Жорж Шарпак

Жорж Шарпак
Роден(а)1 август 1924(1924-08-01)
Дабровица, Полска
Починал(а)29 септември 2010(2010-09-29) (возр. 86)
Париз, Франција
ДржавјанствоФранција
НационалностПолјак
французин
ПолињаФизика
ОбразованиеШкола за рударство
Познат поПовеќежичана пропорционална комора
Поважни наградиНобелова награда за физика, 1992
СопружникДоминика Видал (о. 1953, 3 деца)

Жорж Шарпак (француски: Georges Charpak; 1 август 1924[1]29 септември 2010) — полско-француски физичар кој потекнува од семејство на полски евреи и е награден со Нобелова награда за физика во 1992 година.[2][3][4]

Живот

Шарпак е роден во Полска во еврејско семејство, како дете на Ана и Морис Шарпак, во селото Дабровица. Шарпаковото семејство се преселило од Полска во Париз кога тој имал 7 години, започнувајќи со своите студии по математика во 1941 година во лицејот „Свети Луј“.[5]

За време на Втората светска војна Шарпак се придружил на отпорот и бил заробен од Вишиевските авторитети во 1943 година. Во 1944 година тој бил депортиран во нацстички концентрациониот логор во „Дахау“, каде останал сè до ослободувањето на кампот во 1945 година.

По подготвителните студии на лицејот „Свети Луј“ во Париз и подоцна во лицејот „Жофр“ во Монтепелје,[6] тој се запишал во 1945 година на париската Школа за рударство, едно од најпрестижните инженерски училишта во Франција. Наредната година станал француски граѓанин. Дипломирал во 1948 година, стекнувајќи се со диплома за рударски инженер станувајќи ученик во лабораторијата на Фредерик Жолио – Кири при Францускиот колеџ во 1949 година,[5][7] годината кога Кири ја раководел изградбата на првиот „атомски стог“ во франција.[8] Додека бил на колеџот , Шарпак си обезбедил истражувачка позиција[5] во национлниот центар за научно истражување (CNRS). Тој се стекнал со докторска титула во 1954 година[9] од одделот јадрена физика при Францускиот колеџ, отакао ја напишал тезата со тема многу мало зрачење при распадот на јадрото (Шарпак и Сузор).[5][10][11]

Во 1959 година, тој започнал да работи во CERN во Женева. Тука тој ја измислил и развил,[12][13] Повеќежичаната пропорционална комора. Комората била патентирана и набрзо ги надминала првичните меурни комори, обезбедувајќи побрза обработка на податоците.[14][15] Ова ново откритие било јавно прикажано во 1968 година.[16] Шарпак подоцна ќе стане содружен пронаоѓач со Нгок и Поликарпо на сцинтилационата жичена комора при крајот на 1970-ите.[17] Тој се пензионирал од ЦЕРн во 1991 година. Во 1980 година, Шарпак станал професор на Школата за физичка и хемиска индустрија во Париз и работел таму сè до 1984 година. Тука тој ги развил и покжал моќните примени на детекторите на честички кои тој ги измислил, најчесто за подобрување на здравствената дијагностика. Тој бил соосновач и на многу нови претпријатија во полето на медицината како што се: Лаборатории за молекулски погони, Биоспејс инструментс и суперсоник имаџин – заедно со Матијас Финк. Тој бил избран за член на Француската акаемија на науките на 20 мај 1985 година.

Шарпак бил награден со Нобелова анграда за физка во 1992 година „за исмислувањето и создавањето на честичните детектори, особено за повеќежичаната пропорционална комора“, во соработка со Вишата школа за физичка и хемиска индустрија во Париз и ЦЕРН. Ова било последен пат само едно лице да биде наградено со Нобелова награда за физика. Во март 2001 година Шарпак се стекнал со почесна диплома од Андскиот универзитет во Богота, Колумбија.[18]

Во Франција, Шарпак се залагал за употреба на јадрената енергија. Тој бил и член на одборот на спонзори на билтенот на атомските научници.[19]

ШАрпак се оженил со Доминика Видал во 1953 година. Тие имале 3 деца.[20]

Објавени дела

Книги

  • La vie à fil tendu, соавтор Доминик Саудино (1993 Одил Жакоб, ISBN 2-7381-0214-X)
  • Devenez sorciers, devenez savants, соавтор Анри Брох (Одил Жакоб, ISBN 90-5814-005-9). Објавен ана англиски со наслов "Debunked!" од страна на Johns Hopkins University Press.

