Заштитен статус

Златната жаба, последен пат е снименa на 15 мај 1989 година

Заштитен статус или статус на загрозеност на одреден вид — поим што се користи како индикатор за можноста тој вид да изумре во блиска или подалечна иднина.

Глобални системи

Црвениот список на МСЗП е најпознат список на загрозени видови. Според МСЗП (или IUCN) таксоните спаѓаат во некоја од следниве категории:

Постојат и две додатни МСЗП категории:

  • DD — Видови со недоволно податоци за загрозеноста (англ. Data deficient)
  • NE — Непроценети видови, или не се проверениспоред IUCN критериуми (англ. Not evaluated)


Според организацијата NatureServe постојат следниве категории[1]:

  • Претпоставено изумрени (Presumed Extinct, GX)
  • Можеби изумрени (Possibly Extinct, GH)
  • Критично загрозени (Critically Imperiled, G1)
  • Загрозени (Imperiled, G2)
  • Ранливи (Vulnerable, G3)
  • Се чини безбедни (Apparently Secure, G4) и
  • Безбедни (Secure, G5)

Овој систем содржи и двосмислени и непотполно одредени категории од типот на Неточно одреден број на едники (Inexact numeric ranks) и меѓукатегории од типот на G2G3 кога не може точно да се одреди соодветната категорија. Во овој систем исто така постои исказот: само во заробеништво или под надзор на човекот, кој има слично значење како и IUCN категоријата: изумрени во дивината (Extinct in the Wild, EW).

Во Руската Федерација во оваа смисла постои таканаречена Црвена книга на Руската Федерација.

Наводи

  1. „ИнфоПрирода: Статус на загрозеност“. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2008-12-30.