel Prize in Physics 1904“. The Nobel Foundation. 1904. Посетено на 2010-05-05.
- ↑ „Past Presidents“. Society for Psychical Research. Архивирано од изворникот на 2015-02-23. Посетено на 19 November 2014.
- ↑ Jet Propulsion Laboratory (2008). „JPL Small-Body Database Browser: 22740 Rayleigh (1998 SX146)“. NASA. Посетено на 2008-07-23.
Надворешни врски
- About John William Strutt
- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Џон Страт“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- Lord Rayleigh - the Last of the Great Victorian Polymaths, GEC Review, Volume 7, No. 3, 1992 Архивирано на 11 април 2013 г.
- Дела од или за Џон Страт на Семрежниот архив
- Дела од Џон Страт на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
|
|
|