Технички извештаи

Наводи

  1. Martin, Douglas (2 October 2010). „Georges Charpak, Physics Nobel Winner, Dies at 86“. New York Times. In a speech last year, Dr. Charpak (pronounced shahr-PUCK) said he was born on March 8, 1924, not Aug. 1 as officially recorded.
  2. French Nobel physics laureate Georges Charpak dies at 86 Архивирано на 10 декември 2019 г. Earthtimes. 30 September 2010. Retrieved 30 September 2010
  3. doi:10.1038/4671048a
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. „Georges Charpak: Nobel Physics Prize 1992“. CERN Courier. 32 (10): 1–6. December 1992.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 CERN Scientific Information Service - Archive. CERN. Архивирано од изворникот на 2012-02-14. Посетено на 2012-01-29.
  6. "Tribulations d’un immigré d’Europe centrale, Georges Charpak" Архивирано на 24 март 2012 г. on Lycée Joffre website (француски)
  7. Georges Charpak - Research on particle imaging detectors - 650 pages Volume 6 of World Scientific series in 20th century physics World Scientific, 1995 29 Jan 2012 ISBN 981-02-1902-4
  8. "Frédéric Joliot - Biography". Nobelprize.org. 29 Jan 2012 + [ atomic pile = fi Архивирано на 26 јануари 2012 г. + anl Архивирано на 18 февруари 2012 г. + us[мртва врска] ]
  9. Charpak, G.; Chemia, M. - 1954 Jun 01 - Charpak, G.; Suzor, F. - 1954 May 01 Retrieved 2012-01-29
  10. STUDY OF THE PERIOD OF THE 57 KEV LEVEL ASSOCIATED WITH THE DISINTEGRATION OF MTh4 24 - Suzor, F.; Charpak, G. 1954 Oct 01 - Journal de Physique et le Radium (France) Changed to J. Phys. (Orsay, Fr.); Journal Volume: Vol: 15; Other Information: Orig. Receipt Date: 31-DEC-55 4358283 - Retrieved 2012-01-29 see also : Isotopes of actinium228Ac = (Actinium 228)
  11. F.Suzor et G.Charpak 1959 (June) Study of the electrons and X-rays of autoionisation with Beta radiation of Isotopes of Prometheum 147 - archive
  12. Department of Energy (DOE) Research and Development (R&D) Accomplishments - osti.gov Retrieved 2012-01-29
  13. Title: Investigation of some properties of multiwire proportional chambers Author: R. Bouclier, G. Charpak, Z. Dimčovski, G. Fischer, F. Sauli, G. Coignet, G. Flügge Publication:Nuclear Instruments and Methods Publisher:Elsevier Date:1 November 1970 Copyright © 1970, Elsevier 0029554X70908724 Retrieved 2012-01-29
  14. Giomataris, Ioannis (December 2010). „Georges Charpak-a true man of science“. CERN Courier. 50 (10): 33–36.
  15. Catapano, Paola (March 2009). „Georges Charpak: hardwired for science“. CERN Courier. 42 (2): 24–28.
  16. IEEEieeeghn Retrieved 2012-01-29
  17. Elena април, Aleksey E. Bolotnikov, Alexander I. Bolozdynya, Tadayoshi Doke - Noble Gas Detectors - 362 pages John Wiley & Sons, 28 May 2007 (Google eBook) Retrieved 2012-01-29 ISBN 3-527-60963-6
  18. Universidad de los Andes Reglamentación del Doctorado Honoris Causa Архивирано на 7 јули 2011 г.. Approved 2 December 2009. Retrieved 20 November 2010
  19. Bulletin of the Atomic Scientists: Board of Sponsors Архивирано на 20 април 2009 г.. Thebulletin.org. Посетено на 2011-07-04.
  20. Maugh II, Thomas H. (October 8, 2010). „Georges Charpak dies at 86; French physicist won Nobel Prize“. Los Angeles Times.

Надворешни врски