Безвучната преднонепчена избувна согласка (безвучен палатален плозив) — вид на согласен глас кој се јавува во некои јазици. Симболот за овој глас по МФА е c, а неговиот еквивалентен симбол по X-SAMPA е c.
Македонскиот и унгарскиот се едни од многу ретките јазици со вистински палатални плозиви. На македонски овој глас се бележи со буквата „ќ“. На унгарски се бележи со групата ty, а на албански со q.
Особености
Безвучната преднонепчена избувна согласка ги има следниве особености:
Начинот на творба е препречен, што значи дека се добива со попречување на воздушниот тек во говорниот апарат. Бидејќи согласката е воедно и усна, без носен испуст, воздушниот тек е сосема попречен, па затоа согласката е избувна.
Фонацијата е безвучна, што значи дека се создава без треперење на гласните жици. Во некои јазици, гласните жици активно се одвојуваат, така што согласката е секогаш безвучна. Во други пак, жиците се лабави, па така согласката може да ја поприми звучноста на соседните гласови.
Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Recasens, Daniel & Aina Espinosa (2005), "Articulatory, positional and coarticulatory characteristics for clear /l/ and dark /l/: evidence from two Catalan dialects", Journal of the International Phonetic Association35 (1): 1-25